Еутаназија - убиство од милосрдие

Хоуп*

Proton
4 април 2013
2,410
4,218
753
Мое мислење за некој да добие смртна казна
треба да е убиец. Но, еутанзијата исто мое мислење
со смрната казна не е исто.
Бидејќи мој близок да е во болки ужасни ќе
направам се само за ги спречам,зошто јас
не би можела да го гледам како се мачи.
А веруваш во чуда?
 
Хоуп*

Proton
4 април 2013
2,410
4,218
753
Ваљда си верник, не знам, ама мора во нешто да веруваш, а ако веруваш во Бог, тогаш и сама знаеш дека се случувале чуда постојано, слепи прогледувале, инвалиди проодувале...
Само за тебе да не ти биде тешко, да гледаш некој како страда би го осудила на смрт?
А што ако е борец, сака да се бори до крај, нема можност да каже, а ти му го ускратиш тоа право?
А на крај краева нели е и грев ти да одлучиш за нечиј живот?

Не знам лесно е да се каже вака или онака, но не дај боже се е различно кога ќе искусиш на своја кожа.
Јас лично, мислам дека ќе се надевам во таков случај дека ќе биде подобро мада и да нема надеж, и не ќе можам да живеам со тоа ако пресудам на некој...
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: JaMi and Scars

existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
Хоуп*
Еутаназија и смртна казна не е исто затоа што при извршувањето смртна казна сакал-неќел приморан е на смрт затоа што тоа му е досудено, додека еутаназијата јас би ја нарекол извршување туѓо самоубиство т.е. некој сака да си го заврши животот и замолува некој друг да го убие.

Scars
Намерно го оставив изворот од каде што си копирала затоа што колку и да е добар насловот, копиран вовед не изгледа воопшто добро.
 
Ок, фала на љубезниот одговор :)

А каков е тој дел на еутаназијата каде што не се почитува желбата на болниот?
Не значи тоа дека болниот сакал да живее, а во спротивно на неговата желба бил убиен?
И не е тоа ладнокрвно убиство, а не убиство од милосрдие? Зошто би сакале да убиеме некој што сака да живее, па макар и во болки?
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: melpomena

existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
Ок, фала на љубезниот одговор :)

А каков е тој дел на еутаназијата каде што не се почитува желбата на болниот?
Не значи тоа дека болниот сакал да живее, а во спротивно на неговата желба бил убиен?
И не е тоа ладнокрвно убиство, а не убиство од милосрдие? Зошто би сакале да убиеме некој што сака да живее, па макар и во болки?

Јас реков на почеток, оправдувам еутаназија под одредени услови.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Хоуп*

radioactive

Истакнат Член
14 април 2013
54
39
118
Оправдувам сам доколку се работи за човек во смртна постела за да му/и` се скратат маките
 
Lady*

Староседелец
1 април 2012
1,965
6,158
1,133
Во никој од трите наведене примери во воведот не ја поддржувам еутаназијата!
Смрт за скратување на болкките:eek .. Одземање на нечиј живот па макар и од милосрдие е убиство!
Медицината денес е многу напредна а и постои за да спаси живот! Сметам дека човекот е создаден за да умре по природен пат колку и да се мачи..
Не ја оправдувам од причина што не постои таков човек кој е достоен да одлучи за крајот на нечиј живот..ова го велам затоа што болните најчесто се во безсознание или пак не се доволно свесни за својата одлука.
Како и да е темава е доста дискутабилна..
 
existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
Во никој од трите наведене примери во воведот не ја поддржувам еутаназијата!
Смрт за скратување на болкките:eek .. Одземање на нечиј живот па макар и од милосрдие е убиство!
Медицината денес е многу напредна а и постои за да спаси живот! Сметам дека човекот е создаден за да умре по природен пат колку и да се мачи..
Не ја оправдувам од причина што не постои таков човек кој е достоен да одлучи за крајот на нечиј живот..ова го велам затоа што болните најчесто се во безсознание или пак не се доволно свесни за својата одлука.
Како и да е темава е доста дискутабилна..

Замисли напредна Хантигтонова, последна фаза. Знаеш што се случува со човекот? Не може ни вода да се напие ко што треба. Грубо кажано е бебе од 1 месец. Нема контрола на скоро ниеден мускул од телото, нервите и мозокот дегенерираат, се губат основни функции. Зошто најблиските би го гледале како се мачи ако и самиот би сакал да заврши тоа измачување? (ах да, најважниот дел - нема лек за Huntigton's Chorea)

Друг пример. Крајна фаза сифилис. Претпоставувам знаеш што се случува. Такоѓе, нема лек за сифилис (има третман кој што го ублажува дејството).

Многу редок случај на Адисонова може да предизвика целосна парализа и атрофија (последица од парализата). Лек има ама тешко се открива и во меѓувреме болниот буквално вегетира.

Онака само нафрлам примери каде што многу е потешко да гледаш некој како се мачи, а и самиот сака да прекине тоа и моли некој да го убие.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Electra and Lady*

Lady*

Староседелец
1 април 2012
1,965
6,158
1,133
Не знам Бобо..колку и да е неизбежна смртта мислам дека повторно не би ја поддржала еутаназијата, ..ниту кај луѓето ниту кај животните..барем јас би немала храброст да се одлучам на такво нешто..
Можеби ќе одлетам од темава ама многу ме револтира еутаназијата кај животните..често гледам/читам за еутаназија на бездомни животни, животни без некои екстремитети и слично..дали тоа значи дека човек без нози или раце чисто од милосрдие би било најдобро да го "убиеме"?
прашањево не е за во оваа тема но ме копка