Сакам да кажам/прашам (стара тема)

Статус
Затворена за нови мислења.

LadyInPink

Истакнат Член
14 февруари 2012
1,236
1,749
113
Малку таму, малку овде...
Има моменти кои не се опишуваат со зборови, кои траат релативно кратко, а сепак се врежуваат во сеќавањето засекогаш.
Има моменти за кои вреди да се живее. Моменти во кои целиот свет престанува да постои.
Моменти во кои ни капките летен дожд не ти пречат.
Пред тебе тивко разбранувано езеро, околу тебе личности кои ти значат во мало место оддалечено од остатокот од светот...
Пријатен разговор, смеа...
И за крај лесно нишање на езерските бранови чии капки те прскаат додека силен ветар ти ја вее мократа коса, а срамежливото сонце грее со последни сили....
Неповторливо чувство.
Може ли една тмурна и врнежлива сабота да помине поубаво?!
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Angiie and WomanInRed

Марија

Poétesse
14 април 2012
1,146
2,491
1,123
Скопје
И страв дека веќе ништо нема да е исто, и надеж дека сепак грешиш, и исчекување кое уморува, и период во кој стравот се таложи како невозвратени чувства кои гнијат. И живот.
 

Марија

Poétesse
14 април 2012
1,146
2,491
1,123
Скопје
Ах и сакам да прашам: Зошто ги исмејувате темите кои се отвараат на форумов?
Има теми кои за мене навистина не се квалитетни ниту атрактивни за дискутирање, но од друга страна верувам постојат членови(идни или сегашни) кои би се пронашле таму каде не можам(не сакам) јас.
Ако толку не ви се допаѓаат некои теми, сметате дека се лоши и подпросечни, обратете се на членот кој отворил таква тема и советувајте го за некоја подобра - кога веќе вие самите не сакате, не можете, не знаете или поради било каква друга причина не отварате тема.
Лично јас ако отворам тема и таа не е добро прифатена сакам отворена критика, што и недостасува на темата и како наредната да биде подобра.
Ги замолувам сите кои ќе се пронајдат во постов(па и тие кои нема) во ниеден случај да не го сметаат за директен(индиректен) и злонамерен напад кон нив.
 

Mila Kunis

Истакнат Член
15 февруари 2012
2,290
3,528
443
Скопје
А јас сакам да ве прашам дали бил некој минатата недела во Парадизо? Како е со гужва? Сакам утре да идам па да не ми биде пропадната инвестиција :p
 

melpomena

Енигма
3 март 2012
8,210
17,754
1,673
На сигурно
Изрази....трава...љубител наводен на животни кој ги нарекува животињи (facepalm)
Ах земјо,што се држиш врз себе,глумци нешколувани но комотно можат да згазнат на штиците што живот значат.

Иначе сакав да кажам ништо од метеорскиот дожд под ведро небо вечерва,не го приметив до сега (wasntme)
 

existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
Изрази....трава...љубител наводен на животни кој ги нарекува животињи (facepalm)
Ах земјо,што се држиш врз себе,глумци нешколувани но комотно можат да згазнат на штиците што живот значат.

Иначе сакав да кажам ништо од метеорскиот дожд под ведро небо вечерва,не го приметив до сега (wasntme)

Jaс синоќа од осветлено место успеав да видам само 3 метеори и тоа беа прилично големи судејќи по трагот кој го оставија. Ако сакаш да гледаш убаво треба да се тргниш од градското светло...барем така јас правев изминативе години.
 

melpomena

Енигма
3 март 2012
8,210
17,754
1,673
На сигурно
Jaс синоќа од осветлено место успеав да видам само 3 метеори и тоа беа прилично големи судејќи по трагот кој го оставија. Ако сакаш да гледаш убаво треба да се тргниш од градското светло...барем така јас правев изминативе години.
I will i will....later
 

TIGERWOMAN31SK

Истакнат Член
3 јули 2012
822
697
93
547945_418747678171957_195897900_n.jpg
268779_419656781414380_747581434_n.jpg
 

МериСелест

Староседелец
24 април 2012
2,009
3,215
1,143
Хехехехее,денес сум многу радосна.
Лошото помина.
И сега?Што ке прајме?
Ке се сликаме за паштета :p
Малку се шалам.
Сега не останува ништо друго туку да си се фрлам во остварување на плановите.(happy)
 
Статус
Затворена за нови мислења.