Светско првенство во ракомет - Катар 2015

Altaïr

Shinigami
23 јули 2012
5,855
2,674
1,683
Han Wavel
Точно дека Атман погреши ама тренерот требаше да има акции за бековите, а не тој ги оставил така. Имаат класа бекови, мораше да се направат повеќе акции за нив. А и на крајот 10 секунди до крај, играч повеќе имаа, па извади го голманот, стави маркер на играч и нападни со 7 играчи. Многу грешки од тренерот, и за измените и за се.
 

Altaïr

Shinigami
23 јули 2012
5,855
2,674
1,683
Han Wavel
Е ова денес беше игра која никако не смееме да ја повториме. Кога на Кире не му е денот ова се случува. Денес требаше и мораше Вугринец да добие поголема минутажа, силен шут има но и тој ако влезе во серија на промашувања толку од него.
Одбраната на Босанците беше ептен јака, немаа што да изгубат и одеа најјако. Прави тепачишта значи, среќа не ни се повреди некој. И кај нас беа солидни но не како против Тунис што беа, Јоноски доби 3 исклучувања и со тоа и црвен. Од тие 3 само 1 беше за исклучување, другите 2 беа катастрофални или па можеби намерни грешки на судиите. Едноставно премногу им даваа на Босанците во неколку напади.
Како и да е, на крајот сум задоволен но пак ќе кажам, играта како против Тунис мора да се повтори, дали ќе биде против Австрија или Хрватска не знам ама знам дека една од овие две ќе го извлече подебелиот крај против нас.

Австрија денес со Тунис нерешено заврши, нас ни одговара дека со ова 90% сме второ место. Е сега на кого ќе налетаме е прашање.
Хрватска конечно во право светло, беше против аутсајдер да ама пак, 41 гол не се малку. Борбата со Хрватите ќе ни биде како финале, ако ги добиеме 90% нема да ни се шансите за второ место, туку прво.

Резултати од денешното коло:
Македонија - Босна 25:23
Австрија - Тунис 25:25
Хрватска- Иран 41:22
Словенија - Катар 29:31
Шпанија - Чиле 37:16
Белорусија - Бразил 29:34

Утрешни натпревари:
Чешка - Египет
Франција - Исланд
Шведска - Алжир
Полска - Русија
Аргентина - Арабија
Данска - Германија (дерби на колото)
 

Altaïr

Shinigami
23 јули 2012
5,855
2,674
1,683
Han Wavel
Една интересна информација за Катарциве.
Шеикот им давал премија за секоја победа знаете од колку? 100 илјади евра за секого. Цела годишна плата им ја дава за само една победа, досега 200 илјади евра има добиено секој. Добро му текнало како да ги мотивира, кога веќе не може на друг начин.
 

The Tramp

Филмохолик
17 февруари 2012
3,368
4,941
1,173
Една интересна информација за Катарциве.
Шеикот им давал премија за секоја победа знаете од колку? 100 илјади евра за секого. Цела годишна плата им ја дава за само една победа, досега 200 илјади евра има добиено секој. Добро му текнало како да ги мотивира, кога веќе не може на друг начин.
мислиш 300к. Ги клецнаа и Словенците денес. :D
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Altaïr

Altaïr

Shinigami
23 јули 2012
5,855
2,674
1,683
Han Wavel
Табелите во А и Б групите после три одиграни кола.

Група А
Шпанија - 6
Катар - 6
Словенија - 4
Бразил - 2
Белорусија - 0
Чиле - 0

Група Б
Хрватска - 6
Македонија - 6
Австрија - 3
Босна - 2
Тунис - 1
Иран - 0
 

Altaïr

Shinigami
23 јули 2012
5,855
2,674
1,683
Han Wavel
За денес мои типови би биле овие.
Победи на Египет, Франција, Шведска, Русија и Германија.
 

Ditto+Maker

Истакнат Член
8 декември 2014
351
254
373
Bookworld
Според мене:
- победи на Египет, Шведска, Франција, Полска и Аргентина и
- нерешено Данска- Германија.
 

