Сакам да се туширам,
и гледам мало светло пајаче во када.
Го гледам јас, ме гледа и тоа( мислам дека ме гледа, не сум сигурна).
И во глава, ми доаѓа мисла која сум ја прочитала некаде:
Светли мали пајаци носат среќа....
Хммм..
Што да правам?
Да го убијам немилосрдно или да му го спасам животот?
Се одлучувам да му го спасам животот, може ќе ми донесе среќа.
Додека се трудам да го спасам т. е фатам,
размислувам за среќата..
Доволна ми е една мисла да направам цела тема на размислување во глава.
Среќата...
сите очекуваат некој или нешто да им донесе
среќа.
Сите очекуваат да најдат партнер кој ќе ги усреќи,
сите или повеќемина од нас, чекаат да добијат на лото и најпосле да бидат среќни..
Кога ќе видиме, животов ни поминува во
чекање ( на каса, во гужва, на следниот одмор, на телефонски повик, на платата, на автобусот, на некој кој ќе не усреќи ) па и на среќата..
И така,доаѓам до некој заклучок
дека среќата не е зависна од никој друг,
па ни од светлото пајаче кое се мачи да излезе од кадата, ама не му успева.
Среќата зависи од нас самите.
Се будиме наутро и сами одлучуваме дали ќе имаме среќен или никаков ден.
Мислите го прават своето, па и среќата.
Ако се, што се случува околу нас гледаме со негативни очекувања,
самите си ја ствараме несреќата со нашите мисли.
Гледајќи се позитивно
допринесуваме за нашата среќа..
Сето тоа би го нарекла игра на мислите,
среќа или несреќа.
Некои вечно чекаат на партнерот кој ќе ги направи среќни..
хмммм...
Никој не може на долг период да не прави среќни, ако самите не сме среќни.
Можеби ќе функционира едно време,
но потоа ќе бараме уште повеќе докази од негова страна,
кои ќе не направат среќни,..
неможејќи да ни ја даде или пружи нашата среќа,
ќе се жалиме како тој парнер не прави несреќни, со тоа што неможе да не направи среќни ...
Хе? Конфузија на мислите...
Зар не е среќа, кога додека врне се појавува сонцето и позади нас се појавува прекрасна слика на природата, виножитото?
Зар не е среќа што се будиме здрави
и се спремаме за на работа?
Зар не е среќа што имаме вода дома,
и не мораме да носиме кофи со вода донесени од изворот?
Зар не е среќа што сме ние, ние?
Би можела до утре да филозофирам за нештата кои би можеле да не направат среќни,но
најпосле успевам да го фатам пајачето
во дланките, и се прашувам како ме доживува во моментов?
Се плаши ли?
Или е среќно што му го спасив животот?
Го отварам ширум прозоророт од кујна,
ги отварам дланките,ги затварам очите
и посакувам желба( може стварно ќе ми донесе среќа пајачето)...
и го гледам како се губи од мојот видик..
Му го спасив животот, тоа е среќа...