Родителска негрижа

Mila Kunis

Истакнат Член
15 февруари 2012
2,290
3,528
443
Скопје
Еве вака сега:
Примерот за дадилката го знам, ама нема што да се прави.
Динамиката е таква. Едниот ако не работи, а ако другиот нема директорска плата детето ќе умира за јадење - во буквална смисла.
Затоа што само памперс - бекутан и марамици се колку пола плата.
Е сега кога веќе едниот не работи, е дома, не оправдувам фрлање на децата кај бабата.
Ама размисли дека на бабите и дедовците внуците им се раска во око, секако дека треба да се остави бебето / детето малку и кај нив.
Тоа не е негрижа - од моја гледна точка не е.
Се’ додека детето има прегратка од мајката и татко то, се додека црнчат за да биде тоа задоволено, се’ додека е ислушувано кога и да треба - не е негрижа.

И викаш си против за оставање со дадилки:
Ајде кажи ми што да направам јас идната година. Мајка немам, таа исто нема. Нема на кого да ги оставаме децата, јас од 1 напладне до крај 3-4 морам да сум излезен, таа ќе биде во Скопје на факс. На кого да ги оставам децата? На комшиите? Или да земам дадилка?
- земи во предвид дека машкото не може да поднесе во градинка, плаче и сака дома.

Епа кога веќе се нема доволно средства,а потребните работи за детето се како што велиш пола плата,тогаш мислам дека не би имало потреба од луксузирање. Наместо памперс од 50 денари,ќе се купи памперс од 20 денари(незнам како идат цените ама сакам да кажам наместо најскапиот,купи го најефтиниот) Наместо влажни марамици,детето може да се измие со топла вода и сапунче(да речеме од 20 денари,наместо марамиците од 100денари).

Јасно е дека на бабите и дедовците внучињата им се мили,дури помили и од своите деца,но и тие сакаат некогаш одмор.
Имам пример со блиска роднина,која што бебенцето (9 месеци) секое сабајле пред да оди на работа во 7:30,го остава детето кај мајка и а го зима кога се враќа од работа во 14h. Му го посветува целото свое внимание откако ќе си дојде од работа,немам што да кажам за неа.Таткото оди на работа на смени па кога ќе се погоди 2 смена си го чува тој сам. Меѓутоа во случајов е малку потешко за бабата,бидејќи детето е веќе будно(а да би било дома би продолжило да си спие)а заради возраста во која сега се наоѓа, таа уште во 7 саат сабајле треба да биде расположена за да си игра со детето,да го држи за рачиња додека тоа сака да оди и нон стоп да му обрнува внимание,а со тоа запоставувајќи си ги домашните обврски,не може на раат ниту да исчисти по дома,ниту леб да замеси,ручек да направи..освен кога детето спие. Но,не се жали,внуче и е и ќе си го чува,кога нема кој.

Но имам уште еден пример,кој мене ми личи на родителска негрижа. Бев на гости кај другарка,бебенцето имаше 4-5 месеци,температурата во собата едвај да беше 15-16 степени. На нас возрасните ни беше ладно,седевме со капути одреден период,а да не зборам на малото колку му било ладно. Она вика дека детето било научено на таква температура,немало гајле бебињата имале повисока телесна температура од нас возрасните,можеле да трпат ладно.(facepalm) А на таа температура детето го облекува по едно блузиче и тенки панталончиња (без боди и хулахопки а месец декември).
Друг пример,со истава мајка, му давала чоколадо и мармалад на бебе од 4 месеци...Не сум мајка,може и немам којзнае колку познавање околу исхраната за деца,но знам дека чоколадо не се дава на бебе до 1 годинка...и го кажуваме тоа,само се насмеа.

И уште еден пример, мајката и таткото невработени,имаат некој семеен бизнис плус таткото разнесува домашно млеко по станови.
Бебето едвај 40 дена дали имаше тогаш,кога мајката реши да се прошета со таткото додека он разнесуваше млеко,а бебето го остави на бабата. И тоа не еден ден,се случуваше неколку дена по ред истото. И наместо да цица,детето пиеше вештачко млеко,затоа што на мајката и текнало да прошета. Истата мајка , кога детето имаше 3-4 месеци отиде на гости 2-3 дена во друг град,кај мајка и. Е тоа јас го сметам за родителска не грижа.
Не е родителска не грижа,ако родителите одат на работа,а го остават детото кај баба на гости :)
 

