Јасно како ден, себичноста во очите на луѓето е една од многуте негативни особини кои еден човек може да ги поседува... но...
Дали себичноста навистина е негативна? Зошто на општо прифатената идеа за совршена личност не и припаѓа и оваа особина? Зарем не е себично од наша страна кога бараме од другите да не бидат себични?
Како ја разбираме себичноста?
Мајка ми на ова би кажала "па не живееш сама, не смееш да си дозволиш да бидеш себична кога живееш во заедница"
Живеам во заедница, но дали како член на заедницата треба себеси да се дефинирам како заедница. Дали потребите и желбите на луѓето кои ме опкружуваат треба да бидат и лично мои? Дали потребите и желбите на лугето во мојата блиска околина треба да бидат побитни за мене одколку моите потреби и желби?
Себична ли сум кога дејствувам во своја полза без разлика на тоа што мислат останатите?
Себична ли сум кога помеѓу себеси и другиот се избирам себе?
Дали сум себична кога се борам за нештата што ги сакам, а тоа не им се допаѓа на другите? Зошто некој би имал против мојата среќа? Зошто некој би имал против тоа да мислам прво за себе? Зарем не е себично некој да бара од мене да не бидам себична? ...
Што ме натера да го напишам ова?
Тоа што сеуште го живеам оној период од животот кога еден млад човек се гради себеси како личност,а
неодамна свртев нова страница од животот, почнувам одново од нула со надеж дека никогаш нема да ги заборавам сите добро научени животни лекции.
Една од многуте животни лекции која имав можност повеќе пати дебело да ја простудирам е онаа за мегусебните човекови односи во која се раскажува за (не)довербата, (не)искреноста, (не)себичноста, (не)лојалноста и така натаму.
Она што го извлеков како поука е следново-
Дека никој на светот не треба да ми биде поважен од самата себе.
Дека никогаш поради интересите на друѓите луѓе не треба да ги запоставам своите интереси.
Дека никогаш поради соништата на другите луге не треба да ги отфрлам своите.
Дека никогаш поради среќата на другите луѓе не треба да се откажам од сопствената среќа.
...
И што? Уште на самиот почеток се соочив со критика од типот - тоа е себично од твоја страна!
Што е себично од моја страна? Тоа што се трудам да си го средам животот, а притоа не помислив на тоа дали тебе ти одговара?
Тоа што сакам да бидам среќна, а притоа не те прашувам дали нештата кои ме усреќуваат мене те усреќуваат и тебе?
Кои сте вие, сите вие кои ме критикувате поради мојата себичност? Зарем не е уште посебично од ваша страна да барате да живеам како што вие сакате?
Ама да, заборавив... се извинувам... Јас живеам во заедница и не треба да мислам на себе, туку на НАС!
Па добро бре луѓе, како поинаку да си го најдам своето место на овој свет? Ако мојата себичност не ви одговара, тогаш дај барем вие бидете несебични спрема мене и вие средете ми го животот. Одговара така? Или и тоа е себично од моја страна?
Оставете ме да бидам себична! Сакам да сум себична! Ми треба да сум себична!
А кога поради мојата себичност конечно ќе можам да кажам дека сум среќна, тогаш и вие радувајте се на мојата среќа и бидете среќни поради мене, па нели во заедница кога еден е среќен и друѓите треба да се