Родителска негрижа

Believe

Активен Член
30 јануари 2013
108
141
43
По правење моабет со повеќе личности видов дека на денешно време родителите помлади си ги занемаруваат своите деца. Прв начин е својата работа и двата родители одат на работа едниот работи 8 часа другиот 12 часа и двајцата кога ќе се вратат се случува едниот оди си одмара и сл. а мајката мртва уморна зима прави јаденје јадат си одмараат и после како и обично сега си седнуваат и двајцата и си гледаат серии од 20ч - до 23 часот и како обчино нормално утре се на работа и си легнуваат и што се случува во меѓувремено каде е нивното дете? нормално во школо до кај 13 часот кога ќе се врати ќе јаде што ќе најде и сл. после тоа знаеме сите ако е машко седнува да игра игри и тоа е тоа а ако девојче нормално фејс и тн. секое различно и каде се тука родителите да обрврнат внимание на своето дете да му покажат љубов дали денеска љубовта се заменува со купувањето на игри, пари давање, со нова облека или во подобро кажано во материјални работи отколку да се посвети внимание?

Еве накратко еден вовед на темата па продолжете вие :)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Sutrak

violetmoon

Модератор
Член на администрација
11 декември 2012
2,662
5,747
1,153
Да има многу случаи каде што децата се препуштени на бабите и дедовците токму поради денешниов начин на живот кој е многу динамичен.
Меѓутоа за мене не е изговор уморот или немањето време,кога си веќе родител треба да се носиш со одговорноста и треба да му посветиш доволно внимание на своето дете кое има потреба од љубов и грижа без разлика на возраста.
Еве јас ќе се земам за пример,мојата ќерка е помала има 20 месеци,меѓутоа јас секој слободен момент,секоја минута,саат го користам за да поминам време со неа,без разлика дали сум уморна или ненаспана,таа е најбитна.Доволно е што и недостигам додека сум на работа па кога ќе дојдам не ме пушта да се приближам до вратата зошто мисли дека пак ќе отидам,ја гледам колку е среќна кога ќе ме види и ќе се стрча да ме бакне,тоа е најголема радост за мене,а верувам и за секој родител.
Љубовта на детето не се купува со материјални работи,со игри,облека или сл,децата се интелегентни и иако се мали,се разбираат и чувствуваат,така што џабе е ако му купам и десет играчки и само да му ги дадам,а не поминам ниту пет минути да ги поиграм со него .
 
mountian

Полноправен Член
30 јануари 2013
56
29
18
што треба да не работи за да обрнува повеќе внимание на детето па тогаш ќе нема пари и ќе има повеќе проблеми тоа е реалноста која не може да се избегне за тоа се тука слободните денови кој имаат цел ден родителите да поминат со своето дете.Горенаведеното нема никаква основа за родителска негрижа.Секако дека по работното време нормалниот родител треба да се интересира за своето дете како го поминало денот и училиштето во спротивно родителска негрижа е ако родителот ги одбегнува обврските и одговорноста за своето дете.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: melpomena

violetmoon

Модератор
Член на администрација
11 декември 2012
2,662
5,747
1,153
што треба да не работи за да обрнува повеќе внимание на детето па тогаш ќе нема пари и ќе има повеќе проблеми тоа е реалноста која не може да се избегне за тоа се тука слободните денови кој имаат цел ден родителите да поминат со своето дете.Горенаведеното нема никаква основа за родителска негрижа.Секако дека по работното време нормалниот родител треба да се интересира за своето дете како го поминало денот и училиштето во спротивно родителска негрижа е ако родителот ги одбегнува обврските и одговорноста за своето дете.

Тоа и е муабетот,јас имам близок пример каде доаѓаат родителиве,уз пат го земаат малово од градинка и го оставаат кај бабава и дедово да јадат,да одморат.
После два саати ќе го земат ќе поседи со нив саат време и пак за спиење со баба и дедо и ај кажи ми ти на мене сега каде е тука родителката љубов и грижа за тоа дете,дали го прашале како поминало,да седнат да поиграат,да се гушнат за спиење....мислам мене ми е несватливо.
 
lady_blue

Староседелец
14 февруари 2012
2,397
4,418

а тие живеат заедно со бабата и дедото?
 
