Смртна казна

Воведување смртна казна во Македонија?


  • Вкупно гласале
    64

iva89

Полноправен Член
27 февруари 2012
76
75
18
Ваква тема изисквува опширна дебата, полемизирање, изнесување pro и contra ставови.
Ставовите кои ја оправудваат смртната казна се дека таквата казна е справедлив надоместок кон општеството и поколенијата на жртвата, кои на таков начин ќе го смират својот неспокој во сеќавање на жртвата која настрадала од убиецот. Како најопшт впечаток кој се остава во јавноста при извршување на смртна казна е тој дека правдата била задоволена, дека тој ја добил заслужената казна.
Од другата страна на правдата се наоѓаат оние ставови на експерти кои не ја оправудаат смртната казна со едно едноставно објаснување- судот со изрекување на смртна казна врши уште едно убиство. Веќе осуденикот претходно извршил едно или повеќе кривични дела за кои е изречена таквата казна (убил, силувал и убил, извршил повеќекратно убиство, масакар и сл.), и со изрекувањето на истата судот не го спречува понатамошното извршување на таквте и слични кривични дела, туку го избира најсоломонското решение- убива уште еден човек, убиецот.
Се поставува прашање кое може да има а може и да нема конкретен одговор- Дали со изрекувањето на смртната казна во иднина ЌЕ СЕ СПРЕЧАТ убиствата, силувањата...? Дали ако на еден осуденик му вбризгаме инекција, го седнеме на електрична столица, го задушиме со гас, дали со неговата смрт некој друг човек од останатие 6 милијарди нема да стори исти кривични дела?
Секако дека ќе стори, и апсолутно не се менува ништо во свеста на луѓето иако се извршуваат смртни казни ширум светот (некои држави во САД, Кина и сл.) Со извршувањето на смртната казна се убива убиецот, и на тој начин му се скратуваат маките кои би ги доживеал под специјален режим во затворот.
Суштината на една затворска казна (почнувајќи од затворот Синг-Синг, Пенсилванискиот систем на окајување на грввот во тишина итн.) е осуденикот да ја издржи казната затвор, макар било тоа во вакви случаи и до крајот на животот, да биде изложен на тежок живот, различен од оној во реалниот свет, а не веднаш да се убие а во реалноста повторно да се повторуваат истите и слични кривични дела.
Нашите затвори ги немаат тие услови за такви казни..од многу блиски извори дознав дека на осудениците на доживотна им се даваат телефони и имаат пристап до интернет и ги пуштаат повремено надвор во дворот
 

Praetorian

Староседелец
24 февруари 2012
326
396
1,063
Нашите затвори ги немаат тие услови за такви казни..од многу блиски извори дознав дека на осудениците на доживотна им се даваат телефони и имаат пристап до интернет и ги пуштаат повремено надвор во дворот
Доживотната казна во нашиот казнен систем се заменува со казна затвор од 15 години.
А за интернетот...http://www.facebook.com/profile.php?id=100003617690500- Дино Динов- осуден на доживотна за убиство на Сандра, млада девојка кај автопазар пред 5-6 години.
http://www.facebook.com/profile.php?id=100003709625962- Виктор Карамарков- верувам добро го знаете од пред година-дена.
 

iva89

Полноправен Член
27 февруари 2012
76
75
18
Доживотната казна во нашиот казнен систем се заменува со казна затвор од 15 години.
А за интернетот...http://www.facebook.com/profile.php?id=100003617690500- Дино Динов- осуден на доживотна за убиство на Сандра, млада девојка кај автопазар пред 5-6 години.
http://www.facebook.com/profile.php?id=100003709625962- Виктор Карамарков- верувам добро го знаете од пред година-дена.
Овие двајца си се пријатели и на фб хаххаа..тоа е тоа што ти викам дека нашиот и затворите во др.земји не можат да се споредат.Пред некое време ги имаше 10те најозлогласени затвори во светот е тоа се затвори и казни а не ова кај нас!
 

Praetorian

Староседелец
24 февруари 2012
326
396
1,063
Овие двајца си се пријатели и на фб хаххаа..тоа е тоа што ти викам дека нашиот и затворите во др.земји не можат да се споредат.Пред некое време ги имаше 10те најозлогласени затвори во светот е тоа се затвори и казни а не ова кај нас!
Најубаво да се воведе Пенсилваниски систем на затвори. Буквално, таков систем постоел пред 40-50 години во САД, каде озлогласените затвореници го окајувале својот грев молчејќи и читајќи книги.
А за оние психопати и сериски убијци само рудник во Северна Кореја.
 

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,518
1,183
Big Sur
Психопат со откачена жичка, не може да се врати назад, па да биде подложуван на казни или што ти знам, со надеж дека ќе се покае. Може некоја минимална промена, или едноставно ќе му се втера во мозокот дека направил грешка, но никогаш нема да се знае колку и дали навистина се покајал. исто ти е ако човек изгуби некој екстремитет, може да се најде замена, но не е тоа она вистинското.
Затоа, пролонгирање на животот на таквите - не фала. Молим лепо седни си на столица and enjoy the ride.
Секако, со цврсти докази и во поекстремни случаи.
За паразит што не чувствува ништо, премија е да остане само во затвор. Џабе самици и тепања, џабе се’, тој ќе си остане ко растение. Само ќе го хранат таму и ќе живее дури други скапуваат поради него.
Не велам дека е тотално фер, не можеме ние да судиме за туѓ живот, ама пак не можел и не смеел ни тој.
 

