Полициските крајслери стари 12 години заминуваат од полицијата.
МВР распиша тендер за набавка на нови 150 полициски возила со соодветна опрема за обнова на возниот парк, со што полициските единици ќе бидат помобилни и поефикасни.
Возилата ќе бидат со дизел мотор, со моќност од 110 до 140 KW и со зафатнина од 1900 до 2300 кубни сантиметри.
Единствен услов е висината на цената, во која треба да е пресметан вкупниот трошок. Најповолната понуда ќе се избира по јавно електронско наддавање.
210-те крајслери и 30 теренски џипови, сите со бензиски мотор беа купени во 2000 година.
Тоа беше последната набавка на полициски означени возила.
Сите имаат поминато од 500 до 900 илјади километри. 40 веќе не се во возна состојба,
а огромни трошоци за оние што се во возна состојба, но и за гориво.
Јавниот повик е распишан на интернет страницата на Бирото за јавни набавки.
За 42 дена ќе се знае со која марка возила ќе се поднови македонската полиција.