Провинцијалска идеја за екскурзија

Deviously Devilish

Активен Член
28 август 2012
104
72
28
30
Драги мои, денес би сакала да ве запознаам повеќе со провинцијалскиот живот, поточно со поголемиот дел на таквото општество. Ете конкретно ќе ја земеме училишната екскурзија во Италија како најсвежиот настан оваа недела.

Ескурзијата се смета како најголемиот и најважен настан во трета година. Пред таа екскурзија најпрво се крева голема врева околу подготовките и тоа: кој да има поскапи пижами, кој ќе има пошарен куфер, кој ќе има најмногу гардероба со себе и такви сличности. Tоа не дека e нешто премногу потребно туку чисто ради show-off за да се види кој колку пари има и кој е по ‘ИН’. Бидејќи најчесто во провинцијални градчиња облеката те прави јак, кул и шема (нема врска фактот што си зел 5 маички за 300 денари од шутка битно е да си кремац) зошто немаш предиспозиции да се фалиш со ништо друго освен со гардеробата бидејќи толку ти сече 'кликерот'. Но за тоа друг пат, да не се бега од темата, воглавно поентата ми беше дека размислувањата тука се многу плитки и заостанати.

Како втор фактор за провинцијалска неизживеаност и мизерија е самиот пат до Италија,односно паузите. Автобусот тресе, дрма, дупки, падини, долини,и секој нормален би спиел, а дамите извадиле 2983948 лакови, шминки, чешли, млека за тела, силиконски капки за коса и што уште не за да бидат убави во автобус бидејки кремците строго во автобус сликаат, за кога ќе се стигне во Рим да нема теоретски шанси да имаш батерија. Исто така има маткање со куфери и „масирање“ на професори и возачи на секоја пауза, за да може нели дамите цело време да се пресоблекуваат за на секоја слика да бидат во различна гардероба и кога некој ќе ги праша „што ти виде од Италија чедо мое?“, тие да одговорат „па воглавно во автобусот шеткаравме и си правевме фотки“. Исто така тука е карактеристичен случајот – гадење од бензиските тоалети.Тие дами се толку префинети и толку чисти што нема смисла да влезат во секакво веце, не ни јадат од секое ресторанче секаква храна ( а всушност вистинската причина е што незнаат како се пушта водата од чешма и што е тоа сензор ). НО кога цигарата ќе им падне во вир и кога ќе видат дека 5 евра е пакло тогаш фино поштено ќе ја кренат и ќе ја запалат. Тука исто може да се наведе и сликањето пред кафемати и пиењето кафе на секоја пауза (бидејќи нели не виделе кафемат) па нема врска после што на возачот ќе му се качат на глава да сопре на бензиска - за тоалет во кој не сакаат да идат. Па цела ноќ жалење дека не можат да спијат, гњавење рандом фаци, и ќе се филмаат им е лошо и ќе пијат апчиња за спиење и алелуја во четири наутро може ќе склопиш око.Утредента, цел ден на плус 50 степени ќе ќиснат во автобус од умор наместо да се посети некоја знаменитост како остатокот на нормални луѓе. Но битно е да си ШЕМА. Кога веќе збориме за машките, тие секој викенд се сосем задоволни густирајќи само едно пиво кога се излезени, и никогаш во живот не биле пијани, но нормално доаѓа турнеа, па време е за „курчење“ и гледаат кој повеќе „дрво“ да се направи, пиење цел ден и ноќ и после ќе се касни и ќе се пропушта се. Браво дечки баш сте КУЛ и сите цури просто ви се восхитуваат на подвигот дека сте испиле само 3 пива и не сте трезни ниту свесни што зборите. НЕ.

Трет блам е самото сместување каде секој се тепа за соба, бидејќи не се способни да врзат друг муабет освен со другарчето со кого биле цел живот.Па се крева огромна паника за секој да се смести и неможе крај да им се најде на такви фаци цели 6 часа, па сите се криви што хотелот наместо по 4 кревети има капацитет по 3, па ајде солзите на очи и ќе се однесуваме како првачиња што мама ги оставила сами.Патем истото се случува и со седиштата во автобус, влезена цела фамилија внатре и се кавгаат со класниот каде да седи нивната „принцезичка“ да не и било прежешко, ни преладно, ни близу до вратата, ни незнам што. Сра-мо-та !!!

