Третмани против опаѓање на косата

m.o.p.

Активен Член
14 февруари 2012
348
221
43
33
Чајџилница
дечки имам многу сериозен проблем косава ми паѓа многу кој може да помогне со секој совет е добредојден иначе сум машко и да самодовербата ми е у минус не искачам ич не се дружам у депресија дубока сум
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Bum-Bum

JaMi

Староседелец
22 февруари 2012
6,527
14,438
1,683
Таму каде што треба
дечки имам многу сериозен проблем косава ми паѓа многу кој може да помогне со секој совет е добредојден иначе сум машко и да самодовербата ми е у минус не искачам ич не се дружам у депресија дубока сум
иди провери на лекар која е причината за опаѓање,провери си го и присуството на хеликобактер на желудникот ,можеби да биде тоа причина за опаѓање на коса...(опаѓањето може да биде и наследно)но за да спречиш опаѓање најубаво да одиш на испитување ... кога ќе ја дознаеш причината докторите ќе ти дадат соодветен третман... наместо да се срамиш и да губиш самодоверба отиди си на лекар додека е време !
 

Marick14

Истакнат Член
17 февруари 2012
3,289
2,348
113
Софија
Како што кажа ЈаМи, доктор најубаво ќе ти помогне. А некои си шампони неиспитани не ти помагаат.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: m.o.p. and JaMi

JaMi

Староседелец
22 февруари 2012
6,527
14,438
1,683
Таму каде што треба
еве ти еден текст кој може да ти помогне
Автор:

д-р Милан Чакаровски

Есента е период кога природно доаѓа до зголемен губиток на влакна, меѓутоа, доколку проблемот е поизразен, треба да се провери дали тоа е можеби последица на лошата исхрана, прекумерен стрес или поедини здравствени проблеми. Освен промените на годишното време, опаѓањето на косата може да биде предизвикано и од употребата на некои лекови, недостаток на железо, полицистични јајници, проблеми со исхраната и стресните реакции.

Човековата коса расте од две до шест години. Во било кој период, околу 90% од нашата коса е во раст, додека остатокот се наоѓа во состојба на мирување, така наречена телогена фаза која трае од два до шест месеци, пред да опадне. Самиот фоликул на влакното тогаш мирува три месеци пред да се повтори целиот процес.

Косата е исклучително чувствителна.
Клетките на косата се втори по брзината на раст во телото, после оние на коскената срцевина, па затоа косата е прва која е чувствителна на стресогените реакции и може да предупреди на симптоми на некои заболувања.

Стрес

Стресот може да предизвика губиток на коса, а таа состојба се нарекува телоген ефлувиум. Косата влегува во состојба на мирување предвреме. Хроничниот стрес исто така може да ја забрза работата на имунолошкиот систем па леукоцитите ги напаѓаат фоликулите на косата. Освен тоа, стресот е поврзан со шок, кој предизвикува специфичен губиток на коса, таканаречена алопеција.

Лекови

Одредени видови на лекови, бета блокерите на пример, кои се употребуваат за висок крвен притисок, антикоагулантите за разредување на крвта, антидепресивите и нестероидните антинфламаторни лекови може да предизвикаат опаѓање на косата.

Недостаток на железо

Кај пременопаузални жени, недостатокот на железото е најчестата причина за губиток на коса. Овој проблем може да биде испровоциран и од целијакиа- интолеранција на глутен, која влијае на способноста на цревните ресички правилно да ја апсорбираат храната, па телото страда од недостаток на важни минерали, меѓу кои и железо.

Полицистични јајници

Втора најчеста причина за губток на коса кај пременопаузалните жени е синдромот на полицистични јајници, што резултира со прекумерно создавање на тестостерон. Тоа може да предизвика претерана влакнатост, но и губиток на коса.

Кожни болести

Pytiriasis aminatacea може да предизвика губиток на коса. Болеста е слична на псоријаза, а екцемот се наоѓа на темето, па косата поради лупењето на кожата опаѓа. Меѓутоа, со правилно лекување може да се спречи проблемот.

Диети

Нискиот внес на јаглени хидрати може да наштети на квалитетот на косата и да го потикне нејзиното опаѓање, поради недостаток на енергија, односно калории и шеќери. Може да јадете колку што сакате протеини, но без енергија, Вашата коса ќе пати.

Проблеми со штитната жлезда

Хипо или хиперфункцијата на тироидеата може да биде причина за опаѓање на косата. Овој проблем е чест кај луѓето кај кои веќе постои историја на болеста или кај жени кои тукушто родиле. Косата после 3 месеци мирување започнува да паѓа, но кај луѓето кои имаат проблем со штитната жлезда, косата опаѓа после неколку недели.

Контрацептивни пилули
Прогестеронот од контрацептивните пилули може да се однесува како машкиот хормон, тестостерон, и како таков да се одрази на косата.
Сите орални контрацептиви содржат прогестагени, синтетски хормони кои на природниот прогестерон делуваат на тој начин што го спречуваат оплодувањето на јајце клетката. Жените кои се загрижени заради губитокот на косата, или оние кои имаат генетска предиспозиција за тоа, треба да го замолат својот гинеколог да им препише пилули кои нема да остават негативни последици на косата.

