СДК нешто во врска по постарите луѓе и со почитта која ние треба да ја имаме спрема нив...
е вака
Вчера во меѓуградски автобус враќајки се од Скопје влезе една постара жена. Позната е тука во околината како побожна жена, мислам дека и манастир има изградено. Цело време колнеше и мрчеше што младите не сакале да станат за таа да седне, а жената си седна, имаше слободни места. Навредуваше цел пат, младите биле вакви, биле онакви, не им вределе факултетите, сите биле прости... колнеше, кажуваше некои морничави клетви...
Потоа заспа и кога со автобусот стигнавме до градот кај што требаше таа да слезе, ние ја разбудивме и баш си зборувавме што ке беше ако немаше кој да ја разбуди, нормално, не добивме фала за тоа ама тоа не е воопшто битно. Кога си слегла женичката фино лепо си ги зела нашите торби кои беа сместени во багажникот на автобусот. После една станица се симнуваме ние и што да видиме, пола багаж ни го нема. Тоа беа торби со храна која не можеме да ја купиме тука каде што сме, бидејки се храниме на поинаков начин, тие работи си ги купуваме од Скопје и обично купуваме количина за цел месец, така да парите наменети за прехранување на нашето семејство беа потрошени на храната во тие торби.
За среќа шоферот ја видел дека таа ги зела и некако успеавме да исконтактираме со нејзе, но за да соработува и да ни ги врати торбите мораше да ја замешаме и полицијата. Денес си ги земавме торбите, ама преполовени и тоа најскапите и најубавите работи ги нема, баш тие за кои што морам да одам до Скопје за да ги купам. На пример кесите со жив сончоглед кој што е прилично ефтин не ги зела, ама затоа си се почастила со јужни овошја, маслинки и скапи зачини.
Епа добро бе, ако може некој така да се однесува, како може жена на тие години, баба, побожна, со манастир и такви работи, да краде од рандом луѓе без трошка срам. Па веке кога ја открија, зарем не и беше срам да си задржува храна за себе?
Можеше да се однесува пољубезно, можеби по грешка ги зела торбите или барем можеше така да каже, па од благодарност и ке и дадевме нешто, тоа воопшто немаше да биде проблем, ама вака...
И не ми е толку криво за она што не ми е вратено, иако сега не би можела да си го дозволам повторно овој месец, туку се полнам со гнев што толкаво значење и се дава на таа старост, демек мудрост, знаење и незнам какви се добри особини носи староста со себе а тоа никаде не можеш да го видиш.
Не требаше да ја разбудиме, требаше да се разбуди во друг град и да се чуди кај е.