Succubus

Истакнат Член
28 февруари 2012
562
835
393
under your skin.
Кога родителот ги одбегнува обврските и одговорностите за детето и кога не се посветува доволно внимание, нема право донекаде да каже нешто лошо за детето доколку и тоа не ги завршува своите обврски. Зашто нели, децата од родителите учат најчесто, посебно на помала возраст.
И тоа мене ми е највеќе несфатливо, кога родителите ги обвинуват децата, а всушност тие не си ја извршиле својата должност. Одговорноста како родител е итекако голема, ама кога веќе си решил да бидеш родител, треба да бидеш спремен за тоа. Не можеш на 18 години да бидеш спремен, башка се повеќе и на помала возраст стануват родители, ама за нив не ми е жал, за децата ми е жал.
Овој сегашен брз живот, ДА дека не дозволува, ама се' е до организацијата. Ако добро се организираш, ќе сфанеш дека имаш време и да идеш на работа, и да средеш по дома, и да поминеш доволно време со децата, и да имаш време за тебе, и да имаш време за со партнерот во спална или дека и да е :D
Многу е битна родителската грижа, љубов и внимание, поради недостаток на тоа децата во подоцнежните години стануваат агресивни, зајадливи, љубоморни...Некои од нив и деликвенти...
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: violetmoon

lady_blue

Староседелец
14 февруари 2012
2,397
4,418
1,153
ми се чини дека премногу лесно осудувате.
секој си знае шо му се случува дома.
дури и примеров од violetmoon не ми е прифатлив за родителска негрижа.
познавам и јас еден куп семејства кои живеат заедно, бабата и дедото долу, младите горе, а децата додека се помали повеќе време минуваат со бабата и дедото одошто со родителите. За ниедно од тие семејства не би рекла дека се работи за родителска негрижа.
Мојата најдобра другарка живее на истиот принцип. Да ја наведам како пример за родителска негрижа би било несфатливо, зашто знам колку тоа не е точно.

Родителството не се учи во ниедно школо и врз него влијаат еден куп работи.
Ако имаш некој кој ќе ти помага, дозволуваш да ти помага, зашто денешново лудо време и тоа како исцрпува.
Ако немаш никој, сакаш-неќеш ќе се справуваш некако.

Не велам дека не постои родителската негрижа како проблем, но не е така едноставно да се обвини некој за истата.
Поготово не вака гледано од страна, претпоставувајќи дека ние сме подобри родители од оние другите, само зашто тие прават така, а ние правиме вака.
Никој никому не му е дома, па да знае доволно за да обвинува, па дури и да суди.
 
Значи јасно ми е какво е денешново темпо на живот,и не осудувам,реков само дека мене ми е несватливо,и јас кажувам за луѓе кои ми се многу блиски.
Кажи ми дали би оставила двегодишно дете само да си седи во соба,а ти да спиеш до 12?
Колку пати има така направено кога не е на работа детево го остава само и еднаш и бутна телевизор,друг пат се исече со нож,и уште колку такви случки имаше подобро да не кажувам.Е сега не знам дали тоа е родителска грижа или негрижа.
 
ти напиша дека го оставаат детото кај баба и дедо
сега пишуваш нешто сосема друго
ако второво е вистина, тогаш не ми се допаѓа.

Значи јасно ми е какво е денешново темпо на живот,и не осудувам,реков само дека мене ми е несватливо,и јас кажувам за луѓе кои ми се многу блиски.
Кажи ми дали би оставила двегодишно дете само да си седи во соба,а ти да спиеш до 12?
Колку пати има така направено кога не е на работа детево го остава само и еднаш и бутна телевизор,друг пат се исече со нож,и уште колку такви случки имаше подобро да не кажувам.Е сега не знам дали тоа е родителска грижа или негрижа.
прашање :
зошто сега си овде на форум наместо да го посветиш времево на детето?
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Lena and slb_bobo