Сакам да ти кажам.... (љубовна исповедувачница)

Ана-Каренина

Староседелец
25 февруари 2012
998
1,749
1,093
Не си свесен колку само ми си патетичен, толкав суртик 5 грама мозок да немал.|-( Ти се враќат се`,а? И убо ти е? Море шо ти се имат вратено, допрва следит то само да ти кажам.:D
 

malo

Староседелец
Најфотограф
13 септември 2012
1,280
2,068
1,133
Сакам да ти кажам, а и ќе ти кажам еден ден, дека не вреди да си го арчам времето со тебе.
 

Мила

Активен Член
1 март 2012
121
99
28
На плажа!!!
Додека те чекав во мракот на оваа студена ноќ и мислите ми беа со тебе ти се забавуваше некаде..Додека јас мислев дали си добар здрав и жив , ти уживаше, пиеше, се дружеше..Додека јас те чекав со надеж дека си ОК, сигурно тебе баш те заболе.. И кога дојде и ми кажа дека си го заборавил телефонот, срцето ми се смири..Кога те прашав дали ќе седиш, рече дека ќе поминеш малку време со мене па ќе одиш..е добро бе, како за 2 минути го промени мислењето??? И од преплашена и загрижена, ме направи бесчувствителна. Помисли ли како ми беше мене додека чекав? Помисли ли какви црни мисли ми се вртеа во глава знаејќи дека одиш по никаков пат, да не речам високо ризичен? Изгледа баш ти е гајле..Изгледа џабе сум се грижела, тебе ти било баш добро. Море и повеќе од добро..
Глупавата Мила нека те чека, нека останува без капка крв додека ти се забавуваш..после врати и со лошо, оваа Мила не заслужува да и се враќа со добро. Враќај ми цел живот со лошо..која глупача сум, умот ми е постојано кај тебе!

P.S.. Ништо немаше да ти речам ако не почна мене да ми префрлаш како да сум јас крива:mad:
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: $3Я3|\||)&p&†Y

i_wanna_fly

Староседелец
25 јули 2012
649
848
1,093
Дали барем еднаш помисли во последниве 5 месеци зошто се сменив? Ме повреди гаду! Би рекла дека срцето ми е скршено, ама не можам. Срцето е мускул. Мускул кој ја пумпа крвта низ нашите вени. А љубовта? Љубовта е во мозокот. Ми го скрши мозокот бре! Ми ја уништи самодовербата, желбата да успеам, волјата за живот...Ми го сврте животот наопаку. Те мразам истоколку што те сакам, па дури и повеќе од тоа. Ама уште те сакам. Те пуштив да си одиш - си отиде. Па зошто се враќаш? Зошто се враап сега кога конечно почнав малку по малку да те заборавам. Ќе ме умреш бре! Се разболев заради тебе.
Хах, мислиш лесно ми е? Добро, нека ми е лесно. Ама глупав си. Мислиш дека те заборавив, а јас правам се што можам за да ти покажам дека не сум. Тоа е твојот проблем глупаку! Никогаш ништо не сфаќаш!
Ма гајле ми е, не можам веќе да се нервирам, доста ми е!!! МРШ!!!
 

Ана-Каренина

Староседелец
25 февруари 2012
998
1,749
1,093
Песнава ме потсеќа на 2011 летото и секако на тебе, кога оддеднаш те снема, те немаше никаде, па само еднаш те видов ама тогаш ти се направи како да не ме виде, решена бев да те заборавам, кој си ти да си играш со моите чувства, па пред тоа месец и пол заедно бевме кога полагавме матура јас ти помогнав околу есејот а ни едно здраво не ми направи. Тежок беше крајот на јуни и почетокот на јули лани ама уште потежок е овој период. Тогаш се врати од никаде баш како што и исчезна еххх се сеќавам на таа ноќ, колку само бев среќна што ми се врати и ми се вовлече под кожа и веќе немаше спас. Исто и декемврито кога мислев дека е крај затоа што стварно имаше причина поради тоа, пак ми се врати ама уште не можам да разберам зошто. Зошто и тогаш се врати кога истовремено и се додворуваше на сегашната твоја девојка??? И кога упорно те прашував која е таа девојка ти одрекуваше дека постои, и после не си знаел да мамиш. Ај добро то априлот си беше изнервиран што неможиш да положиш ни еден колоквиум цел бес на мене го истури и ај чао пријатно ми рече е тогаш веќе 100 % сигурна бев дека е готово а и на мене ми беше преку глава од тебе. Ми се јавуваш по 2 недели да ми кажиш дека ме тестираш да видиш како ќе реагирам, не ти поверував и ти исклучив и пак од нигде во јуни да се појавиш и да ме молиш за уште една шанса. Будала, будала, со кој ум прифатив, со кој јас не знам, требаше убаво на едно место да те испратам и пак ќе те прашам Зошто ме молеше да се смириме, кога веќе си нашол друга??? И кога последно ми се јави те прашав дали си најде некоја, пак ми рече не ти се брзало|-(. И само да ти кажам дека пред неколку саати си мислев дека ја жалам таа што ти е девојка, загреота не можела полош човек да најде па и мамејнчар. И доста те спомнував исчезни од мојава глава, го заборавив тоа чувство кога не ми си во мислите, колку убаво ми беше до јануари 2011 и од тогаш стапи на сцена ти. Ама знаеш како Владо има испеано во гореспоменатава песна ова е рана на душа ќе ја зашие време и ќе заборавам...барем така мислам. И искрено се надевам дека ова ќе е последно мислење за тебе, здомачено ми е веќе.​
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: 048

Angiie

Истакнат Член
16 февруари 2012
506
639
93
Цела вечер сакав да си покрај мене. И сега сакам!
Со душа чекам да дојди сабота, како мало дете се радувам што пак ќе те видам. Треперам од самата помисла дека ќе бидам покрај тебе, ќе се гушкаме цел ден и цела вечер, ќе шетаме фатени за рака и ќе се маваме те лево, те десно.
Знам дека ќе биде уште потешко кога ќе треба пак да заминеш, ама сега не сакам да мислам на тоа.
Ела си прво.. (inlove)