Колумна: Извини, немам време!

Kokakolicar Eden Nizaeden

Активен Член
17 мај 2012
81
150
33
Од многуте фрази во мојот вокабулар, особено меѓу оние бесмислените, една од најчесто употребуваните е токму оваа, „Немам време“, па затоа морам да посветам неколку збора токму на неа и на нејзината употреба.

Колку тоа јас навистина немам време? Колку од можните 24 часа јас навистина искористувам? Што всушност се подразбира под „немам време“? Во ова текстче би сакал да ги елаборирам токму овие прашања.
24 часа, 7 дена во неделата, ќе си рече човек „што толку обврски има детево на негови години, па што нема време за се?“. Ееее тоа да видиш, што е тоа што ми го арчи времето? Епа тука лежи зајакот. Реално, НИШТО! Но тоа „ништо“ е многу релативна работа. Под „ништо“ спаѓаат многу работи, за кого-како.
Дневните обврски што навистина постојат се одење на факултет, слушање предавања и враќање од факултет, не дека чувствувам некоја голема облигација да го сторам ова, но ете, ајде, обврска си е. Да работам, не работам, да имам деца за чување, немам, издржување на изнемоштени лица, скраја било, ни тоа.. Па кај ми оди времето? На што ги трошам тие секојдневно „подарени“ 24 часа?

Епа не бивало ако јас не „потрошам“ минимум 11 часа на спиење, колку и да сум свесен дека спиењето е чисто губење време, ама онака апла безвезно губење време, не можам да си помогнам. Не е дека мене ми се допаѓа тоа, но навистина немам контрола. Кога сме кај тоа, оваа прилика ќе ја искористам да пратам еден апел до драгите и почитувани научници и научничиња, што е можно побрзо да измислат уред со кои би се контролирало спиењето како и времетраењето на истото. Однапред ви благодарам!

И ете така 11 часа, изгубени! На располагање има уште 13, па не се малце, со добра организација, има време за се….демек! Или јас сум тотално неорганизиран или фразава е „бабини деветини“. Па како во тие 13 часа да јадам три, четири пати, а да не зборам колку време се губи на набавка и подготовка на храната, потоа, да испијам четири, пет кафиња, повторно се губи време на подготовка или нарачка на истите, треба ли да изгледам две, три епизоди од мојата омилена психопатска серија, да ги ислушам предавањата на моите дома дека алиштата ми биле насекаде, дека пак сум насобрал чаши во соба, дека очите ќе ми се расипат од компјутерот и слично. Не сфаќам како сеуште не можат да разберат? Јас целиот во „фрка“ дека сеуште не сум спремен, а веќе каснам бидејќи морав да видам дали Декстер ќе го „среди“ типот, мајка ми ми „запнала“ да си ги средам алиштата. И никако да сфати дека имам договорено кафе и дека нема смисла луѓето да ме чекаат бидејќи мене ми текнало да си ги средувам алиштата. Кај нон-стоп каснам и презакажувам поради моиве „обврски“, па уште и дополнителни ми фалат. И нормално, доаѓа до „излетување“ низ врата со зборовите „извини, немам време!“, епа ако имаат они време слободно нека се занимаваат со моите алишта, јас стварно немам време за нив!

Што е уште потрагично, се случува понекогаш да „немам време“ да се видам со некој, да испијам едно кафе. Е тоа е многу чудна работа. Како доаѓа до тоа ни сам не можам да се изначудам. Да немам време да одам на предавања, да разберам, но да немам време да пијам кафе со некој? До душа некако најбаран сум пред колоквиуми, некако тогаш сите добиваат желба да ме видат, а кога највеќе треба, нигде ги нема, пустош!

Често, фразата „немам време“ се користи и како замена за „ме мрзи“. Едноставно нели ако кажете „ме мрзи“ по автоматизам ви се додаваат епитетите, мрзлив, бескорисен, ленчуга и слично, па затоа многу по фино е да речете дека немате време, не дека ве мрзи, вие без проблем би го сториле тоа, но за жал ете немате време. На пример, не дека мене ме мрзи и ми е проблем да си ги завршам домашните обврски, едноставно во моментот навистина немам време за нив.

