Ајде овде да позборуваме за тоа до кое ниво е дојдена македонската спортска култура. Говорам општо. Многупати имам забележано, дали на телевизија или во живо кога ја свират химната на противничката екипа, нашиве сељаци почнуваат со исвиркувања и довикувања. Е во тој момент ми доаѓа да пропаднам во земја, па која нација, која цивилизација сме ние бре, шо демек со тоа го пумпаме егото или докажуваме дека сме нешто подобри од другите... стварно е за жалење таквата ситуација.
Друго нешто шо ме нервира е примитивното однесување на некои навивачки групи. Моментот кога домашната навивачка група ќе почне да ги вади столовите од салата во која и друг ден треба да дојде и да ги фрла на теренот е врв на глупоста и апсурдот.
Во многу случаи во салите оставаат само по 2-3 полицајци кои се само неми гледачи на целата "претстава" и не смеат да мрднат со прст оти на крајот тие ќе го јадат.
Дали овластените лица навистина се немоќни или намерно се прават удрени како би имале некои други привилегии ? Типувам на ова второто.
Факт е дека треба уште многу да работиме на спортската култура и организацијата на домашни спортски натпревари.
Дали можеби вие сте имале некакви искуства кои сакате да ги споделите ?