Solstice

Nujabes
28 август 2012
1,406
1,537
1,133
31
го прочитав воведот
и тоа ми е зборување на памет
и целава дискусија ми е нагаѓање и зборување на памет
родителска негрижа е ако воопшто не се појавиш на работа
родителска негрижа е ако додека си на работа детето го оставиш без клуч да талка по улици
родителска негрижа е ако ти одиш да си јадеш во кафана, а детето го оставаш цел ден гладно
родителска негрижа е ако детето воопшто не го пратиш во училиште
ако не го носиш на лекар
ако не го носиш на вакцинирање
и уште куп такви работи
родителска негрижа не е ако детето го оставам кај баба и дедо додека сум на работа
и ако на враќање од работа поминам кај баба и дедо за да си го земам
и ако мртва уморна сепак зготвам за јадење
кога сме сите дома, па дури и кога сум јас на лап топ или па гледам серија, а децата се едниот на компјутер, а другиот на фејсбук, мислиш дека јас не ги гледам шо прават? мислиш дека се разминуваме еден покрај друг без да зборуваме?
зошто ви е толку несфатливо дека родителот може и да гледа серија и да праи муабет со детето?
ене го, моментално син ми е на компјутер, а јас на лап топ
и сега ќе си легнам
ќерка ми е во школо
кога ќе се врати ќе ѝ наместам да јаде и ќе оди да учи
а сепак, се случува чудо
јас знам точно како им поминал денот
и знам кој на кого му е симпатија
и кој со кого се скарал, а по што правел тест и кај кого следно ќе одат на роденден

:D
Работата и седењето кај баба и дедо,и одморот немаат врска со грижата. Го знаеш тоа и сама,незнам зошто упорно се фаќаш за тоа.
Поентата е што нивното слободно време го поминуваат седејќи пред ТВ,на мобилен со колегите или на гости.
Ти можеш да знаеш што се прави твоето дете во текот на денот,но сепак тоа се јавува кај баба му за да и се пожали дека ти не му даваш да јаде. Разбираш што сакам да кажам,нели? Едно е да го пазиш и да извршуваш основни ствари,како правење ручек,вечера,давање пари за ужинка,бацуфка по обрафче пред школо и гасење светло пред да заспие,а друго е да му пружиш љубов и да пројдеш квалитетно време со него. Компјутерот нема да му го надомести тоа.
 

Аркантос

Romanticist
23 август 2012
2,352
3,849
1,153
Епа кога веќе се нема доволно средства,а потребните работи за детето се како што велиш пола плата,тогаш мислам дека не би имало потреба од луксузирање. Наместо памперс од 50 денари,ќе се купи памперс од 20 денари(незнам како идат цените ама сакам да кажам наместо најскапиот,купи го најефтиниот) Наместо влажни марамици,детето може да се измие со топла вода и сапунче(да речеме од 20 денари,наместо марамиците од 100денари).

Јасно е дека на бабите и дедовците внучињата им се мили,дури помили и од своите деца,но и тие сакаат некогаш одмор.
Имам пример со блиска роднина,која што бебенцето (9 месеци) секое сабајле пред да оди на работа во 7:30,го остава детето кај мајка и а го зима кога се враќа од работа во 14h. Му го посветува целото свое внимание откако ќе си дојде од работа,немам што да кажам за неа.Таткото оди на работа на смени па кога ќе се погоди 2 смена си го чува тој сам. Меѓутоа во случајов е малку потешко за бабата,бидејќи детето е веќе будно(а да би било дома би продолжило да си спие)а заради возраста во која сега се наоѓа, таа уште во 7 саат сабајле треба да биде расположена за да си игра со детето,да го држи за рачиња додека тоа сака да оди и нон стоп да му обрнува внимание,а со тоа запоставувајќи си ги домашните обврски,не може на раат ниту да исчисти по дома,ниту леб да замеси,ручек да направи..освен кога детето спие. Но,не се жали,внуче и е и ќе си го чува,кога нема кој.

Но имам уште еден пример,кој мене ми личи на родителска негрижа. Бев на гости кај другарка,бебенцето имаше 4-5 месеци,температурата во собата едвај да беше 15-16 степени. На нас возрасните ни беше ладно,седевме со капути одреден период,а да не зборам на малото колку му било ладно. Она вика дека детето било научено на таква температура,немало гајле бебињата имале повисока телесна температура од нас возрасните,можеле да трпат ладно.(facepalm) А на таа температура детето го облекува по едно блузиче и тенки панталончиња (без боди и хулахопки а месец декември).
Друг пример,со истава мајка, му давала чоколадо и мармалад на бебе од 4 месеци...Не сум мајка,може и немам којзнае колку познавање околу исхраната за деца,но знам дека чоколадо не се дава на бебе до 1 годинка...и го кажуваме тоа,само се насмеа.