Можам јас вака да си „разглабам“ до утре, дополнителни часови нема да добијам, но барем си ја кажав маката. Па кога ќе размислам подобро и да ми се дадат и дополнителни часови, единствено што ќе се зголемат оброците, кафињата и часовите за спиење. Дневна продуктивност од моја страна, минимална. Што да ми правиш, мрза, ама ајде, млад сум, ќе ми се прости.

Би допишал уште нешто, но стварно немам време.

Извор: http://hajdpark.mk/izvini-nemam-vreme/
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Марија and Aaliyah

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,024
9,655
1,683
Normandy
таман сакав да кажам мислење за одново воведување на воен рок, ти самиот си призна дека всушност многу време трошиш на безвеза ствари. Искрено ако порано можеле луѓето да завршуваат факс, во меѓувреме да работат/чуваат деца, можеме и ние. Само некако премногу мрзливи станавме со овој луксуз од амерички начин на живот што примаме.
Иначе dude srsly 11 часа спање? о_0
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Kokakolicar Eden Nizaeden

MissChievous

Ingenious
17 февруари 2012
5,085
7,018
1,683
Huntington Beach, California
silence-all-i-want-to-say.tumblr.com
Немам замерка за колумната, супер е напишана, и не само што ја разбирам, туку и делумно се пронаоѓам.

Според напишаното ми делуваш малце размазено, без навреда. На пример, проблемот со алиштата. Да не се грижи мајка ти за нив и да ги остави таму каде што се, еден ден ќе дојде тој момент кога самиот ќе мораш да превземеш нешто. Барем да ги однесеш во купатило да бидат исперени. Или спротивно, ќе шеташ валкан, зошто немаш време за такви работи.
Друго, немаш работа. Да имаш, би било поинаку. Тогаш ќе сфатиш дека всушност немаш многу време.
Трето, врска.

Јас сум исто од оние што трошат многу време на безвезе работи. Спијам минимум 9 часа, секој ден гледам по некоја епизода зошто пратам едно 15 во исто време. Секој ден трошам 2/3 часа на кантер. Мислам, фала богу немам предавања. :giggle

И секој ден си се гледам со дечко ми, за кој ќе го одвојам сето мое време.
Се наоѓа време за се, зависно од приоритетите. ;)
 

~ Скарлетка ~

Активен Член
25 октомври 2012
348
204
43
35
Скопје
Да не сакаш совет како да добиеш на време?

11 саати се премногу дури и за новороденче... Така да ова може лошо да ти се одрази на здравје. Ама како сакаш ;)

А мора ли да пиеш 10 кафиња дневно? Стај си приоритет со кој стварно сакаш да се видиш и кој мислиш дека ќе ти остане другар во животов и со другите немаш потреба секој ден да се договараш за кафиња... Што знам, може само јас вака размислувам.

Обврските по дома се решаваат за рекордно време од пола саат со се миење садови, средување на алишта и чистење барем на твојата соба... Ама ќе треба прво еден ден да си ја организираш па после само да си ги враќаш стварите на своето место секој ден. Така ќе имаш и помалку за средување и нема да си трошиш драгоцено време :D

Фино напишано бај д веј и се ти е опростено ако немаш желба да си го организираш денот туку само се жалиш :zelen
 

Kokakolicar Eden Nizaeden

Активен Член
17 мај 2012
81
150
33
таман сакав да кажам мислење за одново воведување на воен рок, ти самиот си призна дека всушност многу време трошиш на безвеза ствари. Искрено ако порано можеле луѓето да завршуваат факс, во меѓувреме да работат/чуваат деца, можеме и ние. Само некако премногу мрзливи станавме со овој луксуз од амерички начин на живот што примаме.
Иначе dude srsly 11 часа спање? о_0
Даа да знам, премногу е... но неможам да си помогнам.. Или ич не спијам, или спијам премногу..
 

Kokakolicar Eden Nizaeden

Активен Член
17 мај 2012
81
150
33
Немам замерка за колумната, супер е напишана, и не само што ја разбирам, туку и делумно се пронаоѓам.

