Брак, но не и развод!

За или против развод кога се има деца?


  • Вкупно гласале
    18
  • Poll closed .

FallenAngel

Староседелец
5 декември 2012
601
402
1,073
Eupen
Кога пишувам на темава сета се наежувам бидејки сум дете на разведени родители.
Ме крши мислата дека некогаш беа заедно и заедно се грижеа за мене,а денес со татко ми комуницирам преку интернет, а живеам со очув и мајка ми. Многу работи се изменија од тој развод. Татко ми створи фамилија а и мајка ми. Знам дека ме сакаат, дете сум им, но сепак нешто ми фали,нешто е скршено во мене. Пред некој ден барав во очувот некоја замена на татко ми, но не најдов. А татко ми е далеку да ми ја пружи љубовта. Го гледам само летото.

КОГА ЌЕ ОДЛУЧИТЕ ДА СТАПИТЕ ВО БРАК НАПРАВЕТЕ ГО ТОА ОД ЉУБОВ И РАЗМИСЛЕТЕ ДЕКА ТРЕБА ДО КРАЈОТ НА ЖИВОТОТ ДА ЖИВЕЕТЕ СО ТОЈ ПАРТНЕР БИДЕЈКИ ЌЕ НАСТАНАТ ДЕЦА КОИ ЗА НИШТО НЕ СЕ ВИНОВНИ.
Your-Role-as-a-Family-Member.jpg

ЗАТОА ШТО ЛЕСНО Е ДА СЕ РАСИПЕ ШКОЛО,РАБОТА,СТАН И СЕ ЗАЕДНИЧКО ГРАДЕНО НО ТЕШКО Е ДА СЕ ПОСТИГНЕ СЕТО ТОА ПОНАТАМУ.

Многу родители не го размислуваат ова или пак не им е битно тоа и се разведуваат.

Детето се навикнало да биде со двата родитела,за арно и лошо.За било каква помош и одлуки заедно сите 3 глави да размислуваат и одеднаш се случува тоа.

Навистина од моја гледна точка јак филм ги удара во глава партнерите или едниот партнер и се разведуваат.Но тогаш ако така сакале не требало да се мачат да направат едно суштество,кое ќе е дел од ДВАЈЦАТА.

Немам повеќе зборови

Кога ќе одлучам со 25 години на склучам брак со една сродна душа јас СЕ КОЛНАМ дека што и да се случи нема да се разведам бидејки го осетив тоа на моја кожа и не го посакувам тоа на моите деца.
happy-family.jpg

Знам ќе кажете да не бидам себична, дека тие имале причина што се развеле, дека сепак нема цел живот да сум со нив и уште икс други причини, но вие што сте пораснале со родителите лесно ви е. А нека одговорат оние кои имале убаво детство додека биле со двајцата родители па после се развеле... Не зборувам за оние случаеви каде родителите биле алкохоличари или не се однесувале добро со фамилијата туку за оние кои биле примерни.​
Никој не е научен да биде добар родител, но најлошото што може да се случи е да се разведуваат кога имаат деца. Колку и да кажете дека не патат децата патат и тоа многу.​
mother-e1331635400202.jpg

 

Caci

Истакнат Член
15 февруари 2012
876
1,104
393
30
Струмица
постојат ситуации во кои е подобро да се разведеш отколку да останеш во брак, не можам да ги разберам жените/мажите кои се жртви на физичко насилство а не се разведуваат поради децата, има и други причини, изневерување, силување, несогласување, пиење, коцкање и многу други... но пред се треба да пробат да ја решат заеднички ситуацијата која настанала, значи ако се сака според мене не постои ситуација која не може да биде решена, колку и да е длабока... ако не се реши е тогаш развод, што би било многу подобро и за партнерите, така и за детето, што е тоа должно да гледа како се караат неговите најсакани, па и не дај боже да биде малтертирано и тоа.... се согласувам донекаде и со тебе, дека пред да се одлучиме на таков голем чекор, треба да размислиме многу убаво, но се случува и пред тоа партнерот да симнувал ѕвезди, планини и што ли уште не, и после тоа се покажува во вистинското светло, што во денешно време тоа е честа појава :eek така да понекогаш е подобар разводот отколку да се остане во брак поради детето...
 