И уште еден пример, мајката и таткото невработени,имаат некој семеен бизнис плус таткото разнесува домашно млеко по станови.
Бебето едвај 40 дена дали имаше тогаш,кога мајката реши да се прошета со таткото додека он разнесуваше млеко,а бебето го остави на бабата. И тоа не еден ден,се случуваше неколку дена по ред истото. И наместо да цица,детето пиеше вештачко млеко,затоа што на мајката и текнало да прошета. Истата мајка , кога детето имаше 3-4 месеци отиде на гости 2-3 дена во друг град,кај мајка и. Е тоа јас го сметам за родителска не грижа.
Не е родителска не грижа,ако родителите одат на работа,а го остават детото кај баба на гости :)
Прво. Бидејќи не ги знаеш цените, јас ќе ти ги кажам, 550 денари се најефтините, ама од 50 парчиња внатре фрлаш 20 затоа што на неколку им се исушени лепаците.
Второ. Неможеш детето после секое менување памперс да го бањаш, прво ќе го испопреладиш, а после ред други работи. Некогаш си излезен на гости, во друг град, мора да се има марамчиња.
Трето. Јас немам мајка, жена ми нема мајка, другите семејства не ги окривувам ниту им судам тие си знаат како им е најдобро, ама кога јас нема да можам да ги чувам, и кога жена ми ќе биде на факс, ние ќе имаме дадилка - и тоа не е од негрижа, туку од ГРИЖА.
Четврто. Зошто се обидувате да кажувате за други родители? Почекајте... кога ќе почне вашиот стаж тогаш ќе збориме.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: lady_blue and melpomena

Аркантос

Romanticist
23 август 2012
2,352
3,849
1,153
пред да одам да си легнам, едно саат и пол да одморам малку, да ви раскажам нешто
син ми е проблематичен за јадење, не јади ова, не јади она, секој ден е иста приказна
сме пробале секако, со убедување, со објаснување, со молење, со карање, со арно, со строго, буквално сѐ освен да земам на сила да му пикам јадење во уста.
дури и сум барала совети од матичната докторка како да го научам да јаде сѐ.
ама џабе, детето си е такво и тоа е тоа.
и нормално, се случувало ноќе, околу полноќ да е гладен и да ме тера да му наместам за јадење.
и уште понормално, ќе му наместев, ќе јадеше и ќе си легнеше.
Арно ама му премина тоа во навика. И еднаш пресеков. Реков ќе јадеш кога јадеме сите, тоа што сум зготвила, тоа има, друго нема. Ми се налути, го грабна телефонот и се јави кај свекрва ми. Ѝ вели - Бабооо, овие не ми даваат да јадаааам.
И ај сега?
Срам да ми е што ќе се осудам да ти давам совети а си со поголем стаж од мене :)
Ама дај му 5 напред. Згора на се’ машко е, и јас бев таков до 15 години со еурокрем живеев. После почнав да јадам се’ и сешто.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: lady_blue

Mila Kunis

Истакнат Член
15 февруари 2012
2,290
3,528
443
Скопје
Прво. Бидејќи не ги знаеш цените, јас ќе ти ги кажам, 550 денари се најефтините, ама од 50 парчиња внатре фрлаш 20 затоа што на неколку им се исушени лепаците.
Второ. Неможеш детето после секое менување памперс да го бањаш, прво ќе го испопреладиш, а после ред други работи. Некогаш си излезен на гости, во друг град, мора да се има марамчиња.
Трето. Јас немам мајка, жена ми нема мајка, другите семејства не ги окривувам ниту им судам тие си знаат како им е најдобро, ама кога јас нема да можам да ги чувам, и кога жена ми ќе биде на факс, ние ќе имаме дадилка - и тоа не е од негрижа, туку од ГРИЖА.
Четврто. Зошто се обидувате да кажувате за други родители? Почекајте... кога ќе почне вашиот стаж тогаш ќе збориме.
Јас само кажав пример што на мене ми личи на родителска негрижа и што јас не би го направила на своето дете утре ден кога ќе имам.
Не реков дека не го оправдувам тоа кога нема кој да го чува детето дека треба да се има дадилка (доколку нема баба,дедо).
ииии...не би рекла дека ќе го преладиш детето ако го измиеш со топла вода.
Братучетка ми секојпат кога детето е какано го мие со топла вода и сапунче било да е дома или на гости,и до сега детето си е во ред,не се преладило.
 