Четвртиот „фејл“ е да појдеш до Италија, да останеш трезен и да стигнеш до Рим, Венеција или кој и да е од преубавите градови, но да не ги видиш!
Причина: Шопинг
– за да неможе да ти се затвори куферот, и за да го изгубиш цел ден барајќи работи поевтини од 2 евра.И кога ќе ги најдеш на едно место во најевтиниот бутик, да се враќаш по 349850945809348 пати, за со секоја нова купена блуза да ти дадат нова торбичка, за да можеш потоа со што повеќе торби да се сликаш пред салоните на познатите марки како што се D&G ili Gucci, нема врска што ти си со кеси од ChinaShop во раце.И секако сликата мора да е со десна нога напред, бидеќи денес секоја втора девојка е перфектна и префинета манекенка, со напрчено газе и со дакфејс и на едно такво место се прават најмалку 20 фотки за да има што да се стави на фб бидејки тоа е се што виделе од Италија.

Ете тоа драги мои е живот во провинција,каде за да си ИН сосем е нормално и да се продадеш себеси, односно тоа е и морално, но мислам дека подобро е да бидам црната овца, отколку да го правам она што во никој случај не би ми одговарало и да прифајќам секакво мислење од некој фаци само да сум КРЕМ. Точно е дека овцата која забегува од стадото ја јаде волкот, но има и друга вистина која вели дека сите овци еден ден ќе бидат изедени, дали од волкот или од овчарот не е важно. Па тогаш си го задржувам правото да бидам црна овца и да стојам настрана, наместо да го следам овчарот цело време па после да сум продадена за ниска цена и да бидам одрана, па вака ако не друго барем ќе можам да гледам како другите овци трчаат како муви без глави.

Deviously Devilish
 

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,518
1,183
Big Sur
Идеја*

Ај сега малку контра да разгледаме.

Знаеш што мразам кај ваквите колумни?
Потребата да се самоистакнеш ко посебен на сметка на омаловажување на другите, како и намерното правеење себеси црната овца, кога, in fact, сакаш да покажеш дека другите се бескичмењаци.
Ако тоа им е бре интересно, нека ги. Мене никој нема да ми брани јас да гледам споменици ако сакам, како што и на нив не им брани никој да се сликаат пред продавниците на D&G и Gucci.
А, контрадикторноста вришти в крај.
Се буниш за дигнатоста на кремците, а погоре ги исмеваш оние, што ете, не можат да си дозволат повеќе од 5 маички за 300 во Шутка. Ако толку можат да си дозволат, а притоа секој ден да носат различно, тоа не е „кремчарење.“
А, зошто да не е настан? Па 16-17-18 годишни многу да не се нашетани и изживеани, па треба рамнодушно ко старци во двокатен да седат со лулиња и like a sir да дискутираат за политичката состојба во земјата во која се наоѓаат моментално?
И што има врска „провинцијалноста“ со сељачењето? Дали израснатите во златната лажица помалку се сељачат на екскурзија или на било кое патување? Лично колку што знам, баш тие први трчаат пред гореспоменатите кремски излози, за разлика од срамежлививе провинцијалци кои не можат да се нагледаат и насликаат убавини наоколу, оти нели, тие живеат во шупа, не виделе кафемат, чешми на сензори, споменик-фонтани и широки плоштади.
На крај, испаѓа дека нивно најголемо достигнување е ако живеат на асфалтирана, провинцијалска улица. (think)
 

