Страв од заболекар

Natenceto

Староседелец
6 март 2012
1,031
1,193
1,123
Скопје
Јас кога бев мала морав да идам да ја вадам 6тката. И идеме со мајками и дека докторов по род дедо ми се паѓа, ама е многу млад за да му речам дедо. И сеа мене од инекции одамна немам страв, ама кога ќе ги видам клештите, почнувам да се тресам и овој ми го вади и на сред вадење го фатив за гуша мислам од болка не можев значи, после од кога ми го извади како олекнување и му се извинив. Да не беше асистентката негоа мислам сирот дедо ќе настрадаше. И ден денеска ми е страв да одам, кога ќе видам тоа столчето, приборите,машината.... бррр:ladno
 

близнак

Староседелец
21 јуни 2012
169
306
1,063
Спасот од заболекар е одма да го посетиш. Ако почекаш, ќе боли и со анестезија...
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: True_Blood

Препознатлива

Истакнат Член
27 јуни 2012
119
94
328
Оф леле нешто најтешко и најстрашно што ми е е заболекарот. Одбивам и денеска да одам на забар иако глупо е на мои години да се плашам сеуште али ајде се надевам некој ден ќе го победам и стравот :)
 

Slims

Активен Член
19 април 2012
192
177
43
Имам една другарка која има фобија од заболекар, не можеш да ја натераш да отиде, а камоли пак да седне на столчето. Еднаш едвај ја намолив и се договоривме заедно да отидеме и јас ајде прва влегов, бидејќи неа ја беше страв и остана да чека, и додека заврши докторката со мене, излегувам и гледам празна чекална. И се јавив и ми кажа дека испаничила и си отишла.
Јас само како мала имав страв да не ми го продупчат јазикот со машинката :D Ама ете, пораснав. Дури сега сум и зависник од болка во забот (понекогаш си ги бодам со чепкалка за заби само за да ме боли). :D
 

Aaliyah

Староседелец
13 февруари 2012
888
1,090
1,093
Скопје
Ауу фобија имам од забари.Како помала една глупача 4 саати ми правеше еден заб :gjavol
Ништо неможе да ме натера да отидам,ќе трпам болка ама не идам бре! :nah
 

Caci

Истакнат Член
15 февруари 2012
876
1,104
393
31
Струмица
Преголем страв имам од заболекар, некако ме плаши звукот од таа машината :eek а стравот е толку голем што дури цела се тресам, понекогаш и плачам кога ќе седнам на столчето :giggle психа сум голема за таа работа и само со татко ми одам на заболекар, со друг никој не сакам :)
 

Wild.One

Истакнат Член
17 јуни 2012
197
147
343
Wonderland
Јас имам убав и млад заболекар и убо ми е ко ќе одам :D

Немам матичен заболекар, да се запишам кајнего? :D :D

Страв ми беше кога бев мала, амбулантата во вис ја кревав и сега пред некое време бев и сватив дека стравот бил поголем од болката :D
 

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,518
1,183
Big Sur
Тапа. Никогаш нит ми било страв, нит ме болело.
До психата си е. Јас од 6 години кога почнаa заби врз млечните заби да ми раснат, си одев без гајле на заболекар.
И ден денес одам во истата ордијација. Имам правено заби, па дури и живец имам умртвувано и вадено без анестезија (оти се ежам од игли, ете, секој со свој страв) па еве ме жива и здрава. Ко на гости си одам таму.
Опуштете се тука. Стравот од болка и стегнатоста ве болат.
А богами и забот ќе боли ако не појдете навреме па ви скапе.
И ќе смрдите на скапано наоколу кога ќе зборите и нема да ви прават муабет. Ако. :cool:
 

Teddy Picker

Староседелец
15 јуни 2012
155
162
643
Фоф компирето
Само првиот пат на 11години, имав заб за пломбирање, ми беше страв глава у ординација да подадам. Сеа пак му имаат стаено лек на едно запче, за две недели ќе оди на бушење, а оваа дентисткава вели дека можда и ќе се вадел ако не можи да се напраи. Моја вина, премногу одолговлекував додека да идам, не го забакарив :|