Ditto+Maker

Истакнат Член
8 декември 2014
351
254
373
Bookworld
Комплетирано и третото коло во групите Ц и Д.
Група Ц:
Чешка 24-27 Египет
Шведска 27-19 Алжир
Франција 26-26 Исланд
Исланд се смета дека направи изненадување и и' откина бод на Франција, иако не треба да се заборави дека во осмина -финалето на Светското во Шпанија во 2013, Франција го победи Исланд со 30-28.
Група Д:
Полска 26-25 Русија
Данска 30-30 Германија
Аргентина 32-20 С. Арабија
Искрено, баш ми е мило за ова Данциве што имаат само 4 бода, ете, имало Господ.:zelen
Табели во Групите Ц и Д:
Група Ц:
Шведска- 6 бода
Франција- 5
Египет- 4
Исланд- 3
Чешка- 0
Алжир- 0
Група Д:
Германија- 5 бода
Данска- 4
Полска- 4
Аргентина- 3
Русија- 2
С. Арабија- 0
Репрезентации со максимален број бодови: Шпанија, Катар, Хрватска, Македонија и Шведска.
Репрезентации без освоен бод: Белорусија, Чиле, Иран, Чешка, Алжир и С. Арабија.
Утре (21.02.2015) се игра четврто коло во групите А и Б:
Група А:
Словенија- Бразил (15:00)
Катар- Шпанија (17:00)
Чиле- Белорусија (15:00)
Група Б:
Иран- Австрија (15:00)
Македонија- Хрватска (17:00)
БиХ- Тунис (17:00)
Моја прогноза:
-Победи на Шпанија, Белорусија, Австрија;
- Нерешено: Словенија- Бразил и БиХ- Тунис( или победа на Тунис).
А, за Македонија- Хрватска- не знам, односно не сум сигурен, на крајот, или ќе победиме, или ќе изгубиме или нерешено, друго нема.:zelen
 

Altaïr

Shinigami
23 јули 2012
5,855
2,674
1,683
Han Wavel
Леле какви натпревари, ова е светско бе, иако судиите беа во центар на вниманието сепак тоа што го играа Французите, Исланѓаните, Данците и Германците беше рамно на полуфинални дуели.

Германија прво почна многу јако, го диктираше темпото и водеше цело време во првиот дел. Данците немаа некоја идеја во нападот освен на Пикер за Тофт и Хансен од 9 метри. Во второ се стабилизираа и го направија интересен натпреварот. Проработе и Егерт на крило и од пенали но недоволно.
Кај Германците Вајнхолд и Геншхајмер беа ѕвездите, посебно вториов. Ама колку е нечесен играч тоа е чудо, не е некој тепач во одбрана ама во напад ја користи и најмалата шанса за да го повреди чуварот. Но факт е дека е едно од најдобрите крила на светсково, а и има исто таков колега на десно крило, Гроецки мајсторот. Многу добро играа а на крајот судиите им дадоа напад од 2 минути ама џабе беше, заврши нерешено со многу головк, вистинско дерби.

Французите мака мачеа со Исланд. Најпрво Исланд водеше 4 разлика, па Франција прави серија и поведува со 2, па Исланд прави серија и пак поведува, луд натпревар. Голманот на Исланд чуда правеше, фати многу битни топки ама и стариот Омејер беше одличен. Палмарсон кај Исланд беше тој што ги спасуваше во прво, а потоа проаботеа сите.
Кај Франција Карабатич со 3 исклучувања си заработи црвен, 2 од тие 3 беа заради глума. Заслужено, многу глумеше. Да останеше во игра ќе победеше Франција, вака и тука само нерешено.

Полска ја доби битката со непријателот. Русите повторно заради Атман мислам беше останаа со празни раце, толку од нив. Победа на Пољаците сосема заслужена.
Египет не ги гледав ама гледам дека само нив сум ги погодил :rofl

Резултати од денешните натпревари:
Египет - Чешка 27:24
Шведска - Алжир 27:19
Франција - Исланд 26:26
Данска - Германија 30:30
Полска - Русија 26:25
Аргентина - Арабија 32:20


Утре шансите ни се 50-50, можеме да се носиме со Хрватите ако имаме ден. Кај нив најопасни се Дувњак и Караџиќ. Ако Алилович нема свој ден што е многу веројатно мислам дека можеме да ги добиеме, но прво треба да ги запреме тие двајцата погоре пишани. Затоа утре во 17:00 кој дома пред тв, кој во кладилница битно сите сме за победа и за прво место.
Ајдеее да ги ..... усташитеее!!!