D.Kettering

Нов член
14 февруари 2013
18
22
3
Штом веќе гласав, да објаснам. За. Пред се, никогаш не вели никогаш. Работите се менуваат, исто и мислењата. Сега нешто што ти делува невообичаено и чудно другпат ќе биде најдоброто решение. Зошто да? Бидејќи од брак што не функционира највеќе страдаат токму децата. Зошто да се сведоци на караници,тепачки расправии? Следно, читам многу контрадикторност - ако родителите се разведени зошто сметаш дека не е дел од двајцата? Нема логика. Се чудам на фактот што спомнуваш те цитирам ,, Вие што сте пораснале со родителите лесно ви е". Не можаш туку така да осудуваш. Некои луѓе доживуваат поголем пекол така отколку родителите што им се разведени. Велат, не осудувај никој додека не згазнеш во неговите чевли. Да, точно, никој не е научен да биде добар родител, но секој може да биде лош преку непромислени одлуки поради кои ќе патат децата. Понекогаш, разводот е многу умно решение.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Lena

FallenAngel

Староседелец
5 декември 2012
601
402
1,073
Eupen
Океј е, копираат и други колумни, ама ни најмалку не е твоја лична. Чисто онака.

Не е копирана. Како не ти е срам да кажиш такво нешто. Еве кој ден ја напишав и на која страна. И не ми вели сега дека не е мој профилот на топ мк оти мој е.

http://www.top.mk/blog/50620/ako-sk...to-pati-pred-toa-a-ne-posle-da-se-razveduvate


И барам извинување за ова!
Побарај исти зборови на нет да видиме дачи е копирано !
 

Аркантос

Romanticist
23 август 2012
2,352
3,849
1,153
Прочитав само воведот на темата коментарите не ги читам, не ме ни интересираат. Сепак на темава не би сакал да развијам дискусија, едноставно само ќе го произнесам своето мислење.

Весна1992 ти си дете на разведени родители и ти е тешко. Наспроти тебе, јас бев дете, денес сум човек(маж) што никогаш не го видел својот татко. Израснав само со љубовта на самохраната мајка, и сестра ми. Што значи тука некаде сме со болката.

Сепак денес, како возрасен човек, и како татко сум за развод ако бракот не функционира.
Едно дете, ќе израсне во поздрава личност ако има разведени родители отколку да има родители којшто секојдневно ќе се:
караат;
тепаат;
изневеруваат.
Едно дете, и покрај празнината што ќе ја чувствува во себе секогаш ќе биде поздрава личност ако живее во мирен дом, а не во место каде што ќе се стекне со милион и една траума.
 

Lena

Poétesse
12 октомври 2012
4,155
7,687
1,183
земјата на чудата
Во денешно време секој втор брак е разведен.
Жалосно, но живееме во сосема друго брзо и модерно време.
Жените и покрај улогите на мајка и сопруга
работат, организираат и функционираат исто како и мажите.
Дури и повеќе .
Секој има свои очекувања и своја слобода.
Порано се знаела улогата на жената( домаќинка се грижи за децата и куќата)
Улогата на мажот( да заработи пари, да испазари)..
Улогите во денешно време се измешани( кај оние парови кои се на исто ниво), што значи нема машко женско . Заедно сме, на еден левел и функционираме како такви.
Не е тоа така, доаѓа до расправии, незадоволства и сл.
Тоа е еден важен аргумент кој ако не се реши на време, може да дојде до развод на бракот.
Што значи двајцата не биле на еден левел.. не се разбирале..
Друго што уништува една врска е монотонијата..
Полека ама сигурно ја убива врската со текот на времето..
И има уште многу битни фактори за одржување на бракот.
Но ако не иде, зошто да се патат и двајцата?
Животот е чуден, ни отвара нови врати..
Сто посто не би останала да живеам со некој само заради тоа: што ќе кажат другите? Хехехе...
 

mountian

Полноправен Член
30 јануари 2013
56
29
18
Кај гледаше кога се венчаше.....Секако дека треба да се мижи пред некој работи(проблеми).Порадди децата,зошто навистина многу страдаат.
Ако тоа е резултат на многу страдање и гуубење на здравје поради тоа,(не иде рабб)ајт у ПМ....