Родителска негрижа

melpomena

Енигма
3 март 2012
8,210
17,754
1,673
На сигурно
Неможам да се пофала од аспект на родител,но можам да учествувам во темава од аспект на дете.
Не сакам да пишувам какви родители се комшиите,роднините,пријателите и дали се тие грижливи родители или ги занемаруваат своите деца.
Таа работа ке ја оставам за свекрвите,тие нека озборуваат :D

Моите родители ме оставале сама скоро по цел ден уште на мои 5 години,сама за појадок,ако се тука за ручек арно,но за ужинка пак сама....и ке дојдеа преморени понекогаш дури и после нормалното време за вечера.
Тоа што немале ни кај кого да ме оставаат да ги правам негрижливи?
Сега изгледа наогаме маани и на оние родители кои имаат на кого да ги остават своите деца без разлика од кои причини.
Не,напротив,моите родители се најгрижливите родители што воопшто ги познавам.
Татко ми не е многу по прегратките и дигањето врева(внимание)околу родендените,но затоа пак ми удоволил скоро се што сакам во сооднос со условите што сме ги имале.
Да учам во соодветно училиште и факултет,да имам покрив на глава,јадење и услови да бидам нормално здрава личност.
Ме оставале да одлучувам за итекако битни работи за мојот живот,за работи за кои сум сакала тие да одлучат место мене за да јас не погрешам.
Многу сум им благодарна за тоа,отпосле сум ја сфакала поентата зошто не ми помогнале во одлуките.
Отпосле станав свесна зошто кога имаа можности ме оставија за некои работи сама да се борам.
Да,немав играчки,скоро да и немав детство,но не затоа што тие не сакале и не биле грижливи туку,и тие се бореле со животот за мое подобро утре.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: lady_blue and slb_bobo

JaMi

Староседелец
22 февруари 2012
6,527
14,438
1,683
Таму каде што треба
Јас само не ги разбирам родителите кои дремат 24/7 на интернет наместо да си го поминуваат времето со своите дечиња,да им посветат максимано внимание,едукација и воспитување... :unsure
едит-Исто така не ги разбирам и оние родители што имаат само пари да им пружат на своите деца и ништо друго (facepalm)
 

Марија

Poétesse
14 април 2012
1,146
2,491
1,123
Скопје
Јас само не ги разбирам родителите кои дремат 24/7 на интернет наместо да си го поминуваат времето со своите дечиња,да им посветат максимано внимание,едукација и воспитување... :unsure
едит-Исто така не ги разбирам и оние родители што имаат само пари да им пружат на своите деца и ништо друго (facepalm)

Пробај да ги разбереш.
Замисли да си родител, и константно освен љубовта, радоста и прегратките и рајските градини нели кои ги нудат дечињата, во глава да ти се вртат трошоците за подмирување, обврските за извршување, иднината на детето итн... при тоа врискотници и детски каприци, плачки и хистерии секоја минута... тоа што некој родител седнал на нет јас го велам бегство од дома, виртуелно отргнување, мала пауза за мозокот, одмор и збиднување на нешто друго на страна од пелените и шишињата за млеко...
не не ги осудувам, тоа не е родителска не грижа, тоа е мала грижа за себе... somehow...
 

Sutrak

Нов член
17 февруари 2013
8
2
3
ги читам мислењава и до негде се согласувам,меѓутоа мислам дека доколку родителот сака може да најде начин како да компензира за пропуштеното време со своето дете.Кај нас мислам дека полесно е да се најде изговор за нешто да не се направи отколку начин да се направи.Не за џабе е кажано тоа дека лесно е да се направи дете но да се направи од него човек е тешко,затоа што на децата им е потребна љубов и секако внимание и ако не го добијат дома ке го бараат надвор од домот.Моите родители како мала ме оставаа во градинка бидејќи мораа да одат на работа,но сепак кога ќе се соберевме дома после сколо,работа или градинка се знаеше дека сме дома и тука ние сме важни(јас и брат ми)а за време на викенди обавезно се правесе некоја прошетка и раскажување приказни.Денес мислам дека тоа се поретко се прави и се повеќе се дава акцент на материјалното(да му се купи,да му се даде нешто на детето)отколку да се седне и да се разговара со него без разлика на возраста па затоа родителите немаат појма што и како се случува во животот на нивните деца а потоа прстот се вперува кон училиштата како виновници што децата не им се како што треба. Имам пријатели кои се доста млади и веќе имаат две деца,меѓутоа тие сеуште се однесуваат ко да се дечко и девојка,оставајки ги децата кај бабите да им ги чуваат дури тие шетаат. Ок,разбирам дека се нови времиња меѓутоа тоа дете има потреба од родителска љубов и грижа а не од бабите и дедовците и не се наставниците одговорни за нивното воспитување колку што се задолжени самите родители пред се. Затоа мислам дека и самите родители не се свесни колкава одговорност е да се има дете (не сите ама повеќето) и што се е потребно за да од едно дете да се направи одговорна и зрела личност,па се впуштаат во тоа не доволно спремни и потоа обвинуваат се околу нив за евентуалните неуспеси...
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: violetmoon and JaMi

