Постои лево и постои десно, не тукутака

lady_blue

Староседелец
14 февруари 2012
2,397
4,418
1,153
.
Не помнам имиња. И онака малку ми говорат за она што зад нив се крие. И таа би можела да се вика и вака и така и било како и секако.

Но, за мене е „Таа која сопствената сигурност ја носи на грбот“. Како товар. Претежок товар од кој не знае како да се ослободи, не знае како да го надмине.

„Секогаш победник, никогаш поразена“ – тоа е она што ја турка напред.Барем таа така тоа го доживува, како туркање напред.

Се обидував да ја натерам да погледне лево и десно од себе, барем понекогаш, барем за еден миг. Ќе видеше дека она што за неа значи напред, всушност е надолу.
Ја сакав. Беше моја. Ѝ бев потребна. И таа мене. Можеби бевме лева и десна половина од едно цело. Можеби ќе останевме една покрај друга, ако ме слушнеше барем еднаш, ако ме послушаше барем еднаш.

Рече дека сум наивна. Простодушна. Малечка.
Ѝ реков – не мора да ти е сѐ секогаш јасно.
Ѝ реков – не мораш да имаш одговор на секое прашање.
Ѝ реков – понекогаш е „можеби“ наместо „сигурно“.
Ѝ реков – понекогаш прифати, наместо да наметнуваш.
Ме нарече предавник. Рече дека си е сама на себе доволна.
Замина.

Сеуште сме лева и десна половина од едно цело. Со бескрај помеѓу.

Понекогаш стојам во место, понекогаш се враќам назад. Но, понекогаш, чекорам напред.
Таа е на милиметар до дното.
Ѝ сеуште не погледнува ни лево, ни десно.

Сигурноста во себе, е преголем товар, ако не знаеш каде да ја носиш.
 
Аркантос

Romanticist
23 август 2012
2,352
3,849
1,153
Нека ја однесе и во пеколот барем е сигурна дека ги донела одлуките со своја глава и голема одлучност, не се предомислување просек 20 пати во минута :)
 
melpomena

Енигма
3 март 2012
8,210
17,754
1,673
На сигурно
И посакувам да го сфати она што ке и помогне да ја крене од дното.
И го посакувам тоа што ке и направи добро и за себе и за тебе.
Само во тој случај ке бидете лева и десна половина од едно цело а измегу наместо бескрај ке биде исполнето со она што некогаш било.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: $3Я3|\||)&p&†Y

Astrostoper

Активен Член
5 март 2012
224
249
43
tur operatot tvrdi deka
patuvanjeto do pekolot e strasno interesna tura ama smeshtajot bil zanikade
patuvanjeto do rajot e mnogu dosadna i dolga i machna tura, ama smeshtajot bil, demek, all inclusive
 
malo

Староседелец
Најфотограф
13 септември 2012
1,280
2,068
1,133
.
Не помнам имиња. И онака малку ми говорат за она што зад нив се крие. И таа би можела да се вика и вака и така и било како и секако.

Но, за мене е „Таа која сопствената сигурност ја носи на грбот“. Како товар. Претежок товар од кој не знае како да се ослободи, не знае како да го надмине.

„Секогаш победник, никогаш поразена“ – тоа е она што ја турка напред.Барем таа така тоа го доживува, како туркање напред.

Се обидував да ја натерам да погледне лево и десно од себе, барем понекогаш, барем за еден миг. Ќе видеше дека она што за неа значи напред, всушност е надолу.
Ја сакав. Беше моја. Ѝ бев потребна. И таа мене. Можеби бевме лева и десна половина од едно цело. Можеби ќе останевме една покрај друга, ако ме слушнеше барем еднаш, ако ме послушаше барем еднаш.

Рече дека сум наивна. Простодушна. Малечка.
Ѝ реков – не мора да ти е сѐ секогаш јасно.
Ѝ реков – не мораш да имаш одговор на секое прашање.
Ѝ реков – понекогаш е „можеби“ наместо „сигурно“.
Ѝ реков – понекогаш прифати, наместо да наметнуваш.
Ме нарече предавник. Рече дека си е сама на себе доволна.
Замина.

Сеуште сме лева и десна половина од едно цело. Со бескрај помеѓу.

Понекогаш стојам во место, понекогаш се враќам назад. Но, понекогаш, чекорам напред.
Таа е на милиметар до дното.
Ѝ сеуште не погледнува ни лево, ни десно.

Сигурноста во себе, е преголем товар, ако не знаеш каде да ја носиш.
Можеби дното крај кое ја гледаш за нејзе е највисокиот врв кој може да го достигне.
Можеби твоето чекорење лево, десно, напред или назад, за нејзе е дното од кое свесно се оддалечува.
Зависи од која перспектива ке погледнеш. понекогаш гледањето лево-десно е всушност само гледање напред или назад... се зависи од перспективата мила моја.
И да, можеби сеуште сте едно, само погледите ви се разминале, а можеби и никогаш не сте биле едно туку случајно сте погледнале во ист правец.
Сигурноста во себе е преголем товар велиш, ако не знаеш каде да ја носиш... Сигурноста во себе мислам, е скапоцен товар. Дури и да незнаеш каде да го носиш, секогаш ке те однесе до правиот пат- патот кој ке те доведе до себе, а на тој пат, макар и бил на чекор до бездна, најмногу се учи, а што е животот, ако не учење?
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Lena

Колку само би се радувала да си во право :)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: slb_bobo