Последна прочитана книга и кратка рецензија

LadyInPink

Истакнат Член
14 февруари 2012
1,236
1,749
113
Малку таму, малку овде...
Пустинската зора-Варис Дирие
Овојпат, популарната манекенка се враќа дома, во родната Сомалија во потрага по семејството. Заедно со брат и, ја наоѓаат нивната мајка и заминуваат таму.
Интересна приказна за животот во тие предели и за тоа како Варис гледа на животот таму.

Сирена-Триција Рејбрн
Сестрите Венеса и Џастин Сендс секое лето го минуваат во Винтер Харбор заедно со браќата Кејлеб и Сајмон Кармичел. Венеса е личност која се плаши и од сопствената сенка, а Џастин е таа која и помага да ги преброди стравовите. Но, по една расправија Џастин скока од карпа во океанот и ја наоѓаат мртва. Но насмеана. Нејзината смрт е прва во низата кои се случуваат во Винтер Харбор тоа лето.
Авантура која полека го открива тајниот свет на сирените и што се се тие спремни да сторат. Лесна за читање, книга која навидум делува реално. Единственото нереално е фактот дека сирените не постојат.

Морници-Мери Стифвотер
Книга која навистина предизвика да ме полазат морници додека ја читав.
Приказна за Сем, момчето со жолти очи, и Грејс, девојката касната од волк.
Се започнува во детството на Грејс кога волци ја одвлекоа во шумата. Додека тие го душкаа нејзиното тело, еден од нив стоеше настрана. Кога тој се доближи до неа, сите се повлекоа, а се што таа запомни беа неговите жолти очи кои мислеше дека никогаш веќе нема да ги види.
Но, Грејс повторно ги среќава тие жолти очи, но сега му припаѓаат на Сем. Тој е врколак и таа му е последна година во која може да се претвори во човек. Меѓу него и Грејс се раѓа љубов поради која тој е спремен на се, само да остане човек.
А зимата е блиску и температурите се идеални за претворање во волк. Дали нивната љубов е доволно силна за да се изборат против проклетството?
Иако, врколаците од книгата се само митолшки суштества, се е толку реално, толку делува возможно, што навистинаприказната допре до мене и, како што реков, навистина ме лазеа морници додека читав, а и по завршувањето.

Последната ноќ во Шато Мармонт-Лорин Вајсбергер
Брук и Џулијан се борат за кариерата на Џулијан кој е навистина талентиран музичар. И еден ден, оддеднаш тој станува ѕвезда. Среќата му се насмевнува и сега го знае буквално секој.
Но, тоа не влијае добро на бракот со Брук, а трачевите за него долеваат масло на огнот.
Типична чик литература. Од оние кои се знае како ќе завршат. Добра за пуштање на мозокот на пасење и нормално лесно и брзо се чита.
 

InnaLaurie

Истакнат Член
12 март 2012
281
322
363
30
На некој пуст остров
majkatanaperl.jpg

Мајка и на Перл, Ејми е осудена на 20 години затвор поради убиството на нејзиниот сопруг, татко и на Перл. Што ке се случи кога ке излезе таа и како Перл ке ја прифати мајка си!? Зошто Ејми си го убила сопругот што бескрајно го сакала!? Многу прашања, а моите одговори беа неточни. Ништо не беше како што очекував. Добар роман со паралелно расказани приказните од младоста на Ејми и на Перл. Вреди да се прочита. :)
 

WomanInRed

Староседелец
15 февруари 2012
1,324
3,218
1,123
Порака во шише - Николас Спаркс

Во кратки црти, станува збор за една девојка, жена во своите рани 30-ти години која додека е на одмор ќе најде на брегот едно писмо кое е затворено во шише. Брановите го исфрлиле шишето кое пловело низ океанот. Таа го чита писмото и сфаќа дека е напишано од страна на некој маж. Но тоа едноставно изгледа како да не е можно да го напишал маж...
Емоциите кои ги содржи, речениците кои се напишани, сето тоа звучи толку добро, што таа едноставно не може да поверува дека таков маж може да постои на светот. Чини дека се заљубила во него преку самото писмо, иако не го познава... Тогаш одлучува дека мора да го најде, едноставно мора да го запознае човекот кој го напишал тоа писмо.

