Со кое скопско такси се возите? Кое такси има најмногу попуст?

Шмекси

Истакнат Член
15 февруари 2012
1,133
1,065
113
Скопје
www.statik-group.com
Ретко се возам со такси затоа што имам лошо искуство, згора на се не се чуствувам сигурно кога ме вози друг особено таксист, затоа што на 2 пати ми се има случено сообраќајка кога сум во такси и тоа на прав пат.
Порано се возев со сити мислам дека беше, црни табли.
 
efederer

Админ
Член на администрација
2 октомври 2011
156
256
1,063
Иначе од денес Коммак Комерц (15193) возат со 40% попуст, а за над 200 денари 50% попуст - што е горе доле старата цена пред да поскапат.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Mila Kunis

Dea

Активен Член
14 февруари 2012
156
196
43
26
Со ГЛОБАЛ или НАШЕ ТАКСИ. Порано со ГЛОБАЛ многу се возев, ама сега дека НАШЕ ТАКСИ имаат 1 километар гратис... со нив се возам :D. И + другарка ми има картичка која дава попуст во НАШЕ ТАКСИ па исто ни е и ко со беспари да се возиме :D Проагаме со 30-40 денари за 3 километри
 
True_Blood

Upright
18 февруари 2012
1,133
2,389
1,133
Yellow submarine
Со Парк, пошто ми се во маало и знам со сигурност дека имаат попуст, а не како преварантите од Вардар ги корзираа колите низ цел град со толкави букви напишано дека возат километар гратис, за ко ќе стасаш до дестинацијата да ти објаснуваат дека мора да идеш кај нив во централа, па да земеш картичка за попуст...дрн, дрн јариња.

Секако, замижувам на веселите композиции од Фолк радио кои се неизбежен перформанс во било која кола на Парк, муабетите на таксистите за времето и економската состојба, и вечно нечистите подлоги за кола.
 
Mila Kunis

Истакнат Член
15 февруари 2012
2,290
3,528
443

И јас сум сведок на таков случај со Вардар, колку што искуца таксиметарот толку ни наплати, викам нели попуст има со повикот? Вика аа не ако имаш картичка тогаш попуст, викам па дај ми картичка? Аа не ќе си идеш у централа да си земеш.
 
Rusty

Истакнат Член
19 февруари 2012
27
17
303
Јас со Панорама,а ако немаат таму со Теникс.И двете не се скапи. а во Штип е многу ефтино.50 до 60 денари те носат кај сакаш.