Напротив ти приложив линкови за информација иако стојам на став дека треба да ги разликуваш, но но е морално.
Исто како да те прашам што мислиш за глобално затоплување, ефект на стаклена градина или како би помогнал во здравството. Тоа се нарекува општа култура, сестраност, за разлика од твоја професија - област каде си стручен, која можеш да ја објасниш некому за да отворите дискусија.
Инаку во мое време да класифицираш некој будала беше комплимент, a за твои грешки да те навредам ќе те речам неук.
Првин одговори ми (не мораш овде, можеш и по ПП) дали на овој начин се покажува дека некој направил грешка?
На психијатар? OMF!!!
Прави разлика меѓу психијатар и психолог, после закажувај.
Ах да, ваше височество, само колку да се знае јас не сум стручњак и немам професија. Студирам нешто нималку поврзано со квантна физика. Во мое време пак не е комплимент некого да наречеш будала. Тоа е директна навреда, а тоа што е на форум пак е јавна навреда (но нели сите сме овде позади некои глупави имиња кои ни текнале во моментот кога сме се регистрирале на форумот и речиси никој не знае за нашиот идентитет што прави да не е дотолку јавна. Речиси никој не знае...).
Продолжете си со советите, повеќе не ја надгледувам темава.
LMFAO Јас добронамерно измислив приказна за да ти покажам дека твоите совети не би помогнале никому иако се бесплатни и добронамерни. Дали знаеш што би се случило ако некој е доволно очаен да прифати сечиј совет и ти си тој што го советува? Очигледно не знаеш. Очигледно никогаш во животот не си сретнал личност која стои пред тебе и е доволно разочарана од себе си за да се самоубие. Очигледно никогаш не си сретнал личност која од тебе бара совет и го прифаќа буквално секој збор што ќе го кажеш како нешто свето кое ќе ја води низ животот. Да си сретнал немаше да делиш такви никакви совети и да изиграваш бесплатен психолог кој би се обидел да помогне на некого со вистински проблеми. Можеби ти звучи грубо, знам, груб сум и понекогаш не сум омилен лик кај мнозинството, но размисли, колку од ова е вистина? Колку некој кој не го ни познаваш лично и ти бара помош навистина можеш да му помогнеш?
Сакаш вистинска приказна за мене? Дали е довволно да ти кажам дека постојано доживувам халуцинации во секаков облик и тоа свесно и можам да ги разликувам своите халуцинации од реалноста? Што мислиш сега за мене?
Слободно продолжете си ја темата и изигравајте си психолози, ама првин помислете на сериозноста на тоа што го правите.