Според напишаното ми делуваш малце размазено, без навреда. На пример, проблемот со алиштата. Да не се грижи мајка ти за нив и да ги остави таму каде што се, еден ден ќе дојде тој момент кога самиот ќе мораш да превземеш нешто. Барем да ги однесеш во купатило да бидат исперени. Или спротивно, ќе шеташ валкан, зошто немаш време за такви работи.
Друго, немаш работа. Да имаш, би било поинаку. Тогаш ќе сфатиш дека всушност немаш многу време.
Трето, врска.

Јас сум исто од оние што трошат многу време на безвезе работи. Спијам минимум 9 часа, секој ден гледам по некоја епизода зошто пратам едно 15 во исто време. Секој ден трошам 2/3 часа на кантер. Мислам, фала богу немам предавања. :giggle

И секој ден си се гледам со дечко ми, за кој ќе го одвојам сето мое време.
Се наоѓа време за се, зависно од приоритетите. ;)
Знам дека еден ден, фала богу ќе морам сам да се грижам за себе, но мислам дека токму заради тоа не превземам ништо, како да сакам да го одложам тоа.. А за хигиена, тоа е друг муабет, не можам да поднесам да носам иста маица два пати.. Зборам за работи што не се перат секој ден.. Знам дека звучи како да се правдам, а можеби и се правдам.. Мрза сум, да, знам.. :/
 

Kokakolicar Eden Nizaeden

Активен Член
17 мај 2012
81
150
33
Да не сакаш совет како да добиеш на време?

11 саати се премногу дури и за новороденче... Така да ова може лошо да ти се одрази на здравје. Ама како сакаш ;)

А мора ли да пиеш 10 кафиња дневно? Стај си приоритет со кој стварно сакаш да се видиш и кој мислиш дека ќе ти остане другар во животов и со другите немаш потреба секој ден да се договараш за кафиња... Што знам, може само јас вака размислувам.

Обврските по дома се решаваат за рекордно време од пола саат со се миење садови, средување на алишта и чистење барем на твојата соба... Ама ќе треба прво еден ден да си ја организираш па после само да си ги враќаш стварите на своето место секој ден. Така ќе имаш и помалку за средување и нема да си трошиш драгоцено време :D

Фино напишано бај д веј и се ти е опростено ако немаш желба да си го организираш денот туку само се жалиш :zelen
Како викаат, за да се реши проблемот, прв чекор е негово признавање, ете, го направив првиот чекор :D
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: ~ Скарлетка ~

~ Скарлетка ~

Активен Член
25 октомври 2012
348
204
43
35
Скопје
  • Ми се допаѓа
Реакции: Kokakolicar Eden Nizaeden

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,024
9,655
1,683
Normandy
Знам дека еден ден, фала богу ќе морам сам да се грижам за себе, но мислам дека токму заради тоа не превземам ништо, како да сакам да го одложам тоа.. А за хигиена, тоа е друг муабет, не можам да поднесам да носам иста маица два пати.. Зборам за работи што не се перат секој ден.. Знам дека звучи како да се правдам, а можеби и се правдам.. Мрза сум, да, знам.. :/
Е токму поради ова, понекад доаѓањето на јајцето на газот е многу корисно стање. А тек коа има изненадни случки.... Затоа стај се во ситуација коа немаш избор но исходот е негативен.
Иначе те читам со колумните, ми се свиѓаат, стилот е едноставен, не е нешто да замара, двосмислености. Само обрни малку време на она што би можело да те направи уште подобра личност. Овака мислам дека располагаш всушност со многу слободно време.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Kokakolicar Eden Nizaeden

Kokakolicar Eden Nizaeden

Активен Член
17 мај 2012
81
150
33
Е токму поради ова, понекад доаѓањето на јајцето на газот е многу корисно стање. А тек коа има изненадни случки.... Затоа стај се во ситуација коа немаш избор но исходот е негативен.
Иначе те читам со колумните, ми се свиѓаат, стилот е едноставен, не е нешто да замара, двосмислености. Само обрни малку време на она што би можело да те направи уште подобра личност. Овака мислам дека располагаш всушност со многу слободно време.
Ееј баш ми е мило, озбилно.. Во моментов, да, имам мноогу слободно време, не е секогаш така.. Изминативе 2 месеци имав премногу обврски, така да, некако сеа се опуштив.. И тоа е период, секако.. :))