„За Оружјето лесно е да се зборува и да се осудува, но време е да почнеме да зборуваме за менталните болести“
– Јас сум мајка на Адам Ланза(дечкото кој застрела и уби 20 деца од 6-8год воздраст). Јас сум мајка на Дилан Клеболд и Ерик Харис. Јас сум мајка на Џејмс Холмс. Јас сум мајка на Царед Лохнер. Јас сум мајка на Сеунд Хиу Чо.
Ова го изјавила Мајка на 13 годишно дете кое е ментално болно. Неговата дијагноза е некој облик на аутизам, експлозивно нарушување на личноста. Нешто слично како погоре наведените предатори и монструми кои се често така нарекувани.
Оваа мајка зборува за тоа дека на овие деца и на нивните семејства очајно им е потребна помош, не се обрнува внимание на нивните животи и тежината на нивните проблеми се додека некоја напатена душа ќе влезе во ресторан за брза храна, училиште или трговски центар и ќе направи масакар. Наместо да се спречи , општеството го практкува методот за закрпување на настанатата ситуација, следува осудување , обвинување, мразење на таквите болни луѓе, создавање слика за таквите болни како на најголеми монструми.
Мене ме вознемири информацијата што единствена заштита или како превентива од можноста овие ментално болни луѓе да направат штета за општеството покрај државните рехабилитациски центри, се затворите.Замислете малолетни ментално болни деца во затвор. Како тоа може да помогне се прашувам, тоа само помага во процесот на создавање монструм. Социјалните работници ги советуваат родителите на така болните деца да си ги пријават казнено црно на бело за барем некој да обрне внимание на нив.
Ме замисли овој текст бидејќи не бев свесна за тоа колку примитивна односно никаква помош не им е достапна на таквите случаи. Колку малку внимание се обрнува на тежината со која живеат тие семејства. Најчесто тие се нормални заедници, како моето семејство и како вашето, а се осудени да живеат во општество каде нема да можат да му дадат соодветна помош на своето чедо,кое е болно исто како оние деца кои се болни од тешко неизлечливи болести, дури болеста на умот е далеку поозбилна. Тие се во постојан страв да не се случи она најлошото, смрт на блиските како и на пошироката заедница, како и самоубиство на самиот болен член.
Дали можеме длабоко во себе да најдеме разбирање и сожалување за состојбата на ваквите луѓе?
Дали нашата свест се буди само кога треба да осуди, а е тотално незаинтересирана кога треба да се помогне на таквите случаи?
Дали мислите дека масакарот и самиот чин е причина или резултат? Доколку е резултат, тогаш сериозно треба да се запрашаме што довело до тоа.
Сега не знам кој ми е поомразен, дали извршителот на самиот масакар, или пак институциите и државата чија недоволно да не кажам никаква заинтересираност да ги спречат потенцијалните штети, се сега првите кои покажуваат со прст и осудуваат без никаков срам од сопствената вина.