Jackal

Староседелец
13 февруари 2012
2,045
2,641
1,143
30
Битола
Од секогаш ми била интересна поделба метропола-провинција. искрено секогаш кога и да сум читал нешто такво сум се смеел до немај каде. еве и сегасе смеам на оваа колумна. Сите тие фејлови провинциски што ги спомнуваш не се ништо поинтересни од кинески филм без превод. искрено ама ич не ме боли пенисот( морам да зборувам културно јбг:) ) за тоа што правата дотичните господа или госпожи.Дали ке иделе да се сликаат пред некој споменик или пред продавница на Доче и Мајка му ич не ми е гајле.Не ги гледам другите .Битно м ие мене да видам она што ме интересира без разлика на тоа што го сакаат другите. Еве ти пример пред година и пол бев на ескурзија во виена и иако посета на позната виенска коњичка школа не беше предвидена јас и уште 3-4 деца ја замоливме жената што ни беше водич да не однеси да ги видиме коњите.И додека сите други шетаа по бутици или пиеја кафе ние се прошетавме и ги видовме коњите.И никој не разбра за тоа до вечерта кога добивме пофалба од водичот дека стварно сме биле заинтересирани да го видиме градот а не ко другите само за шетање.и тоа со пиењето сите се фалеа кој колку е испие, јас си ќутев и додека да трепнат јас испив 6 пива и успешно го поминав тестот на пијанство пред сите професори и директорот додека најголемите фалбаџии со 2 пива ги фатија кај шо беа пијани.Башка таа вечер се отепав од муабети со професорите и никој не ми рече ништо.Окулу поделбата на собите на таа ескурзија јас бев со соба со уште 2 деца кои ниту ги знаев ниту ги познавав.Искрено не бев есигурен и дека учат во моето училиште.Ама убо си пминавме цела вечер пиење , музика носеја монопол се изнаигравме и си поминавме преубо..Со сето ова не сакам да кажам колку сум јас поразличен и како јас сум подобар до другите туку колку ич н ме боли п... за тоа што прават другите туку мислам како јас да си поминам поубо..Доколку сите гледаат за себе а не за другите мислам дека сите би живееле поубо ...
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: slb_bobo and Arkantos

Аркантос

Romanticist
23 август 2012
2,352
3,849
1,153
Читав до крај, ама само затоа што прво го прочитав коментарот на Електра, и толку многу ме изиритира тоа што наговести нејзиниот коментар за тоа што има погоре што реков „Ќе се жртвувам“ - и ќе отепам неколку минути додека прочитам.
И бум! Експлодирав!
Значи, на една екскурзија има најмалку 2 автобуси полни со деца, и по некој професор. Во тие два автобуси, секое дете и секој професор е со различен интерес и со различен начин на уживање.
Јас сакам да спијам - ќе спијам.
Таа до мене сака да се лакира - ќе се лакира.
Тој пред мене сака да пие пиво во автобус - ќе пие.
И за тоа никој не треба ни да размислува, затоа што тоа е индивидуална работа. А со самото тоа што гледам колку ти си забележувала што прават другите сфаќам и те замислувам како девојче скрстено во некое седиште кое набљудува се’ што одоколу се случува.
И кој е сега „подобриот“? Оној што ужива или оној што се оградува од се’ само за да не биде „провинцијалец“?
Ма дај... Имате по некој 17 години, нормално е дека скоро секоја девојка ќе сака да си се „пицне“ и скоро секое машко ќе сакаа да си се опие или да лудува.
Ги немате родителите до вас. Практично тие мигови ви се едни од првите каде заминувате на неколку дена и сте сами на себе - па сакате буквално да летате.
Втора работа, сликањето пред излози.
Ти си се сликала претпоставувам пред колосеумот или во Бари кога сте стигнале на пристаништето си се сликала и се’ на некој такви места каде што „Има што да се види“.
Епа драга моја „колумнистке“ за девојката која ужива во облека и слично, има што да се види во бутик на Gucci и сличните. Таа или тој - независно, ужива во тоа, и тоа си го фура. И патем, фура и не се интересира во што уживаш ти.
Всушност, во што уживаш ти? Во што си уживала на екскурзијата? Во набљудување 24/7 што прават другите?

