Значи имам другарка која ја сакам, ама многу ми претерува. Денеска ми беше нешто нервозна, ја гледам чудна ми е чудно ми се понаша, се такви безобразни зборови користи, никогаш ја немав видено таква. На крај ми призна дека влекла 3 дима марихуана. Се изненадив, не можам да ја одвлечам да не користи, зошто знам дека нема да го направи тоа, ја сакам како другарка но не сакам да ме навлече и мене. Никогаш во животот не сум се дружела со такви луѓе, нема ни да можам, се плашам за себе си а знаеме колку е штетна дрогата. Ако било здраво сите ќе сме се дрогирале. Прашањето ми беше дали вие сте имале другар кој влегол во светот на пеколот?
3 дима се ништо во споредба со активни корисници на марихуана кои дневно палат по 3 џоинта.Највлијателно е друштвото со кое што се дружи твојата најдобра другарка.
Доколку тие се багабонти, дилери, лихвари (иако не верувам) или џанаци а девојчето е
мирно,прибрано тогаш прва најдобра варијанта е да разговараш со нејзе и да ти каже нејзино лично мислење зашто користи марихуана.Доколку тогаш кога си ја фатила само сакала да проба да види како е, тогаш е океј.Секој пробал за да види како е.
Доколку користи марихуана секојдневно тогаш пробај да разговараш дали има некакви домашни проблеми, финансиски проблеми и дај и на знаење дека ќе и помогнеш на било кој начин.Најбитно од се е да внимаваш на нејзиното размислување, како она ќе ти објаснува дали има проблеми или чисто од разонода го прави тоа.
Доколку и тоа не успее тогаш без нејзино знаење стапи во контакт со нејзините родители ако веќе толку ја сакаш и кажи им нека ја проверат по џебови, после враќање од град да ја начекаат на врата и да ја проверат дали е надувана.
Гарантирам дека твојата другарка на почетокот ќе те мрази но после таа еуфорија ќе ти биде благодарна што си ја тргнала на време.Најбитно е да не шириш муабети по другарки или слично.Само ти знаеш или во краен случај нејзините родители.
Инаку да, имам другар кој уште на 16 години почна активно да користи марихуана.На прашањето зашто тоа го прави тој почна да измислува проблеми.Откако му се понудив да му ги решам „проблемите“ тој почна да кажува уште многу многу други лаги се дури не се фати самиот во лага.
Го излажав дека сум правел муабет со неговиот татко и дека татко му наводно рекол таков дома да не ми доаѓа
Детево за секунда почна да менува бои, и цела кутија со џоинти ја фрли секундарно
Денес тој ми е најдобар другар и секогаш ќе го памти тоа што сум го извлекол од тоа.