Прекумерна тежина

Високото ниво на инсулинот кај жените може да предизвика високо ниво на тестостерон и да го зголеми ризикот од ќелавост. Прекумерната телесна тежина исто така може да го зголеми ризикот од дијабетес тип 2.
 

JaMi

Староседелец
22 февруари 2012
6,527
14,438
1,683
Таму каде што треба
ОПАЃАЊЕ НА КОСАТА

ОПАЃАЊЕ НА КОСАТА - ЌЕЛАВОСТ

Иако косата не е најважна за здравјето, нејзиното опаѓање може да предизвика вознемиреност. За жените, остатоците од опадната коса на нивните четки за коса може да предизвика интензивна ментална напнатост. Косата се формира во џебовите на кожата на скалпот наречени фоликули. Горниот раст од базата на фоликулата, нарачен папила, всушност ја произведува косата кога специјална група на ќелии ќе преминат од амино киселини во кератин, еден вид на протеин од кој е составена косата. Степенот на производство на овој протеин кој поседува "градивен материјал" го одредува растот на косата. Просечниот раст на косата е околу 1.2 цм на месец, а растењето се забрзува кај жените помеѓу петнаесет и триесет години..
ПРИЧИНИ И СИМПТОМИ


Најважната причина за опаѓање на косата и несоодветната исхрана. Дури и делумен недостаток од некоја хранлива компонента може да предизвика опаѓање на косата. Лицата кај кои има недостаток од витаминот б6, може да имаат појава на опаѓање на косата, а оние лица кои имаат недостаток на фолна киселина во својот организам, најчесто стануваат ќелави. Но, секако со нивниот внес, косата започнува нормално да расте. Други важни причини на загуба на коса се стресот, загриженоста, вознемиреноста и ненадејниот шок, генерално исцрпеноста предизвикана од интензивни и долготрајни полести како тифус, сифилис, хронична настинка, грип и анемија, како и нехигиенска состојба на скалпот која ги ослабнуба корењата на косата преку блокирање на порите каде најчесто се собира прав. Наследниот фактор исто може да биде причинител на оваа болест.

ХЕРБАЛНИ ДОДАТОЦИ


Производ
Определена доза
2 таблети трипати дневно, со обична вода, по оброци
Amla Churna
1 кафена лажичка двапати на ден, по оброци, со обична вода
1 кафена лажичка двапати на ден, по оброци, со обична вода


ПРИРОДНИ ДОДАТОЦИ ВО ИСХРАНА


Триење на скалпот:
Триењето на скалпот со прстите по миењето на косата со ладна вода е еден од најефикасните лекови помеѓу неколкуте за превенција и третман против опаѓање на косата. Скалпот треба да се трие интензивно се додека не накачи неговата температура. Со тоа се активираат лојните жлезди и ја зајакнува крвната циркулација на тоа место, правејќи косата да расте здраво.
Масло од амла:Маслото од амла, подготвено со зовривање на суви парчиња алма во масло од кокос се смета за корисен тоник за коса кој го забрзува нејзиното растење. Се прави смеса од еднаква количина на свеж сок од амла и сок од зелен лимон, се користи како шампон и го стимулира растот, а и го спречува паѓањето на косата.
Марула:
Марулата е корисна за спречување на опаѓање на косата. Смеса од марула и сок од спанаќ се верува дека е полезен лек за помагање на растот на косата, и се употребува по половина литар на ден.
Вечен цвет:
Амарантот е уште еден корисен лек против опаѓање на косата. Неговиот сок од свежо лисје треба да се аплицира врз косата. Со тоа се помага косата да расте и да се остане мека.
Луцерка:Сокот од луцерка, во комбинација на еднаква количина од сок од морков и марула, земен двевно, помага во растењето на косата до значителен степен. Комбинацијата од овие сокови е богат со елементи кои се особено полезни за растење на косата. Додека се подготвува овој сок, листовите од ова растение можат да се употребат доколку се свежи.
Ним
Листовите од ним се исто така полезни за третман против опаѓање на косата. Доколку косата опаѓа или нејзиното растење е отежнато, треба да се мие со екстракт од листови од ним. Со ова се помага нејзиното опаѓање и се стабилизира нејзината темнина. Со овој лек се прави косата да биде подолга и се убиваат вошките како и некои други инсекти.
Масло од синап и листови од к`на::
Маслото од сусам, зовриено во листови од к`на е полезно за раст на косата. Околу 250мл масло од синап треба да зоврие во тенок сад. Околу 60гр. од овие листови треба постепено да се ставаат во ова масло се додека тие не се испржат. Маслото треба да се исфилтрира преку крпа и да се чува во шише/ Редовната масажа на гравата со ова масло произведува раст на косата.
Млеко од кокос:
Апликацијата од млеко од кокос на скалпот и неговото масирање со оваа апликација е полезно за третман на губење на косата. Со тоа се потхранува косата и се стимулира нов раст. Млекото од кокос се подготвува со брашно од кокос и нивно истиснување.
Семе од зелен лимон и пипер:
Некои лекови исто така се сметаат за полезни во третирање на ќелавост. Најполезен од овие лекови е семето од зелен лимон и црн пипер, сомелено во фина смеса. Оваа смеса се палицира на скалпот, и има иритантско дејство. Со ова се зголемува крвната циркулација кон зафатеното место и се стимулира раст на косата. Смесата треба да се аплицира двапати на ден, во период од неколку недели.
Ликорис:
Смесата од ликорис, направена од ситнење на парченцата во млеко со грст шафран е уште еден полезен лек против ќелавост. Смесата треба да се аплицира врз оќелавената област од скаплот навечер, пред спиење.
Лук:
Лукот е исто така полезен кај ќелавоста. Околу местото каде што недостасува коса се става згмечен лук наутро и навечер се додека е црвено. Потоа се трие со мед.
Pigeon Pea:
Фина смеса од ова растение може да се користи како апликација редовно на оќелавените места за подобри резултати.
Останати лекови:
Дневната апликација на рафинирано масло од кокос, промешано со вода од зелен лимон и сок од зелен лимон, врз косата, спречува опаѓање на косата и ја издолжува. Се става облога од сок од зелени листови на коријандер врз главата, и таквата облога се смета за полезна исто така. Миењето на косата со смеса од зовриена црна грама и рогата детелина исто така ја издолжува косата. Редовната употреба да масло од дабровина помага во забрзувањето на нејзиниот раст.