И да имам нешто да те прашам. Јас дома пијам кафе на секој 2-3 часа. Гледам тука тие што пиеле кафе на секоја пауза ги „етикетираш“ со тоа што кажуваш дека немаат видено кафемат. Мене со што ќе ме етикетираш?
А да знам... Јас немам видено ѓезве :)
П.С. Имам видено жими очи, еве сега пред 20 минути правев кафе
 

Antares

Староседелец
11 мај 2012
468
413
663
31
Pax Terra
Уствари не, дали е глупа темава или е просто многу глупа. Уствари ти имаш проблем реши си го а остави си другите како сакаат да си живеат и што сакаат да прават со своите животи. Не знам од кога толку 'градските' се замараат за провинцијалци, нели вие сте на ниво високо колку ѕвезда вие гледате толку одозгоре што дури не знаете што пол сте.
Уште кога гледам провинцијалци на почетокот на темата, само сваќам колку непровинцијалците имаат проблем со нас, па така да ми е мило што ке се замарате со нас до крајот на вашиот живот. Бидејки не знаете за нешто друго да разговарате. Провинција провинција и само провинција.
Плус второто мислење веке пишиш тема за провинцијалци, леле леле бетер од политика да тераш.
Пријатно!
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Rodeo Tvrdo

Rodeo Tvrdo

Активен Член
20 мај 2012
98
68
28
Скопје
Deviously Devilish секој се облекува како што сака, дали со блузи од 300 ден. или 3.000, независоно. Секој оди на екскурзија за да види различни нешта, тебе ти се интересни едни работи, на друг други, различни личности - различни интереси... Исто, секој си фура свој филм, а тебе ако ти пречи тоа можеш само да игнорираш. И, не, не се тие провинцијалци што си ги лакирале ноктите, што се сликале пред Гучи.. едноставно, тие што имале попаметна работа на екскурзија отколку да набљудуваат некој. Провинцијалци се тие што цело време набљудуваат некој, и после тоа озборуваат кој што правел, во примеров, ти си провинцијалката, затоа што немаш попаметна работа, се интересираш за тоа другите што прават, како уживаат и потоа озборуваш, па дури и на форум.
 

lady_blue

Староседелец
14 февруари 2012
2,397
4,418
1,153
Кога имав пет-шеснаесет години сите мои другарки се шминкаа за излегување. Јас си имав мака со очите, малку маскара да ставев солзи реки ми течеа, за сенка па да не прам муабет. Си велев ќе трпам, ќе се навикнам, ама џабе. Детиште, па криво ми беше до немајкаде. И така, малку по малку, за да не си пукам од мака при секое излегување, почнав да си се тешам. Си велев -абе ајде, ко некои женчиња уште од сега, преокупирани само со шминкање, ко да нема поважни работи на кои ќе си го трошам времето.
Ама пустото, џабе не рекле „можиш сите да ги лажиш, ама немојш сам да си се лажиш“. И така, шом останев дома сама, или откако ќе заспиеја сите, јас со шминките в'раце и пред огледало...
Шо ми беше муабетот... а, да - Зелено е грозјето, рече лисицата и си продолжи по патот. :D
 

Coelho

Староседелец
2 април 2012
287
493
663
Скопје
До некаде се согласувам со тебе затоа што дел од напишаното е вистина, но малку не фер од тебе за работите што ги напиша за сите што се осмелуваат да имаат различни интереси и различни мислења од тебе.

И јас сум се нашол многу пати во ситуација каде не ги разбирам работите што другите ги прават, те разбирам како е. Но, сум се нашол во ситуација каде на некој му пречело нешто што јас сум го правел, или не го разбирал, па разговарале со мене. Па пробуваат тие да објаснат зошто го прават тоа што го прават, па пробувам јас да објаснам. Нема крај. Немаат сите исти интереси, немаат сите иста замисла за забава.

It's a two-way street.

Тебе ти пречи фактот дека сите твои другарки се шминкаат, а сите твои другари едвај чекаат да се пијанчат. Може на нив им пречи тоа што ти седиш и ги набљудуваш и, полошо, осудуваш. Но, ти губиш.

Они ќе се испошминкаат и ќе се начукаат и наредниот ден ќе бидат несредени, со мамурлак. Ти нема.

