Родителска негрижа

lady_blue

Староседелец
14 февруари 2012
2,397
4,418
1,153
Работата и седењето кај баба и дедо,и одморот немаат врска со грижата. Го знаеш тоа и сама,незнам зошто упорно се фаќаш за тоа.
Поентата е што нивното слободно време го поминуваат седејќи пред ТВ,на мобилен со колегите или на гости.
Ти можеш да знаеш што се прави твоето дете во текот на денот,но сепак тоа се јавува кај баба му за да и се пожали дека ти не му даваш да јаде. Разбираш што сакам да кажам,нели? Едно е да го пазиш и да извршуваш основни ствари,како правење ручек,вечера,давање пари за ужинка,бацуфка по обрафче пред школо и гасење светло пред да заспие,а друго е да му пружиш љубов и да пројдеш квалитетно време со него. Компјутерот нема да му го надомести тоа.
Поентата е дека многу лесно се донесуваат заклучоци врз основа на видување од страна и дека секој за себе смета дека е подобар и посовршен од тој другиот и дека му е многу појасно отколку на другиот, дури и ако не е сеуште родител.
Поентата е дека секој се смета себеси за поквалитетна личност од другиот и го смета начинот на кој бил воспитуван и израснат како репер за правилна родителска грижа.
Поентата е дека никој не знае што значи да се биде родител сѐ до оној миг додека не го земе во раце своето дете.

Мене ми е многу јасно дека работите не се совршени. И апсолутно е јасно дека родителската негрижа како проблем е реалност и постои. Јас не спорам дека има деца кои се запоставени и дека има родители кои не заслужуваат да бидат родители.
Јас спорам зашто тоа осудување го правите и премногу ноншаланто, без притоа да знаете што всушност се случува во нечиј дом.
А што се случува во нечиј дом е многу тешко да се дознае, зашто никој не е таму за да види.
Дека има симптоми кои излегуваат на виделина и дека тие симптоми мораат да се следат за да се реагира на време, за да се направи сѐ во интерес на доброто на детето, тоа е точно. Исто како што е точно дека тие симптоми некогаш се забележуваат предоцна.

Дека за мене, родителот ја има најголемата одговорност во исраснувањето на детето, сум кажала илјада пати.

Ти неможеш да судиш за мене дали и колку љубов им пружам на моите деца, ниту можеш да знаеш дали и колку квалитетно време поминувам јас со нив. А сепак, врз основа на она што го напишав погоре, ми напомнуваш дека детето сепак се јавило кај баба му да се пожали. Е за тоа спорам јас цело време. Премногу лесно осудување врз основа на неколку слушнати/ прераскажани/видени моменти.
Знаеш зошто детето се јавува кај баба му? Зашто баба му (свекрва ми) е душа од жена која за сѐ им оди по газот на внуците. Затоа што кога е во близна не дозволува никој ни да ги погледне построго, а не па да ги искара. Зашто ги разгалува до небото и назад.

Моите деца растат со мене, јас сум со нив постојано. Мажот ми оди на работа, мене работата ми е периодична и од дома.
Компјутер купивме пред 3 години, одлагавме колку што можевме сѐ до оној момент кога навистина ни беше потребен.
И цртани и филмови и серии секогаш сме гледале заедно. Јас ги заспивав речиси до скоро, со песни и со приказни.
Се трудам да бидам најдобра мајка што можам, а сепак неможам да тврдам дека сум подобра од некоја друга и дека знам повеќе од некоја друга.

Да се гледа од страна е секогаш многу многу полесно. Да си присебен и да знаеш точно да определиш што е најдобро за твоето дете не е нималку едноставно.
Сите ние сме биле деца. И сите можеме да најдеме нешто за што би рекле дека родителите требало да го направат поинаку. Сѐ до оној момент кога и самите сме станале родители. Е дури сме сфатиле дека и не ни било сѐ баш така јасно.
 

Solstice

Nujabes
28 август 2012
1,406
1,537
1,133
31
lady_blue епа штом моето мислење околу целокупната тема(потенцирам: Не ми било во никаков план да те осудувам) го сметаш за осудување,тогаш што правам јас во темава :)
Ајт пријатно.
 

lady_blue

Староседелец
14 февруари 2012
2,397
4,418
1,153
lady_blue епа штом моето мислење околу целокупната тема(потенцирам: Не ми било во никаков план да те осудувам) го сметаш за осудување,тогаш што правам јас во темава :)
Ајт пријатно.
Па незнам како да го сметам -Ти можеш да знаеш што се прави твоето дете во текот на денот,но сепак тоа се јавува кај баба му за да и се пожали дека ти не му даваш да јаде. Разбираш што сакам да кажам,нели? Едно е да го пазиш и да извршуваш основни ствари,како правење ручек,вечера,давање пари за ужинка,бацуфка по обрафче пред школо и гасење светло пред да заспие,а друго е да му пружиш љубов и да пројдеш квалитетно време со него. Компјутерот нема да му го надомести тоа.
Буквалистка сум и читам тоа што пишува.
Но во ред. Ако не сум сфатила точно, се извинувам. Моја грешка.

