Постара жена - помлад маж: Зошто се гледа чудно на овие врски?

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,518
1,183
Big Sur
За разлика од "eheheh brat opasen je on, mlado kokovce si zgrabi" кај машката популација од 45+ каде „дечкото“ има девојка 20ина години помлада од него, стигмата за жена од 45+ години и помлад маж е сеприсутна и некако послабо поздравувана и од двата пола.
Не знам зошто владее онаа мисла дека машкото со неа е строго за пари и наследство или дека мора да има некаков фетиш.
Дури и не мора да се работи за голема разлика, еве и до 5 години нека биде, пак владее она "aaabee soo baras so taa, najdi si mlado da si go iskalemis po tvoe heheh".
Секако, различно е само за секс/гледање и врска/брак. За второво ги разбирам границите бидејќи не можам и јас да се замислам со некој 45+ во брак пошто би биле два различни света одгледани на сосема различни начини.

Но, главното прашање е што е примерокот постар мажјак поразличен од примерокот постара женка, па постар маж и млада жена да го добие статусот на „понормална врска“ во општеството? Не е прашањево од феминистички побуди и потреси, туку навистина чист интерес.
Можеби некои од нас (ќе) се благословени со подобра генетика, но гравитацијата работи исто за сите, годините на папир се тие, па што е тогаш проблемот?
Лично, сметам дека има доста причини и вистина зад тоа дека човек на човека е волк т.е. жена на жена во случајов, пошто претежно тие преѕирни осуди идат од жени и за жени (јеј), но и мажите не се невин исклучок со своите навреди упатени кон секоја што веќе е 25+, чинам. Нели, do 25 biras posle te biraat. :zelen :zelen

Р.Ѕ. Добро, тука имаме и една исклучок група прегорени што не бираат години, лична хигиена и дупка, како и помлади лица до кај 22 години, на кои доживљај им е "bolje staro da te uci nego mlado da te muci hehe neli baki", а „старото“ има 26 години, но тие да не ги сметаме за релевантни во темава.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Sasho, escape and Outrider

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
На врска помеѓу помлад маж и постара жена се гледа со сомнеж поради традиционални причини кои укажувале дека таквата врска е лишена од можност за потомство, а потомството било главна ствар 215.925 години кај човекот тек овие 75-80 години тоа не е случај, односно технолошкиот развој, контрацептивите и женското влегување на пазар на труд ги изменија старите стандарди.
Но она што траело 215.925 години не може така лесно да го снема за пар генерации, таа осуда, бидејќи порано маш од 50 години можел да оплоди и издржава домаќинка од 22 години. Што би правел некој 22 годишен со 50 годишна?! Тоа не оправдува предрасуди но укажува дека тие имаат основа во начинот на живот на човекот во минатото.

Биолошко-еволутнивните и социјални причини настрана, денес веќе е анахронизам да се гледа со некаков презир на такви појави, јас имам одено со постара женска од мене, а и денес не би имал ништо против тоа, лично не можам да замислам што би правел со значително помлада, тоа би било ужас и хорор, затоа женските особи испод 30 не можам да ги гледам како евентуални партнерки, е сега некоја 47-48 годишна може би било претерано, не знам што да кажам, знаејќи се себе све је могуќе :kafe
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Sasho, escape and Electra

escape

Староседелец
20 октомври 2012
2,285
2,372
1,153
Skopje
www.facebook.com
Секогаш кога врските се во прашање имаме по некој стереотип.
Се согласувам со @Outrider потомството мислам дека има клучна улога, па самиот факт дека жената е постара, можат да ја изгубат можноста да се реализираат како родители. Поради тоа и претпоставувам тие врски, млад маж со постара жена, за разлика од спротивното уште од самиот почеток се осудени.

Баш пред некој ден гледав една емисија, со такви чудни бракови и имаше еден пар. Дечко 32 години од Индија, во врска со жена 61 година од Америка. Накратко си се запознале онлајн си почнале некоја виртуелна па подоцна и реална врска и се така си терале додека не решил дечково да каже на неговите. Нормално родители како родители не го одобриле тоа, ги разделиле, дечково го венчале со друга, арно ама љубовта на двајцата не стивнала. Во продолжение на неколку години, тој се развел од жената кога му ја подметнале родителите и повторно си почнал со оваа.

Кога би биле искрени. Тој со таа жена навистина не би можел да има свои деца, дури и да се реши да ги посвои децата на жена му не би било логично бидејќи самите деца се постари од него и се веќе возрасни личности што немаат потреба некој помал од нив да им глуми родител. Од друга страна кога повторно би биле искрени, малку егоистично делува од страна на жената. Бидејќи она веќе си поминала еден живот си се реализирала како родител, ги изгледала, средила децата и на стари години кога би требало да си ужива со некој дедо она да си бара некое дете и да му го скратува буквално целото тоа нешто што она веќе го поминала . Егоистично е колку и да е голема љубовта.
Но сепак ова е само еден случај, а ги имам мал милион различни случаи. Во конкретниот пример не би оправдала никако, но има и примери каде и не е сето тоа толку лошо или страшно па и да е разликата малку поголема.

Сепак мислам најдобра опција е секој сам да си одреди граници (плус/минус), фиктивно и по можност да не се екстремни, :) кои би можеле да се толерираат и околината да нема простор да влијае толку врз една таква врска.​
 

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,518
1,183
Big Sur
И јас сум сосема за тоа секогаш да се има граница, барем кога станува збор за имање потомство, фамилијарен живот и останато што оди со тоа. Добро сега, ете има луѓе што се засакуваат искрено и покрај огромните разлики и тоа е тоа, никој нема потреба, ни смее да им се меша во тоа.

Но, кога се работи за обична врска каде жената е постара, мора машкото да е лигуш, жиголо, со Едипов комплекс или сите ствари заедно.
Оно па и женско со постар маж е горе-долу гледана исто, ама бар него го тапшаат по рамо дека фатил младо мевце, додека женава дури и од најблиските добива опаки погледи и коментари.
Чудни некоин стандарди.
 

Sasho

Истакнат Член
12 ноември 2020
43
14
108
41
Идејата звучи привлечно и сите мажи кога сме помлади сакаме нешто постаро ама не дека да не учи туку е послатко да освоиш постара , помладите се полесни за освојување хаха
За постара не мислам некоја од 60 да ја шетам сега ама до 45 зошто да не? тоа е зрела жена, уште млада и одржана и знае што сака.