Па наместо да се замараш со нив, прави тоа што ти го правиш. Ќе се забавуваш и ќе престанеш да мислиш на другите.

Претпоставувам не си единствената која е заинтересирана во уметноста и архитектурата во Италија, па најди некој и шетај се со нив. Па прави што сакаш, сликај што сакаш.

Ако нивниот апарт е полн со слики од нив пред продавници, не значи дека твојот треба да биде празен.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Arkantos and slb_bobo

Deviously Devilish

Активен Член
28 август 2012
104
72
28
30
Electra
Jackal
DisturbeD
Rodeo Tvrdo
Coelho
Arkantos
lady_blue
Знаев дека ќе има многу контрадикторни мислења на темава, и сите ќе се бунат за едно исто, но драги мои jас не велам дека не купив ништо, купив, не велам дека не пиев, пиев - човек сум, пиев до граница. Електра препрочитај уште еднаш за делот на кремците - не ги омаловажувам оние што немаат, туку кремците што одат во кинески и земаат роба од таму, а се фалат сме се сликале пред гучи, ме разбираш ли мила? Ако беа кремци ко што треба зошто не купија од тој бутик? Зошто не се осмелија да влезат? А се прокламира - ајм кремац енд ај ноу ит. Ако, нека сакаат гучи, нека се сликаат пред гучи, но нема ли елитни марки и во Македонија? Продавници со таква роба? Зошто да се сликаат баш во Италија и зошто да купат нешто од Италија кога и кај нас го има истото, пред нос им е, и јас и сите тие првпат одиме таму, не ги судам воопшто, немојте да мислите дека сум седнала во ќош и дека на сите јас им мрчорам за тоа колку сум јас возрасна, начитана а тие прости. НЕ! Не ја свативте пораката што сакав ја да пренесам во колумнава. Зошто во Италија да се изрокаат од пиење и се да пропуштат после? ЗНАМ дека првпат одат, значи општопознато е сами се изјасниа. Дали неможат во Македонија? Појако ќе е таму? Што е разликата што кога тука излегуваме пијат по едно пиво, а во Италија наместо за влез во колосеум каде претпоставувам еднаш само имаат шанса да го видат, тие појдат ке купат пиво, и ќе се дамлосаат? Значи сите исто имаме скоро шетано, и јас сум провинцијалка, ама драги мои неможете ни да замислите колку е мизерно - има одредени денови за шопинг - одредени денови за посета нели? Секој си ги задоволува страстите - Но во деновите за шопинг зошто за пет шмизлиња кои застануваат буквално секоја ден пред ист излог за да се сликаат, да чекаме сто души и да не кочат во наша сатисфакција. Треба да си малку колегијален. Не викам дека јас немав другарки, дека не се дружев дека не лудував и јас, јас сум нормална тинејџерка сакам да правам нормални работи, но не претерувам, имам осет пазам да не наштетам некому . Никаде не реков дека ја сум ПОГОЛЕМА или дека се величам, ниту дека немам попаметна работа од набљјудување некој што прави и како прави, но едноставно премногу се наметнуваат и да си слеп ќе видиш. Значи и јас правев интересни работи по пат - човек сум нели? Но имаше типка што буквално се лакираше на секоја пауза, и на паузи четири девојчиња на СЕКОЈА вадеа куфери и масираа секој за да се преслечат и да се сликнат. Зошто сите да касниме и да скапуваме во автобус? Викаш културно во два сатот по полноќ после цела ден сликање и блицови во автобус - те молам девојко ни се спие нас тука. Она не те е*е ни три посто. Зборам за такви нападни фаци драги мои, јас имам голема толеранција бидејќи секој е различен но шет девојки и пет момци да штетат на други двестотини зошто имаат повеќе кеш не е фер, не се величам но мака ми е што не ја доловивте поентата што јас сакав да ви ја образложам.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Party Poison

katetoo

Истакнат Член
28 јуни 2012
61
62
318
:rofl хахаххаххахахаххахахахаха... немам коментар.. уствари имам ама мрзе ме да пишувам... поинтересно ми е да се спремам за да излезам.. провинцијалска работа.... :D хахах