Антарктик (од грчкиот збор ἀνταρκτικός, "спротивно од Арктик") е континент кој го опкружува Земјиниот Јужен пол. Тоа е најладното место на Земјата и е скоро целосно покриен со мраз; сепак, тоа е и најголемата пустина во светот. Не треба да се меша соАрктикот, кој се наоѓа близу до Земјиниот Северен пол на спротивната страна на планетата.
Иако митовите и претпоставките за Terra Australis ("Јужна земја") потекнуваат од античко време, првото прифатено откривање на континентот датира од 1820 година а првото пристигнување во 1821 година од Руската експедиција на Михаил Петрович Лазарев иФабијан Готлиб фон Белингхаузен.
Со површина од 13.200.000 km², Антарктикот е петиот континент по големина, по Азија, Африка, Северна Америка, и Јужна Америка. Сепак, тој е убедливо најмалку населен, всушност нема постојано насление. Исто така тоа е континент со најголема просечнависина и најниска просечна влажност, како и најниска просечна температура.Антарктика е најладното место на земјата. Температурите се движат од -85 и -90 степени Целзиусови во зима и околу 30 степени повисоко во лето. Климатски бранови ретко пробиваат во внатрешноста на континентот, па центарот е ладен и сув. Има малку врнежи во текот на годината, но мразот може да се задржи поголем период. Скоро целиот континент е покриен со мраз, кој е во просек 2,5 километри длабок.
На крајот на континентот дуваат јаки катабатички ветрови. Во внатрешноста пак, ветровите се поблаги.