Торти што не се печат

Mila Kunis

Истакнат Член
15 февруари 2012
2,290
3,528
443
Скопје
Бисквит торта
1кг јаболки
1/2кг бисквити
коцка маргарин
250гр шеќер
2 ванилин шеќер
1 голема лажица какао
2 кесички шлаг (или слатка павлака, по избор)
Јаболките се рендаат а бисквитите се мелат, се додава останатото и се заедно се меси со рака и се обликува колачот. На крај само се додава матениот шлаг.

Касато
250гр бисквити се поливаат со 250мл млеко
250гр путер се мати со 250гр шеќер во прав
Се матат 3 јајца, 3 лажици шеќер и се додаваат во смесата со путерот.
250гр сецкани ореви
250гр суво грозје (се полива со малку рум)
250гр сецкано чоколадо
250гр желе бомбони
Се заедно се меша, на крај се обликува тортата и се додава по желба шлаг.

Кроасан торта
-200 гр шеќер
-150 гр еурокрем
-3 пакетчиња пудинг од ванила
-1 л млеко
-1 пакетче шлаг крем
-250 гр маргарин
-100 гр чоколадо
-200 гр бисквити
-3 пакетчиња мали кроасани
Подготовка
Првин,се прави пудингот од ванила.Откако ќе се олади,се меша со изматениот маргарин.Се става да се стопи чоколадото.Филот(пудинг + маргарин) се дели на 2 дела.Во едниот дел се става оладеното чоколадо и се мати.Бисквитите се потопуваат во млеко и се редат.Врз нив се мачка чоколадниот фил.Брз филот се редат кроасаните,а врз нив се мачка филот од ванила.Врз него се мачка еурокремот.Се мати шлагот и се премачкува цела торта.

Плазма торта со вишни
news_401.jpg


Потребно:
- 500 гр. слатка павлака
- 300 гр. шлаг пена
- 1 кисела павлака
- 300 гр. плазма кекс
- 300 гр. мелен плазма кекс
- 500 гр. вишни
- 1/2 литар млеко
______________________________________
Ја матиме слатката павлака. Матиме 200 гр. шлаг со 200 мл. млеко и ја додаваме киселата павлака. Сето тоа го соеднинуваме (слатката павлака со шлагот и киселата павлака) и делиме на 2 дела, па во едниот ставаме 300 гр. мелен плазма кекс. Останатите 300 гр. немелен плазма кекс ги потопуваме во млекото и право ги редиме, па ги редиме едната половина од масата со мелена плазма, па вишните, па другата половина и одозгора филуваме со останатите 100 гр. шлаг.

Песок торта
Потребни состојки:
3 пудинга од ванила
1маргарин
10 лажици шеќер
250гр прав шеќер
750гр млеко
250гр мелени бисквити
50гр какао
1 чоколада за готвење
250гр мелени ореви
Во млекото се додаваат 10те лажици шеќер и тоа се става да зоврие.Откако ќе зоврие се додаваат трите пудинга од ванила.Смесата се става да се олади.Во меѓувреме се мати маргаринот со прав шеќерот.Откако смесата со пудинг ќе се олади се додава изматениот маргарин и се мати додека не се соедини.Потоа смесата се дели на три еднакви дела.
Во првиот дел се додаваат 250гр мелени бисквити.тоа се меша и се расплескува во плех бр.28.
Во вториот дел се додава какаото и чоколадото,кое треба да е растопено.Таа смеса се става врз претходната.
Во третиот дел се додаваат мелените ореви.Постапката е иста како претходната.
Откако сето тоа ќе биде направено се става тортата во фрижидер да се зацврсти.Може да се украси по желба.
 

