Нумеролошка анализа на името

Mila Kunis

Истакнат Член
15 февруари 2012
2,290
3,528
443
Скопје
Секое име има свои карактеристики, така што секоја буква е врзана со некој број. Овој "тест" е едноставен - најдете ги буквите од вашето име и презиме и потоа соберете ги соодветно броевите, така што на крајот би добиле едноцифрен број кој има свое специфично значење.
А, И, Ј = 1
Б, К, Ќ, Р = 2
Ц, Г, Л, С, Ч, Ш, Љ = 3
Д, М, Т, Џ, Ѓ = 4
Е, Х, Н, Њ, Ѕ = 5
У, В = 6
О, З, Ж = 7
Ф, П = 8
На пример: Ана Кирова

1+5+1+2+1+2+7+6+1 = 26 = 2+6 = 8



Значење на броевите:

1 - Личноста кој го носи овој број е силна, понекогаш дури и егоистична, секогаш во работите тргнува од себе. Има висока интелигенција и е предодредена на среќа. Понекогаш сте живчани, но само поради тоа што понекогаш премногу делуваат растроено.

2 - Овој број носи среќа и задоволство, се работи за дарежлива и стаствена личност. Тоа се емотивни личности, сентиментални и многу, многу романтични.

3 - Ова е возвишен број и личноста која го има е често предодредена за големи случувања. Тие се интелигентни, духовни, па се чини дека често го "слушате" вашето трето уво. Ови лица некои работи ги знаат уште пред да се случат - предосеќаат, и по правило, нив ги очекува «голема судбина».

4 - Овој број претставува солидарност, обврска, потполна затвореност на личноста која го носи. Таквите личности се професионалци, а нивната предност е слободата на умот и кршење на табу темите. Се работи за комплексни личности, одлични пријатели, партнери, деца, родители. На нив, секој може да смета!

5 - Друштвени личности, вистински светски патници. Ја сакаат слободата, дружењето, движењето. На нив најдобро би им одговарало живот во голем град, работа во која ќе комуницираат со многу луѓе. Тие се весели и знаат навистина да уживаат во животот.

6 – Овој број е врзан со работата, таквите лица се способни, секогаш добро подготвени, организирани, често интелектуалци. Тие се одговорни родители, а им лежи професорска работа.

7 – Овој број често се врзува со музите и нивната уметничка дарба. Лицата со овој број се уметнички души. Дали се занимаваат со сликарство, пеење, пишување книги или нешто слично - воопшто не е важно, важно е дека умотноста и креативноста се вмешани. Дефинитивно помеѓу нив се кријат вешти уметници. Покрај смислата за убавините, тие често и физички изгледаат атрактивно.

8 – Ова е кармички број, така што лицата кои го носат овој број живеат речиси сосема поинаков живот. Смирени се, повлечени, својот приватен живот и мисли ги чуваат во себе, мистериозно криејќи ги од околината.

9 – На овие личности им е потребен многу простор, сакаат авантури и ризик. Тие уживаат во секој ден од својот живот. Често се работи за револуционерни, посебни, поинакви и го покренуваат гласот за реформи, за нов начин на живот и секогаш сакаат промени, нешто поинакво и нешто ново.

Мене ми се падна ова под 4 - Овој број претставува солидарност, обврска, потполна затвореност на личноста која го носи. Таквите личности се професионалци, а нивната предност е слободата на умот и кршење на табу темите. Се работи за комплексни личности, одлични пријатели, партнери, деца, родители. На нив, секој може да смета!
И потполно се согласувам:)
 

street_chic

Староседелец
14 февруари 2012
1,433
3,678
723
Portofino, Italy
1 - Личноста кој го носи овој број е силна, понекогаш дури и егоистична, секогаш во работите тргнува од себе. Има висока интелигенција и е предодредена на среќа. Понекогаш сте живчани, но само поради тоа што понекогаш премногу делуваат растроено.
(think) делумно точно ...