JaMi

Староседелец
22 февруари 2012
6,527
14,438
1,683
Таму каде што треба
Пробај да ги разбереш.
Замисли да си родител, и константно освен љубовта, радоста и прегратките и рајските градини нели кои ги нудат дечињата, во глава да ти се вртат трошоците за подмирување, обврските за извршување, иднината на детето итн... при тоа врискотници и детски каприци, плачки и хистерии секоја минута... тоа што некој родител седнал на нет јас го велам бегство од дома, виртуелно отргнување, мала пауза за мозокот, одмор и збиднување на нешто друго на страна од пелените и шишињата за млеко...
не не ги осудувам, тоа не е родителска не грижа, тоа е мала грижа за себе... somehow...
нормално дека треба разонода,не реков дека ги осудувам само реков дека не ги разбирам ,иако немам деца верувај имам многу искуство со нив,зборам за оние кои навистина не се замараат многу околу нивната едукација,вопситување и мислат дека единствено нешто што ќе направат е само пари да им дадат да си купат се што си сакаат и толку,да си седнат на интернет и по цели денови на тоа игрите копаат нивите. Но,секој си се грижи за своите деца како што мисли дека е најдобро,лично право :)
Единствена не грижа ја сметам за оние мајки кои се пораѓаат и бегаат од болница оставајќи ги своите деца(ова ми го има кажувана другарка која работи на клиника) или па на оние мајки кои пробуваат да си го убијат своето дете на било кој начин( како што една жена тоа го направила,пробала да си го убие детето го акнала во Вц-то дома на плочки ама за среќа на брза интервенција на дедото преживеало :x)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Bibi@ and violetmoon

violetmoon

Модератор
Член на администрација
11 декември 2012
2,662
5,747
1,153
Епа тоа и ми е целта да покажам. Од каде знаете каква е приказната на оние кои ги осудувате? Еве violetmoon ги посочи нејзините познаници, ама од каде знаеш ти како се пресекло детето, како бутнало телевизор и сл. Сите знаеме дека малите деца се хиперактивни „ѕенѕала“ и не е лесно да се следи секој нивни чекор, како што и посочи аркантос една секунда да го испуштиш од вид и може да направи беља.
Јас само посочив пример за кој со сигурност знам дека е така верувај,сама мајкава ми има раскажувано за тие случки,и мислам дека не е во ред толку мало детенце не се остава само.Јас не осудив никој друг,ниту обвинив ниту имам право на тоа само како што кажа и JaMi не можам да ги разберам, а за децата сите знаеме колку се непредвидливи и хиперактивни,колку и да си до нив и да ги гледаш,некогаш ќе направат беља.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: JaMi and Bibi@

МериСелест

Староседелец
24 април 2012
2,009
3,215
1,143
Познавам родители кои само за викендите си го гледаат своето дете...Буквално баба им ги израсна сите деца а тие само си шетаат и не бераат гајле дали биле болни дали им фалило нешто...(facepalm)
Работата им беше изговор но имаа работно време од 08 часот наутро до 15 часот по ручек...И наместо да бидат со децата кажав веке тие си го живееја животот :rolleyes:
Абе ај...утре ке се случи нешто и кој ке биде крив?Бабата нормално...
Не им го разбирам и јас тоа и не се ни трудам да ги разберам.Јас никогаш не би го направила тоа.
А оние кои најмуваат дадилки?(facepalm)Дали се свесни дека на секој човек не се остава своето чедо...
Изгледа не...
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Sutrak and violetmoon

Аркантос

Romanticist
23 август 2012
2,352
3,849
1,153
Познавам родители кои само за викендите си го гледаат своето дете...Буквално баба им ги израсна сите деца а тие само си шетаат и не бераат гајле дали биле болни дали им фалило нешто...(facepalm)
Работата им беше изговор но имаа работно време од 08 часот наутро до 15 часот по ручек...И наместо да бидат со децата кажав веке тие си го живееја животот :rolleyes:
Абе ај...утре ке се случи нешто и кој ке биде крив?Бабата нормално...
Не им го разбирам и јас тоа и не се ни трудам да ги разберам.Јас никогаш не би го направила тоа.
А оние кои најмуваат дадилки?(facepalm)Дали се свесни дека на секој човек не се остава своето чедо...
Изгледа не...
А што ако и двајцата одат на работа, прва смена, на кого да го остават детето?
 

МериСелест

Староседелец
24 април 2012
2,009
3,215
1,143
А што ако и двајцата одат на работа, прва смена, на кого да го остават детето?

Зборот ми беше дека и после работа не си го гледаат своето дете... Значи од наутро наручек и навечер детето е кај бабата...Само за викенди го гледаат...Да,нека го оставаат кај бабата но и таа сепак си има свои обврски нели?Е сега и кога едниот родител повеке не оди на работа приказната е иста... Не им посветува внимание...
Јас немам против за кај бабата но не секој ден,еднаш едното дете својата баба ја завика и мамо но оставањето на дадилки сум против тоа...Дали го знаеш најновиот случај со дадилката и бебето и малтретирањето?
Дали бабата има доволно сила да се грижи за сите деца а да го додадам и за своето и плус работата?
Кажав ова како пример со кој сум запознаена.:) И верувај страшно е.Многу луге ги осудиле за тој потег.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: violetmoon

melpomena

Енигма
3 март 2012
8,210
17,754
1,673
На сигурно
Кога ги читам ова претежно помладите,ова не им било јасно,она не им било јасно,како родителите седеле на компјутер,како дадилка изнајмувале,ајде сите да бидеме еден ден родители па нека бидеме 24 часа со децата.
Сите се силиме пред време но да видиме дали тогаш ке сме јаки како што сме сега на зборови.
И што кога нема да одат родителите ниту на рабоота ниту некаде да прошетат за да бидат со нас 24 часа?
Која иднина ке бидат во можност тие да ни ја пружат?
Или тогаш нема да не интересира зошто неможат некои услови да ни пружат.
Епа ем 24 часа со нас,емуслови,тоа ни Чак Норис не го може,а со овој памет не верувам дека ке можете и вие.
Но ајде нека испадне дека не сум право,направето го вие светот онаков каков што однапред кажувате дека може да биде.