Прекрасна, лесна и интересна книга.
Нема да ве остави рамнодушни.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: InnaLaurie

LadyInPink

Истакнат Член
14 февруари 2012
1,236
1,749
113
Малку таму, малку овде...
Папата Јована-Дона Вулфолк Крос
Во делот наменет за критики стои дека после читањето ќе сакате да верувате дека се е вистина. Одлична забелешка.
Искрено, не сум човек кој после некоја прочитана книга веднаш бара одговори и ја проверува точноста на содржината по интернет или енциклопедии. Ниту за оваа книга не направив исклучок. Сакам да верувам дека се било така како што е напишано.
Сакам да верувам дека папата Јована постоела. Жена која успеала во машки свет.
Книгата ме воодушеви. Многумина ја фалеле и сега сфаќам дека биле во право. Една од ретките книги со историска и донекаде религиозна тематика кои мене ми се допаднале.
Веројатно ќе прочитам уште многу книги, но дефинитивно оваа секогаш ќе држи место на врвот, меѓу најдобрите.

Во лов по Хари Винстон-Лорин Вајсбегер
Со секоја следна прочитана книга која спаѓа во чик литература сфаќам дека мене тоа веќе не ме интересира. Ме замара, ми делува банално и веќе видено Оваа претерано потсеќа на Сексот и градот. Како првичната инмспирација да била земена од таму. Бидејки мразам копии и лоши имитации, книгава не ми се допадна.

А потоа-Гијом Мисо
Неговите дела не ми се омилени. Ја зедов од досада, ја прочитав од досада и додека ја читав задремував од досада.
Значи, уште една книга на листата од книги кои не ги препорачувам. Навистина, не знам што гледаат луѓето во делата на човеков и во неговите раскажувања за личности кои се вратиле од мртвите... Мене тоа дефинитивно не ме привлече.
Морам да напоменам дека ми се допадна како раскажува и како ги создава ликовите, но она што не ми се допаѓа е содржината на делата.

Шепнувачот-Донато Каризи
Како и од „Папата Јована“ и од оваа многумина се фасцинирани. Јас не.
Кога читам книги од овој жанр секогаш го претпоставувам крајот. И во повеќето случаи сум се излажала. Овде не.
Уште од почеток знаев дека затвореникот со тој и тој број кој е опседнат со хигиената не е таму за џабе, а после сфатив кој е шепнувачот. Претпоставив и дека некој од тимот е вмешан со Алберт и не се излажав.
На крајот никаков пресврт. Како на авторот да му здодеало и ајде сега ќе кажеме кој е виновен.
Ме изненади ликот на Горан Гавила и неговиот завршеток. И приказната на Мила Васкез беше добра.
Ликовите, во главно, беа добро изградени и настаните реално доловени. Но, содржината на една ваква книга можела да биде далеку далеку подобра и пофасцинирачка. Особено расплетот.
 

Nighty

Староседелец
24 февруари 2012
727
1,181
1,103
bez%20zboguvanje.jpg

Без збогување - Линвуд Баркли
Не помнам кога последен пат сум прочитал 350 страни во еден ден, и кога сум останал буквално без сон за да прочитам до крај и да го дознаам расплетот. Ќе бидам што е можно пократок, и ќе откријам онолку елементи од приказната, колку да ве заинтересирам. :)

Синтија е 14-годишно девојче, кое има „бурна“ ноќ по која жолчно се расправа со родителите и легнува да спие. Следниот ден станува со цел да се „искупи“ за лошото однесување, но открива дека дома е сама, без притоа да има никакви знаци од нејзините. Исчезнати се без трага и глас, и никој ништо не видел/слушнал...
Fast forward 25 години подоцна - Синтија е скромна домаќинка, венчана и со една ќерка. Решава да учевствува во реално шоу за мистериозни случувања, мислејќи дека тоа ќе и’ помогне конечно да дознае што се случило со нејзините родители и брат, чие исчезнување не и’ дава мир. Резултати од шоуто ќе има, но резултати кои Синтија нема да може да ги отслика ниту во најлудите соништа...

