Rottweiler | Ротфајлер

митее!

Полноправен Член
23 февруари 2012
29
20
8
27
Strumitsa,Струмица
Кучињата од расата Ротфајлер поседуваат огромна сила,имаат црно крзно со јасно дефинирани кафеави шари чија моќна појава асоцира на племенитост и тие се исклучително погодни за да бидат нечиј придружник,нечие помошно и работно куче. Анатомија на Ротфајлерот:
  1. Глава(очи)
  2. Муцка(заби,јазик)
  3. Подбрадок(грло,кожа на вратот)
  4. Рамо
  5. Лакт
  6. Предни нозе
  7. Највисоката точка на крстот
  8. Нога(бутина и колк)
  9. Скочен зглоб
  10. Задни нозе
  11. Плешка
  12. Зглобот на задните нозе
  13. Шепи
  14. Опашка


Ротфајлерот потекнува од Германија, тие прво биле нарекувани "кучиња касапи" затоа што биле чувани за стока и за влечење натоварени запрежни коли со месо и други производи.Ротвајлерот бил користен се до средината на 19 век кога носењето стока на пазарот со запрежни коли било заменето со железнички пруги.Ротфајерлот е користен како водење на слепи луѓе, како кучиња чувари за куќи и слични вакви работи.., полициски кучиња чувари, за истрага и друго.
Крзното на ротфајлерот се состои од површинско крзно и подкрзно.Површинското крзно е со средна должина,грубо,густо и рамно.Подкрзното не смее да се гледа преку површинското крзно.Влакната се малку подолги на задните нозе.Ротфајлерите кои живеат на места со топла клима може да се навикнат на климатските услови и да немаат подкрзно.Ротфајлерите имаат големи периоди на митарење пред нивните периоди(женка) или повремено(мажјак) иако општо земено,крзното на Ротфајлерот е лесно за одржување.
Според стандардите на ФЦИ(FCI)„средна/голема“ раса треба да изнесува 61-68 сантиметри мерено до највисоката точка на грбот за мажјаци, 55-63 сантиметри за женки и тежината треба да изнесува околу 50-59 килограми (тежина во однос на висина)за мажјаци и околу 41-47 килограми(тежина во однос на висина)за женки.

Ротфајлерите не се препорачливи за почетници кои немаат претходно искуство со најмалку 5 раси на кучиња и треба многу внимание на нив, бидејќи ако биде мачено, омаловажувано тој запамтува се и потоа може да ве донесе до критична состојба, па дури и до смрт.
 

ema09

Истакнат Член
18 февруари 2012
226
411
63
аааа има тука еден комшија па ми е страв да поминам низ улица .... :eek
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Caci

Hip.Hop_MKD

Староседелец
15 февруари 2012
2,204
3,933
743
тоа мелез меѓу тигар и боксер?:rofl
Ахам.. :D
Кај нас е познато така иначе се вика German Boxer правилно:p
Boxer-8.jpg
 

митее!

Полноправен Член
23 февруари 2012
29
20
8
27
Strumitsa,Струмица
аааа има тука еден комшија па ми е страв да поминам низ улица .... :eek
Нема што да се плашиш :) доколу е дресирано како што треба, доколку 100% го слуша соптсвеникот - немај гајле :) ;)
Пре би доберманче или германски овчар :)
не е лошо и доберманче, али не ми се допаѓаат многу овие .. :) а германскиот овчар би било супер идеа , но сепак Ротфајлер си е Ротфајлер брате ;) :D
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Hexasto