ДИЕТЕТСКА ВАЖНОСТ


Здравата состојба на косата зависи до голем степен, од внесот на доволни количини на потребни нутриенти во дневната диета. Лицата со тенденција за опаѓање на косата треба да применуваат диета која се состои од храна во комбинација која треба ги достави сите потребни нутриенти. Се смета дека диетата која содржи либерален внес на семеста храна, ореви, бадеми, лешници, житарки, зеленчук и овошје овозможува адекватен износ на потребните хранливи состојки. Секоја група на храна треба да се состои од еден до три главни оброци. Оваа храна треба да биде збогатена со определена храна како што е млекото, растителните масла, медот, житарките, квасецот како и црн дроб.

ОСТАНАТИ МЕРКИ


Соодветно миење на косата, како и триење на скалпот со крпа по нејзиното миење е неопходно за нејзината хигиена и здравје.
 

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,518
1,183
Big Sur
За опаѓање е лесно, кубење или лустер шишање и крај.
Е против опаѓање има.
Прво ќе те искарам за депресијата. Одма да си излегол и ич да не се потресуваш околу тоа, оти бетер ќе ти опаѓа од стрес.
Ти знаеш ли колку машки пари даваат за нон-стоп да имаат светејуча келајца?
Немој да ја миеш пречесто, освен ако прекумерно не ти се мрси.
Ако имаш подолга коса, немој да ја влечеш кога ќе ја цедиш.
Купи од аптека масла од фито фарм или гала фарм. Земи рицинусово, бадемово и чичково масло и наизменично користи ги. Не се скапи, до 100, 100 и нешто денари некаде се.
Втриј ги убаво во скалпот и масирај неколку минути, а потоа исплакни со ладна вода. (Не грч де.)
Имаш исто и ампули против опаѓање, само најдобро консултирај се со лекар или поискусен аптекар за нив.
Зголеми конзумација на Ц и Б витамин, посебно Б6. Земи си и шампон од бреза, најобичен 60-70 денари е, Словенечки.
Од тој шампон порано имав буквално грива. Морав поради фарбите да го сменам.
Сепак, најдобро провери си да не е генетско. А за домашни услови, горенаведениве препарати помагаат.
 

Bum-Bum

Истакнат Член
3 март 2012
1,126
1,845
423
Еден досаден град
Ти си машко не би требало тоа да ти биде некој голем проблем...ишишај се келав и решен проблем...инакуу деновиве ке ти пишам во сандаче само да ја прашам мајка ми што поточно она ставаше...на нејзе премногу и опаѓаш но сега малку и се зајакнува и не е толку лошо :D
 

lady_blue

Староседелец
14 февруари 2012
2,397
4,418
1,153
дечки имам многу сериозен проблем косава ми паѓа многу кој може да помогне со секој совет е добредојден иначе сум машко и да самодовербата ми е у минус не искачам ич не се дружам у депресија дубока сум
колку шо знам јас на машките им паѓа косата од високо ниво на тестостерон
а тестостерон е хормон на машкоста
шо значи не се секирај многу и не паѓај во депресии за џабе
ќелавоста значи нагласена машост и потенција
но, секако, консултација со доктор не е на одмет
оти се` овде, на форум кажано е некако напамет кажано
 

Jackal

Староседелец
13 февруари 2012
2,045
2,641
1,143
30
Битола
дечки имам многу сериозен проблем косава ми паѓа многу кој може да помогне со секој совет е добредојден иначе сум машко и да самодовербата ми е у минус не искачам ич не се дружам у депресија дубока сум
пробај користи фитовал шампон мислам дека ке ти помогни до некаде ...