Нешто што мене лично многу ми се допадна е што приказната се раскажува од гледна точка на сопругот на Синтија, па така ќе ги дознаеме и неговите чувства за целата ситуација, од сожалување, поддршка и љубов, па се’ до нетрпение, сомнеж и неверие...
Одлична книга, нема што! :)
 

Ghtalpo

Староседелец
27 февруари 2012
2,656
3,335
1,153
Шепнувачот од Донато Каризи,книгава е трилер за сериски убиец,искрено книгава е вистинска катастрофа а има некаде 600 страни,не препорачувам.
Втората книга Canone inverso od Paolo Maurensig е книга од некаде 160 страни ама далеку поинтересна и повеќе тера на разлислување од првата што ја наведов.Дејствието се врти околу една виолина и изобилува со музика (иако е книга ќе имате чуство како да ја слушате во вашите уши):)
Крајот малце ме изненади и мислам дека мозел да се потруди малце повеќе.Се на се интересна е.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Avona Vi and Saladin

Selma

Ingenious
15 февруари 2012
4,366
7,054
1,183
"Сонот на летната ноќ"- Вилијам Шелспир, за во школо ми треба и имам некои теми од делово за писмена. Мене не ми се допаѓа многу, во стихови е пишувана и тоа ме замара. Барем е поинтересна е од претходните што ми беа за читање.
 

WomanInRed

Староседелец
15 февруари 2012
1,324
3,218
1,123
Tри метри над небото - Федерико Моча

Стефано, или како што го викаат пријателите, Степ, е бунтовник, на мотор, кој со својата банда пријатели учествува на ноќните трки низ улиците на Рим. Него сите го познаваат, никој не смее да го погледне попреку. Но под суровата надворешност се крие едно фино и романтично момче кое животот го натерал да се затвори во оклопот на лош тип и поранешен затвореник.
Баби, средношколка во приватно училиште, принцеза на мама и тато, разгалена тинејџерка, чиј навидум совршен живот станува помалку досаден. Нивните патишта се вкрстуваат кога ќе започнат врска нејзината најдобра другарка и неговиот најдобар другар.

Прекрасна книга, не може ни да се спореди со филмот..
Ја препорачувам.
 

Angiie

Истакнат Член
16 февруари 2012
506
639
93
Неочекуваниот гостин-Агата Кристи
Нема да откријам многу за содржината на оваа книга. Едноставно ја прочитав во еден здив. Од почетокот до крајот Агата не’ држи во неизвесност за тоа кој е убиец на господинот Ричард, кој всушност е љубител на оружје и има хоби да пука во животни. Една магловита вечер тој е убиен, а неговата сопруга се обидува да го скрие вистинскиот убиец признавајќи ја вината. Со гостинот кој доаѓа во куќата смислуваат приказна и ги бришат старите докази за убиството.
За време на целата приказна нема ни да се посомневате во вистинскиот убиец. Барем јас не се посомневав во него :D
Навистина добра приказна. Книгата ја препорачувам на сите љубители на крими романи.
 

Давор

Староседелец
10 ноември 2012
1,300
2,081
1,123
Ангелски повик-Гијом Мисо
Ќе напишам мал дел од содржината на задната страна:
Во метежот на најголемиот њујоршки аеродром двајца деловни луѓе,буквално,ќе налетаат еден на друг.Мадлин и Жонатан брзо ќе ги соберат растурените работи и ќе продолжат секој на своја страна.Сепак,брзајќи да ги соберат своите работи, случајно ќе ги заменат мобилните телефони.Кога ќе ја согледат грешката,веќе ќе ги делат повеќе од десет илјади километри - тој е сопственик на ресторан во Сан Франциско,а таа работи во една париска цвеќарница.Нескротената љубопитност ќе ги доведе до фасцинантни откритија:ќе сфатат дека нивниот живот е нераскинливо поврзан со една тајна за која обајцата верувале дека ќе остане засекогаш скриена.Почетокот што навестува романтична комедија ќе се претвори во напнат трилер,а маестралната завршница ќе ги надмине и најголемите очекувања.
Интересна приказна,но морам да признаам дека очекував повеќе.Се работи сепак за прочуен автор,очекував некој спектакуларен крај.Сепак прочитајте ја,којзнае,можеби ќе ви остави поголеми впечатоци.