 

M.Adams

Истакнат Член
16 јануари 2013
82
96
118
Нема родител кој не си бара издувен вентил од од домот и семејството одвреме навреме, и нормално е, дали тоа ќе биде некое хоби, некој форум, небитно. Треба, добро е за тебе, се додека не помешаш приоритети. Колку и да си го сакаш семејството, има периоди кои се премногу напорни па ти доаѓа потреба да му ја летнеш некаде на викенд. Или недела дена. САМА.:D
Ама работата не е изговор за да ти константно после неа одмараш 2 саати на кауч, па 2 саати на интернет оти ти треба малку луфтирација па еден филм да изгледаш, нели си човек, и ете дошло време за спиење. Детето? Си игра, најадено е, со баба му и дедо му е, гледа цртани-ок е. Дали е баш така тоа си знае.
Во различни возрасти бараат различни работи. Кога е мало му треба твојата близина, внимание. Ќе дојде ден кога ќе им требаат од нас претежно само финансии, и тогаш обратно ќе се правдаме? Ако сега велиме -работиме за нив немаме многу време за гушкање, тогаш веројатно ќе биде -немаме многу пари ама дојди како родител да те погушкам, да разговараме:D
Како и да е, да се избегнуваат крајности, се' друго некако се поднесува и е ствар на навика.
 

Реми

Староседелец
18 февруари 2012
542
957
1,093
У близина
Негрижата е широк поим, но едно е јасно - родителите се откажуваат од многу нешта за да бидат родители во вистинска смисла на зборот. Не сакам да коментирам во детали, поточно во цени за памперс и шишиња, бидејќи немам поим за истото, но можам да коментирам и да тврдам дека една личност не може да е истовремено на две места. Не може да работи и да има привилегии во општеството, а 24/7 да е со сопственото дете. Дури и да е возможно на краток период, за останатиот дел од животот, прашање е дали ќе го има.

Не знам зошто ги нападнавте модерните родители, а особено мајките?
Зошто седеле на пц, зошто не переле 24/7, зошто оделе на работа, зошто го ваделе бебето од цицка? Јас, иако ќе потенцирам не сум родител, никогаш ама баш никогаш нема да допуштам моето дете да има се`. Тоа е ненормално за една детска психа и ураган за еден брак. Што мислите, дека мајките што не ви ги кажале лошите работи, дека не се случиле? Или дека едноставно ќе го истресеш од вагината и светот слетува на дланка? Или ќе ја протресете цицката, ќе прошепотите две - три зборчиња и ќе заминете со сопругот во брачната постела? Онака, како во филмовите? Каде сите се насмеани и радосни, а детето плаче и се рани еднаш дневно?

Мислам... Не, не, знам дека е тешко денес, во македонски услови да одгледуваш едно дете. За повеќе не станува збор. Дека е крајно напорно и невозможно да постигнеш се`, а верувам дека секој родител сака својата моторика да е во постојана работа.

Лесно е да се куца на Вашите тастури полни со чипс и лепливи од кока - кола. Не ме ни чуди што се дрзнуваат да критикуваат нечија негрижа, која всушност е голема грижа за подоцната иднина.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Arkantos and lady_blue

JaMi

Староседелец
22 февруари 2012
6,527
14,438
1,683
Таму каде што треба
%D0%9A%D0%B0%D0%BA%D0%BE%20%D0%B4%D0%B0%20%D0%B3%D0%BE%20%D1%83%D0%BF%D1%80%D0%BE%D0%BF%D0%B0%D1%81%D1%82%D0%B8%D1%82%D0%B5%20%D1%81%D0%B2%D0%BE%D0%B5%D1%82%D0%BE%20%D0%B4%D0%B5%D1%82%D0%B5%20-%2009.jpg
да се смеам или да плачам?!?
 

JaMi

Староседелец
22 февруари 2012
6,527
14,438
1,683
Таму каде што треба
Вчера поминувајќи покрај едно детско игралиште,здогледав бебенце кое беше качено само на справите за играње.Подзастанав од страв да не падне,барајќи ја мајка му со поглед.Кога што да видам,4-5 циганчиња го чуваат,на возраст од 6-7год.Меѓу нив едно женско,кое претпоставувам го чува бебево.А како го чува?! Собрани на друг крај од игралиштето и баш девојчето шмрка лепак во кеса. Што и да направев ќе беше џабе,само се помолив и си реков Господ нека го чува.:x:x:x
10308880_784928988191788_1126178312540554040_n.jpg
1903011_784929004858453_1753721727943825375_n.jpg
10262096_784929041525116_7689577123477392356_n.jpg
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: diva orhideja