The Booth at the End

Давор

Староседелец
10 ноември 2012
1,300
2,081
1,123
Ќе се воздржам да коментирам за серијава,зошто стварно не би знаел со какви зборови да ја опишам. Со ваква необична,петминутна серија јас првпат се среќавам.Ми го привлекуваше вниманието додека ја даваа на Фокскрајм,отпрвин мислев дека е некаква реклама за некоја нова серија а после откако добро изгуглав сфатив дека епизодите траат по само пет минути.Е сега малку за серијата.
Сите понекогаш имаме некаков проблем кој не можеме да го решиме,тајна желба или нешто што толку страсно посакуваме.Тоа можете да му го откриете на човекот на сепарето во аголот.Да го добиете тоа што го сакате,морате да извршите задача која тој ќе ви ја додели и за сето тоа време да го информирате што се случува.Тој човек е мистериозен,понекогаш многу љубопитен(посебно кога се работи за душевната состојба на човекот и на што се би бил подготвен тој за да дојде до тоа што го сака).Кога муштеријата ќе ја заврши својата задача,неговата желба се исполнува.
Еве какви желби имаат некои од муштериите на таинствениот човек:
Мелоди е седумнаесетгодишна девојка,шармантна и позитивна.
Нејзината желба:Да го види повторно својот татко среќен.
Нејзината задача:Да натера човек кој не сака да излегува надвор,да излезе од својата куќа.

Госпоѓа Тајлер е жена во години,колеблива и несигурна.
Нејзината желба:Да го излечи својот сопруг од болеста.
Нејзината задача:Да направи бомба и да ја постави на јавно место.

Џени е дваесетгодишна девојка,нарцис,која обожава адреналин и опасност.
Нејзината желба:Да биде уште поубава.
Нејзината задача:Да украде одредена сума на пари од банка.

Ричард е дел од приказната на Џени.На крај и тој прави договор со мистериозниот човек.
Неговата желба:Татко му да го остави на мира.
Неговата задача:Да му даде до знаење на татко му дека му значи.

Сајмон е четириесетгодишен сликар кој го посветил целиот свој живот на цртањето.
Неговата желба:Да наслика убави слики.
Неговата задача:Да стане татко.

Дали ја гледате серијата?Што мислите за неа?Која приказна ви е најинтересна?И колку далеку би оделе вие за да ја направите вашата желба реалност?

booth_at_the_end_xlg.jpg
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: MoonFairy

MoonFairy

Староседелец
28 септември 2012
1,335
1,964
1,133
Ептен забегана серија...
Ја гледав секогаш ко ќе ја начекав на Фокскрајм и ми остави огромен впечаток, пред се’ заради времетраењето а и самата содржина која е далеку од се’ она што досега сум гледала...
Мистична, загонетна....
Само не знам колку епизоди има, како завршува, што е всушност типот-исполнувачот на желби....
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Давор

Luisana12

Полноправен Член
4 мај 2013
64
40
18
Кога ја даваа на фокскрајм ја гледав.И од почеток ни не знаев за што станува збор но потоа ми се поврзаа работите.Е сеа најинтерено ми беше за госпоѓа Тејлер.за да го спаси маж и требаше да одземе многу животи со поставувањето на бомбата и се предомисли изгледа или не се сеќаваам како беше...Искрено јас не би отишла толку предалеку за остварување на мојата желба..:)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Давор

Хоуп*

Proton
4 април 2013
2,410
4,218
753
Прво ја игнорирав пошто мислев дека е некоја најава за нова серија, па по некое време ме заинтересира и почнав да следам што се случува.
Кога изгледав се дојдов до некој заклучок дека типот од сепарето или исполнувачот на желби е уствари ѓаволот.
Значи со оглед на тоа дека луѓето потпишуваат еден вид пакт со него по цена да им бидат исполнети желбите по секоја цена што може друго да е.
Во секој случај, интересна серија, испреплетена приказна, различни карактери и желби, и сето тоа на некој начин поврзано.
Не е нешто посебно, но како содржина е ок смислено и не е напорно со оглед дека една епизода трае 6 минути.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: MoonFairy and Давор

MoonFairy

Староседелец
28 септември 2012
1,335
1,964
1,133
Прво ја игнорирав пошто мислев дека е некоја најава за нова серија, па по некое време ме заинтересира и почнав да следам што се случува.
Кога изгледав се дојдов до некој заклучок дека типот од сепарето или исполнувачот на желби е уствари ѓаволот.
Значи со оглед на тоа дека луѓето потпишуваат еден вид пакт со него по цена да им бидат исполнети желбите по секоја цена што може друго да е.
Во секој случај, интересна серија, испреплетена приказна, различни карактери и желби, и сето тоа на некој начин поврзано.
Не е нешто посебно, но како содржина е ок смислено и не е напорно со оглед дека една епизода трае 6 минути.
И мене првиот впечаток ми беше дека типот е д девил химселф :gjavol :)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Хоуп*