Sebastian

Активен Член
17 февруари 2012
174
110
43
Доста дискутирана тема.Имам разговарано со секакви луѓе некои ја сметаат за неопходна други сметаат дека со тоа се докажува нашата човечност.Јас сум против,да кажам однапред.
Честопати ќе се одтвори долема за ова па веднаш ќе праша некој што ако некој криминалец ти ги убие најсаканите личности во животот и потоа остануваш сам.Лесен одговор ќе бараш да се осветиш и да му вратиш на таквиот со ита мера(да не глумиме сите во таква ситуација ќе го помислиме тоа)но факт е дека ние сме индивидуи.Индивидуи кои градиме еден комплексен систе наречен општество.А општествената заедница е секогаш над индивидуата по тоа доаѓаме до некој заклучок дека општеството како заедница треба далеку попаметно и почовечно да размислува од единствена индивидуа.
Оваа санкција претешно се спроведува во "современите диктатури" кои се наоѓаат претежно на истокот.Но кај нив се јавува традционализмот и фундаментализмот како убедувања и оваа сакнција кај нив за жал ќе опстанува многу долго.Но што правиме со другите односно демократските земји.Во неколку соединети држави ја имало сега повеќе ја нема но во некои не се успеало со нејзино искоренување и таа сеуште опстанала.Колку е човечки тоа што се прави за тоа секој има различно мислење.Но секогаш треба да се запрашаме колку сме постигнале со тоа што сме вратиле со иста мера и на ист начин како некој криминалец.Тоа не прави скоро исти со него.
 

Hip.Hop_MKD

Староседелец
15 февруари 2012
2,204
3,933
743
А бе јас сум поделен кон ова прашање:
1. Подржувам затоа што треба, премногу силувачи, убијци итн.. слична багра. Да се исчисти тоа..
2. Не подржувам затоа што населниево во државава драстично ќе се намали..
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Bum-Bum

Badass

Истакнат Член
16 февруари 2012
63
87
333
26
До некаде сметам дека како луѓе ја немаме таа моќ и привилегија да одземеме нечиј живот.
И после ќе видам на вести некои дегени заостанати како претепале силувале и запалиле жена.
Тоа не заслужува смртна казна. Заслужува кастрирање со ноктарче или аутопсија без анестезија.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Caci

Kitty

Староседелец
26 март 2012
2,673
6,921
1,153
Cabo San Lucas
Не сум за смртна казна, зашто некогаш и невини луѓе се казнети по грешка..
Меѓутоа постои дозивотна казна затвор, и плус како додаток на тоа нека има ќотек три пати на ден
на пример за педофилите зборам , тиа заслужни се за тоа...
еве некои факти за смртна казна.
Бројот на извршени смртни казни во светот речиси се удвоил, а Кина води со речиси две третини од вкупно извршените егзекуции, велат од Amnesty International.
Во својот годишен извештај, тие наведуваат дека во 2008 биле погубени 2390 луѓе, од кои дури 1718 (или 72%) биле егзекутирани во Кина; додека во 2007-та биле погубени 1252.
8864 луѓе во 2008 година биле осудени на смртна казна, за разлика од 3347 во 2007-та.
Како позитивна вест се наведува дека само 59 држави ја задржале смртната казна, и дека само неколку од нив и навистина ја спроведуваат.
Од Amnesty International, исто така, велат дека за казните како што се обезглавување, каменување до смрт или усмртување со струја нема место во дваесет и првиот век.
Три земји во 2008 година ја укинаа смртната казна. Тоа се Аргентина, Чиле и Узбекистан.
Белорусија е единствената европска земја која сè уште ја спроведува.
Од дваесет и петте земји кои ја спровеле смртната казна во 2008, Кина е најригорозна. Ви извештајот се вели дека властите од Кина користеле смртоносна инјекција и стрелање во најмалку 1718 егзекуции. Официјален Пекинг никогаш не објавува податови за извршените смртни казни. ќ
САД се наоѓаат на шестото место во светот по бројот (37) на спроведени егзекуции на осудениците.
Други земји во кои најчесто се извршува смртната казна се Иран (346), Саудиска Арабија (102), Пакистан (36) и Ирак (34).
Либерија ја воведе најстрогата казна за извршување грабежи, тероризам и грабнување.
Од земјите од нашето соседство, Албанија ја укина смртната казна во 2000 година, Босна и Херцеговина во 1997, Хрватска во 1990, Грција во 1993, Србија во 2002, Бугарија во 1998, Црна Гора во 2002.
Од европските земји, Австрија ја укина во далечната 1950, Данска во уште подалечната 1933, Финска во 1949, Франција во 1981, Германија во 1949, Норвешка во 1905, Швајцарија во 1942, Холандија во 1870, Исланд во 1928, Шведска во 1921, Шпанија во 1978, Словенија во 1989, Португалија, во 1867 година, додека Сан Марино, се чини, најрано, во1848.
Македонија ја укина во 1991 година.
 

Alex M.

Староседелец
17 февруари 2012
330
523
693
London,UK
Сум за смртна казна, кога некој може да си земе за право да прекинува, уништува туѓ живот..зошто тој некој да помине неколку години во затвор и пак да продолжи со истото?