LadyInPink

Истакнат Член
14 февруари 2012
1,236
1,749
113
Малку таму, малку овде...
Ресана торта

Потребни состојки:
1 килограм ресани
1 коцка маргарин
200 милилитри млеко
200 грама шеќер
100 грама чоколадо за готвење
Начин на подготовка:
Во сад на оган се става млекото со шеќерот и се додава три-четвртини од маргаринот. Откако ќе зовријат, смесата се трга од оган и се остава да се олади. Изладената смеса се меша со ресаните што претходно сте ги исекле на четвртинки и малку се промешува. Тортата се става во калап за да го добие својот облик. Останатата четвртина од маргаринот, заедно со чоколадото, се топат на пареа, а потоа смесата се нанесува на тортата. Тортата се става да стврдне во замрзнувач.
 

Реми

Староседелец
18 февруари 2012
542
957
1,093
У близина
Обавезно ако некој го знае рецептот за торта со бисквити и пудинг нека го пише.
Мислам дека се става кекс па пудинг па кекс и после во фрижидер се лади. :eek
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Lena

Mila Kunis

Истакнат Член
15 февруари 2012
2,290
3,528
443
Скопје
Обавезно ако некој го знае рецептот за торта со бисквити и пудинг нека го пише.
Мислам дека се става кекс па пудинг па кекс и после во фрижидер се лади. :eek
Повели :)
Торта со пудинг и бисквити
Потребно:
2 пудинзи од чоколадо ( може и со друг вкус)
800 g бисквити
1литар млеко
Пудинзите се варат со дел од млекото ( се пишува на паковката од пудингот), па се оставаат да се подизладат малку настрана. Бисквитите се макаат во останатиот дел од млекото и се реди ред бисквити-ред пудинг. Откако тортата ќе биде готова, се остава да се стегне.
 

Реми

Староседелец
18 февруари 2012
542
957
1,093
У близина
Повели :)
Торта со пудинг и бисквити
Потребно:
2 пудинзи од чоколадо ( може и со друг вкус)
800 g бисквити
1литар млеко
Пудинзите се варат со дел од млекото ( се пишува на паковката од пудингот), па се оставаат да се подизладат малку настрана. Бисквитите се макаат во останатиот дел од млекото и се реди ред бисквити-ред пудинг. Откако тортата ќе биде готова, се остава да се стегне.

(happy)
Утре за десерт.
Фала ти многу. :rolleyes:
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Мила К.

Mila Kunis

Истакнат Член
15 февруари 2012
2,290
3,528
443
Скопје
(happy)
Утре за десерт.
Фала ти многу. :rolleyes:
А место пудинг можеш да ставиш хопла и врз хоплата да ставаш сецкани крем банани со свежи банани , или банани,киви и мандарини или портокал , вкусно е и така :)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Minella and Реми

Реми

Староседелец
18 февруари 2012
542
957
1,093
У близина
А место пудинг можеш да ставиш хопла и врз хоплата да ставаш сецкани крем банани со свежи банани , или банани,киви и мандарини или портокал , вкусно е и така :)

Да да, имам пробано, иако се работи за вкус.
Со пудинг од ванила ми е највкусно, утре одвај чекам да направам. :)
 

Lepaa

Истакнат Член
2 декември 2012
985
1,704
393
Јас да ви дадам рецепт од една преееубава торта, абе има прсти да си излижете, превкусна е и лесна.

5 јајца, 5 лажици шеќер, 1 кило хопла , 2 мали пакетчиња мали од 6 денари нескафе , бисквити, млеко, 2 ролати 7days од чоколада, и блок чоколада од жолтине од агроплод.

5 јајца се матат со 5 лажици шеќер во подлабок сад. 1 кило хопла се мати со миксер во друг сад, и се додаваат нескафињата. Потоа изматената хопла се соединува со садот со изматените јајца и се мати малку. Бисквитите се потопуваат во млеко и се ставаат во плех. Еден ред бисквити, врз нив хопла, врз хоплата пак бисквити, па пак хопла. Потоа се ставаат сечени парчиња од ролатот едно до едно низ цел плех, па пак хопла, па бисквити, хопла и на крај рендаме од блок чоколадото.

Поубава торта во животот не сум јадела.