Дали стилот е бесплатен?

The_countess

Истакнат Член
10 јуни 2012
441
545
193
29
Ако немаш пари, неможеш да купиш облека!
А ако немаш облека - одиш ГОЛ.
Од кога голотијата е стил?!
Нема веќе ништо бесплатно :D
 

existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
Ако немаш пари, неможеш да купиш облека!
А ако немаш облека - одиш ГОЛ.
Од кога голотијата е стил?!
Нема веќе ништо бесплатно :D
А од кога стилот е нешто што се купува со пари? Еве јас ќе ти дадам пример. Тетка ми, нема многу пари. Си купува платненца и за 200 денари си прави гардероба и сите ја прашуваат од каде ја купила. Тоа што луѓето се премногу навикнати да чекаат се` на готово почнува да ми доаѓа на живци.
И да, голотијата е стопати подобро дело отколку неестетски облечен човек.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: $3Я3|\||)&p&†Y and Bibi@

The_countess

Истакнат Член
10 јуни 2012
441
545
193
29
А од кога стилот е нешто што се купува со пари? Еве јас ќе ти дадам пример. Тетка ми, нема многу пари. Си купува платненца и за 200 денари си прави гардероба и сите ја прашуваат од каде ја купила. Тоа што луѓето се премногу навикнати да чекаат се` на готово почнува да ми доаѓа на живци.
И да, голотијата е стопати подобро дело отколку неестетски облечен човек.


Сепак потрошила 200 денари.
А како ќе купи/направи со 0 ден.?
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Avona Vi

Клара

Полноправен Член
17 февруари 2012
80
58
18
Стилот е бесплатен дефинитивно, тоа е талент или го имаш природно или го немаш
не се купува, можеш да купиш најскапа облека и да незнаеш како да ја носиш, а можеш и најефтини парчиња да купиш и да изгледаат прекрасно кога ги носиш.
Во секој случај мораш да купиш облека, нели нема гол да шеташ, дали поскапа или поефтина не е битно, но тоа после купувањето е СТИЛОТ односно начинот на кој ќе ги носиш и самите размислувања при изборот додека купуваш. Иначе бар денес и за помалку пари можеш да купиш прилично соодветни парчиња облека, па да си изградиш стил, немора да значи дека за да бидеш со стил треба да имаш куп пари и да ги следиш најновите трендови.
 

existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
Сепак потрошила 200 денари.
А како ќе купи/направи со 0 ден.?
А демек ако потроши 10 000 значи дека има стил? Сеа ми млатиш празни муабети, потрошила 200 ден. Тоа што ти го купуваш да го носиш не можеш да го наречеш твој стил затоа што ништо од тоа не е Твоја креација. Кога ќе носиш нешто што си го направила тогаш можеш да речеш дека имаш твој стил, а колку е естетски тоа ќе биде друго прашање. Сеа се разбираме?
 

Anakin

Истакнат Член
23 август 2012
869
977
203
Стилот не е само начин на облекување...стилот е начин на живеење....

Постара госпоѓа мажена во рурална средина...секое утро денот го почнуваше со шоља чај убаво стокмен во стар ама добро избелен порцелан и свежо цвеќе на масата (кога китка трендафил, кога серско во зависност од сезоната). На нејзиниот врат секојдневно висеа бисери едноставно склопени, кои не беа скапи ни оригинални. Сама си ги шиеше фустаните, имаше фустан за секој ден , а со него во комплет одеше сетре во различна боја . Чевлите и беа чисти и изгланцани ,иако имаше само два- три пара тие беа одбрани да одговараат со се , лицето смирено и благо насмеано. Лоши зборови не употребуваше , со секого беше пријатна и одмерена. Работеше и физичка работа и домаќинка беше но наоѓаше време за негување на рацете и лицето. Единствено за што собираше пари и единствен луксуз кој си го дозволуваше еднаш или двапати во годината беа две мали шишенца француски парфем. Таа никогаш не виде океани и метрополи , напротив само неколку пати беше во посета на Белград. Таа никогаш не изгледаше како да жали што не видела ништо, што немала пари, што не уживала луксуз....таа беше дама, таа ја менуваше околината , таа навистина навистина живееше убаво, дама онаму каде што дамите ги нема....стил онаму каде што не го познаваат тој збор.
 

True_Blood

Upright
18 февруари 2012
1,133
2,389
1,133
Yellow submarine
Јасно е дека стилот е цело едно функционирање на една индивидуа, иако тука чинам најмногу за облеката се потенцира.
И не, таа не е ефтина нит бесплатна, престанете да ги лажете децата, зашто после се траскаат од земја по дома. Вистина е има ефтини работи, ама како и да вртиш, да скоцкаш нешто на тебе нема да поминеш без 1.500-2.000 денари, а некои луѓе не можат да си дозволат месечно да трошат толку пари на креирање стил.
И да, може ти овој месец фармерки да купиш, другиот блуза...ама додека да оформиш комбинација нели, тие фармерки ќе ги носиш со блузите што веќе си ги имаш и обратно.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Jericho