Како се докажува љубовта?

melpomena

Енигма
3 март 2012
8,210
17,754
1,673
На сигурно
Со што се докажува љубовта?
Дали воопшто љубовта се докажува?
Што е тоа љубов?

Во животот 5 работи неможат да се вратат назад
-каменот кој е фрлен
-кажаниот збор
-можноста која сме дозволиле да ја изгубиме
-поминатото време
-љубовта за која не сме се Бореле

Ако треба љубовта да се докажува,тоа уствари и дали е воопшто љубов?
Од друга страна пак,љубовта се докажува со дела и зборови.
Љубовта е смислата на постоењето.

Како вие размислувате околу овие работи,поточно,што за вас претставува љубовта?
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: PREPOZNATLIVIOT and emzzy

emzzy

Староседелец
25 февруари 2012
1,376
1,875
1,123
Љубовта се докажува пред се` со грижа еден спрема друг, недостиг исто така.
Не може со едно - те сакам да се докаже во вистинска смисла, за мене преку дела најлесно може да се докаже. Те сакам е најлесно да кажеш, ама да докажеш е потешко.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: WomanInRed and melpomena

Мортидо

Староседелец
6 март 2012
1,056
1,575
1,133
Yellowknife, NT, Canada
metatron86.deviantart.com
Што се тиче љубав у романтична хетеросексуална врска, докажувањето и покажувањето на љубовта е условено од интензитетот на самата љубов во таа врска. Доколку интензитетот е голем, личноста ќе се однесува на еден начин, доколку е помал, на друг. Љобовта доколку постои, таа самата си знае како да се испразни. Љубовта има мотивационо дејство и го гони човекот да дејствува на начини на кои предходно никогаш не дејствувал. Ќе ја земам како пример нервозата. Доколку помалку сме нервозни во моментот, реакцијата може да биде мала, но доколку сме пипер љути ќе следува појака реакција која може да доведе до агресија. Исто е и со љубовта кон партнерот. Можете и самите да се стајте на мислење и да увидите како сте се однесувале со некој кон кого не сте чувствувале ништо или малку и со некој кон кого сте чувствувале многу. Однесувањето не било исто. Во вториот случај таа душевна енергија, тоа либидо во вас раководело со вашето однесување. Исто пример ќе земам кога во една врска постои привлечност, постои, страст, постои љубов ... и кога сето тоа по одредено време ќе исчезне ... Однесувањето нема да биде исто потоа, лицето ќе престане да ја докажува љубовта од проста причина што и таа љубов повеќе ја нема во него... А човек може да глуми дека не е заљубен, но дека е заљубен никогаш ... може одредено време, но веднаш ќе се дознае глумата ... Затоа брадрс ен’ систерс, доколку има љубов во вас, доколку го љубите партнерот, самата таа љубов ќе ви диригира како да ја емитирате од вас ... Секој човек на различен начин ја докажува љубовта, а тоа зависи од неговиот карактер. Некој преку романтики-патетики, некој е многу внимателен, некој друг пак преку улогата на заштитник итн... само треба да се има на ум дека и се што е претерано може да има негативни ефекти. Постојат ликови кои и покрај тоа што го љубат партнерот нивното Его не дозволува да ја покажуваат поради што ти ја знам, се плашеле да не бидат повредени, извисени, од гордост бла бла... Меѓутоа, тоа не е убаво. Љубовта како и сите емоции не чини да се потиснуваат во себе туку треба да се испразнуваат. Ако тие емоции не се емитираат на соодветниот начин, тие кога тогаш ќе се испразнат преку некои други вентили, а и самото потиснување е штетно за психофизичкото здравје ... Потиснатата љубов се претвора во отров и може да се испразни во вид на агресија и други негативности ... но тоа е веќе друг муабет...

...и ондак то.
 

Мортидо

Староседелец
6 март 2012
1,056
1,575
1,133
Yellowknife, NT, Canada
metatron86.deviantart.com
само со секс тое е најголемо дело
имаш право до некаде ... и сексот е еден од најголемите дела, а и доказ дека љубовта е тука ... Желбата за секс со партнерот е многу поголема и сексот е многу подобар доколку љубовта е во изобилство ... и тука сексот не е само празнење на биолошкиот нагон. А ако приметиш дека и покрај твоите додири и нежности, женска ти доле е барут сува, имам лоши вести за тебе.


(nod)
 

TIGERWOMAN31SK

Истакнат Член
3 јули 2012
822
697
93
и со зборови и со дела,исто така и да се бори а не кога ке ја освои да скрсти раце дека голема работа завршил и ке одмара.
 

mila mila

Истакнат Член
31 март 2012
192
154
343
Љубовта не мора да се докажува.Самото однесување почитување и самите постапки си говорат за самата љубов.
Не мора да се докажува "Е ова и ова го правев за тебе да ти докажам дека те сакам".Ако има такво нешто сигурно не е тоа правото.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: melpomena and parvati

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,518
1,183
Big Sur
Како се докажува не знам, оти мене никогаш не ми успеало.
Ама затоа многу добро знам како не се докажува.
Едно „Те сакам“ во никој случај не е доказот, и на нерви ми скока некој/а кога ќе се полета „Ама ми рече дека ме сака“, а кога ќе прашаш „А од кај си сигурен/на?“ добиваш „Епа ми рече бе! (inlove)
Сега нормално, не треба убивање и лижење задник на секое, ни тоа не е доказ па ич.
Доказот овде е комплексна работа, ако воопшто може да се употребува терминот доказ.
Континуитет си треба. Константна отвореност и искреност, без заташкување работи, шврљање и правење на Тошо за проблеми кои се наметнуваат. Тоа што меѓусебно партнерите ќе се почитуваат, ќе си бидат искрени еден спрема друг и нема да дозволат никој од страна да им се вмешува и да им влијае врз врската, е доволно доказ дека двајцата си се потребни еден на друг и никакво друго влијание не им е битно. И многу нормално дека кога ти е мирна главата од такви работи, значи дека се’ си е на свое место и дека тука нема место, ни потреба за дополнително докажување.
Се’ останато ко екстра внимание, поклончиња, срценца, прценца е бонус, но не мора да претставува доказ, во некои случаи дури може да претставува и искупување за оние што си ја имаат мувата на капа.