Лудории кои ни го обележале детството

freak

Староседелец
18 јуни 2012
190
120
1,043
27
Битола
Темата е направена за да се потсетиме на сите оние лудории кои сме ги правеле во детството и кои ќе ни останат во спомените засекогаш. :)
Еве јас ќе почнам...
Секоја вечер особено кога беше лето се беревме во малата (вриеше од деца) ќе се договоревме некој да укради конец од дома и конецот ќе го заврзевме на две спротивни бандери за кога поминуваа луѓето да се сопнат....... еднаш и во полиција ќе завршевме оти врвеа едни со мотор и се истурија а ние му се изнасмеавме :giggle
Омразени деца бевме никој од соседите не не сакаше оти само глупости праевме. :mstickle
 

TIGERWOMAN31SK

Истакнат Член
3 јули 2012
822
697
93
крадевме неколку пати пакети сладолед,и неколку пати сокови :D.продавачот никад не се сомневаше во мене :kafe
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Marchisio and freak

Nemirna.

Активен Член
14 февруари 2012
116
84
28
Фрлање ќеси со вода и шишиња од 13ти кат ]:) Заебавање по телефони. Еднаш така фрлавме шишиња со вода и за 5 мин. ни се качи некој горе и ѕвони на врата. Сите се криеме под маса,ја на Господ се молев хахаахахаха мислевме џандари дошле :zelen
Не ми текнува на други работи, појше глупости правам ко поголема :pusi
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: freak

Hkakashi

Староседелец
13 јуни 2012
1,543
1,697
1,133
26
Куманово
качимо се у сокак и од тамо гаѓамо сс камења на улицу кт проваѓав људи сс авто или пешки. Едн пут сеќам се ја у још 2-3 другари гаѓасмо едну бабу сс стрелу ја гу погоди у сред гз. :rofl
 

Kisserboy

Староседелец
6 март 2012
2,451
3,795
1,153
28
Битола
играфме криенка и ја кревавме цела населба..после играфме фудбал седефме навечер сите заедно се мајтапефме..КРАДЕФМЕ ЦРЕШИ,ЈАГОТКИ и СЛИВИ..омилено никогаш не ме фатиле :sreken ... и мн др. работи
ЕДНОСТАВНО НАЈУБАВО БЕЗГРИЖНО ДЕТСТВО (inlove)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: freak

♠ Таа Сум ♠

Староседелец
17 април 2012
233
444
1,063
Скопје
Врзувавме паричник со конец,конецот го криевме под кола така што се гледаше само паричникот..А тој пак наполнет со десет денарки,мислиш полн е со којзнае колку пари..Колку луѓе се наведнува,колку кичми крцкаа..Ах убаво време,камо да можеше да се врати,макар и на еден ден....

Имаше уште многу лудории,секогаш кога ке се присетам на нив насмевката од лицето не ми бега :)
Можда неможе времето да се врати,ама барем спомените ке си останат засекогаш... (inlove)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: freak

Caci

Истакнат Член
15 февруари 2012
876
1,104
393
30
Струмица
бев многу лудо дете, моите аман викаа од мене :D имам правено многу глупости, еднаш што ми текна сакав да се видам на огледалото во дневна, ама тоа е така повисоко ставено и не можам да стигнам, ја повлеков масата до огледалото, а таа е стаклена, и се качив на неа, почнав да скокам и стаклото оппп се скрши :frantic татко ми вадеше лед од фрижидерот и ми рече носи го на терасата надвор и остави го таму, јас добро и јас носам носам, но не го оставам долу туку го фрлам преку тераса и така си фрлам, си фрлам и слушам некој човек исписка, леле кога почна да се дере, сум го погодила со ледот :x со другарка ми многу сакавме да маваме со земја на луѓето кои поминуваа по улицата, а ние од мојата тераса и дека висока ние ќе се скриеме и не не гледаа... :giggle собиравме мали алишта од нас и ги продававме на улицата, никој не сакаше да ни ги купи за жал :D кога си игравме со барбиките секогаш излегувавме надвор и кога ќе се распостелевме насекаде играчки, пред мојата куќа не можеше некој да помине, битно ние уживавме :giggle многу сакав на мајка ми да ги носам алиштата, штиклите, да се шминкам, ама се и правев лом, немаше таа нешто што јас ќе го облечам после да биде ок, се и беше испокинато, расипано и така... многу сакав и да тропам на тенџериња, кога ќе ги извадев лом правев (facepalm)исто сакав и моите алишта да си ги сечам, да си правам маички на гол пап :D доста пишував многу е тоа, има уште премногу други интересни случки, ма да случките и глупостите од тинејџерките години не може да ги замени ништо... ехххх времиња беа тоа :eek
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: freak and Nighty

Dolphine

Истакнат Член
25 јуни 2012
304
302
63
Кај нас во маало бевме 10тина деца на иста возраст и цело време се дружевме. Бидејќи живееме во мирно место навечер останувавме до доцна да си играме на улица, но бевме многу гласни. Имавме едни комшии, малку по во години, сега се мртви (бог нека си ги просте) и тие никогаш не ни даваа да си играме пред нивната куќа, секогаш не бркаа :D а ние намерно уште погласни бевме.
На некој начин како да почнавме војна со нив :D За да им вратиме со мали камченца им удиравме по прозорец за да ги разбудиме, имаа кајсија во дворот и се качувавме и беревме, а тие истураа вода по нас. Се сеќавам колку пати си идевме утоп дома. :D Се на се, беа добри времиња и имавме прекрасно детство за разлика од денешните деца што се цел ден пред компјутер.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: freak, Martin_MKD and Caci

Mystique

Староседелец
18 јуни 2012
753
1,413
1,103
Леле каква убава темааа(inlove) Ми се плаче што тие времиња нема да се вратат, но среќна сум што можам да се пофалам на едно радосно и секогаш во игра, најмило детство.
Со какво нетрпение ја очекувавме пролетта.... неописливо. Немавме ни мобилни ни ништо но кога и да излеземе ќе наидевме на другарчиња од маало. Бевме мешани но жените преовладуваа:) , сепак игравме машки игри. Фудбал беше неизбежен, како инаку ќе заминевме дома црни, испрашинети и калави:D . Само што ќе се стемни почнуваат жмурки, граница, стој стој, како и раскажување на страшни приказни за духови:):)(таман за пред спиење да си изрежираме добар сон):):) Малку кога потпораснавме почнавме да пееме ама навистина да пееме:)) Правевме концерти, си направивме “бина“, викавме гости од маалата околу нашето, смислувавме кореографија и наша мала евровизија:):) Исто редовно правевме и квизеви. Победникот е домаќин на следниот квиз, тој ги смислува игрите, прашањата , наградите и жирито:):) Дама, Лепчиња, Одбојка, Ластик, како и карање со одредени комшии кои не бркаја, незнаејќи дека со тоа ни го прават денот уште поинтересен:) се неизбежни игри кои исто така беа дел од нашите денови без крај. Навистина деновите траеја траеја и траеја. Лудориите ми го облежаа детството , а детството ми го обележа животот. Среќна сум за овие спомени.:sreken(inlove):D(happy):igra(party)