Аркантос

Romanticist
23 август 2012
2,352
3,849
1,153
Тогаш,да ја оставиме оваа тема на родителите,а Arkantos? И темите во Музика на музичарите,и темите во Историја на историчарите? :D
Можеш да ги извртуваш муабетите но оваа е толку длабока тема на која јас додека немав дете не можев да зборам затоа што не можеш да збориш за нешто што не го знаеш.
Еве јас пример не би можел да најдам тема за хемија на форумов и да им попувам оти си немам појма од ништо поврзано со хемијата.
Е сега, кога сме кај негрижа. Треба да сфатите дека многу е тешко да се биде родител. Најтешко за оние што немаме појма(а никој нема појма со првото дете)
Јас ќе ти раскажам една случка од мене, па види ти дали е ова негрижа:
Кога бев тазе татко, му се пулев на детето како да е од марс паднато, ако не ми го ставеше во раце жена ми не го фаќав, кога сакав да го бацнам ми се тресеше рилката од страв да не го боцнам да не му направам нешто.
Потоа требаше да се избања тоа дете нели? Јас и жена ми сами, неуки, фативме, јас му го држев главчето да не му влезе вода во очите и ушите! А таа го бањаше на тело.
Тоа е негрижа нели?
После ваквите моменти ако јас еден ден немам сила да му се посветам на детето баш тој ден, значи дека не се грижам доволно за него?
- не можете да судите додека не станете родители тоа сакам да ви го кажам до прееска.

Јас само кажав пример што на мене ми личи на родителска негрижа и што јас не би го направила на своето дете утре ден кога ќе имам.
Не реков дека не го оправдувам тоа кога нема кој да го чува детето дека треба да се има дадилка (доколку нема баба,дедо).
ииии...не би рекла дека ќе го преладиш детето ако го измиеш со топла вода.
Братучетка ми секојпат кога детето е какано го мие со топла вода и сапунче било да е дома или на гости,и до сега детето си е во ред,не се преладило.
Јас кога сум на гости се срамам да им побарам да го измијам детето. Се срами и жена ми. А и не го гледам проблем тоа да купам влажни марамици - затоа што сум се погрижил основните работи на моите деца да не им недостигаат.
Ајде ќе почекаме да станеш и ти мамичка па ќе ни прикажуваш :)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: lady_blue

Mila Kunis

Истакнат Член
15 февруари 2012
2,290
3,528
443
Скопје
Можеш да ги извртуваш муабетите но оваа е толку длабока тема на која јас додека немав дете не можев да зборам затоа што не можеш да збориш за нешто што не го знаеш.
Еве јас пример не би можел да најдам тема за хемија на форумов и да им попувам оти си немам појма од ништо поврзано со хемијата.
Не е исто хемија и однос-родител дете.
Ако секој нема познавање од хемија,секој барем има познавање од односот роител -дете,затоа што ако не е родител , тогаш е нечие дете,и може од искуство да си одговори на темава.
 

Solstice

Nujabes
28 август 2012
1,406
1,537
1,133
31
Можеш да ги извртуваш муабетите но оваа е толку длабока тема на која јас додека немав дете не можев да зборам затоа што не можеш да збориш за нешто што не го знаеш.
Еве јас пример не би можел да најдам тема за хемија на форумов и да им попувам оти си немам појма од ништо поврзано со хемијата.
Е сега, кога сме кај негрижа. Треба да сфатите дека многу е тешко да се биде родител. Најтешко за оние што немаме појма(а никој нема појма со првото дете)
Јас ќе ти раскажам една случка од мене, па види ти дали е ова негрижа:
Кога бев тазе татко, му се пулев на детето како да е од марс паднато, ако не ми го ставеше во раце жена ми не го фаќав, кога сакав да го бацнам ми се тресеше рилката од страв да не го боцнам да не му направам нешто.
Потоа требаше да се избања тоа дете нели? Јас и жена ми сами, неуки, фативме, јас му го држев главчето да не му влезе вода во очите и ушите! А таа го бањаше на тело.
Тоа е негрижа нели?
После ваквите моменти ако јас еден ден немам сила да му се посветам на детето баш тој ден, значи дека не се грижам доволно за него?
- не можете да судите додека не станете родители тоа сакам да ви го кажам до прееска.
Можам да зборам,зошто сепак сум бил во таква ситуација,во улога на дете. Моите работеа двајцата по 12 саати,и имаа време и за одмор,и да седне мајка ми со мене да изгледа цртан,и да играме со топка,и да ми помага со гаражите за колички,и татко ми да игра кошарка со мене,и да ме шета со количката на педали,и се останато. Знам и многу други такви примери на родители. Така да работата и одморот не се апсолутно никаков фактор,зошто збориме за слободното време. И не се прави муабет тука само за еден ден,ако не примети :)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: melpomena

Аркантос

Romanticist
23 август 2012
2,352
3,849
1,153
Не е исто хемија и однос-родител дете.
Ако секој нема познавање од хемија,секој барем има познавање од односот роител -дете,затоа што ако не е родител , тогаш е нечие дете,и може од искуство да си одговори на темава.
Не може да се одговори на темава од гледање. Еве јас ти кажувам не можев да одговорам на темава затоа што ми се сменија сите погледи откако станав татко.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: lady_blue