Љубовта не се бара?

melpomena

Енигма
3 март 2012
8,210
17,754
1,673
На сигурно
Љубовта има милиони лица...безброј моменти...Таа е во нас...Ние ја поседуваме и таа не поседува нас...Потребата за љубов е голема,таа е најголема човечка потреба.....Со љубовта се радуваме,тагуваме,копнееме..

Љубовта не гледа за себе,таа е стрплива,долготрајна,скромна,благородна.
Не е непристојна,пази на малите работи,не бара признание,не бара предност,им го признава доброто од другите,не завидува,ги фали другите,го бара доброто во другите.
Љубовта простува,не памти зло,не им потклекнува на потешкотиите,туку ги совладува.
Љубовта не се бара,таа се раѓа.

d1b3a5fce57516bedf0e21ac009bf548.jpg

Лугето бараат да бидат сакани,заради тоа многу пати и доживуваат неуспех.
Понесени од осаменоста,често пати ја бараме љубовта и онаму кај што не е.
Се бара ли љубовта?
Како вие се борите со овие емоции кои често ја горат душата?
 
Mardy Bum

Староседелец
25 април 2012
177
180
643
behind you!
Љубовта не се бара - таа си доаѓа самата - најчесто кога не очекуваш. Те тера да копнееш, посакуваш и фантазираш. Ја превзема целата контрола, и се ти изгледа поубаво кога таа е присутна - тоа се оние најпрви моменти кога доаѓа ненајавено... Се сеќавам како мали како си ги биравме симпатиите, денес ќе те сакам тебе утре него, ајде ти сакај ја неа а јас ќе ја сакам другарка и’ :giggle И сега пораснавме и се потешко се заљубуваме, ама ако си го силуваме срцето, ввсушност го присилуваме умот да мисли дека е љубов, а тоа е само потребата за неа. Не треба да ја бараме и креираме, всушност не треба ни да ја чекаме, таа ќе не најде.. а тогаш само предајте и’ се!
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: melpomena

Vendetta

Староседелец
6 јули 2012
56
45
1,018
from infinity and beyond

И чувајте ја. Чувајте ја како песок на дланка. Не стискајте ја силно за да не ви се лизне помеѓу прстите, но не држете ја ни премногу слабо за да не ви избега наеднаш...
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Mardy Bum and melpomena

melpomena

Енигма
3 март 2012
8,210
17,754
1,673
На сигурно
И чувајте ја. Чувајте ја како песок на дланка. Не стискајте ја силно за да не ви се лизне помеѓу прстите, но не држете ја ни премногу слабо за да не ви избега наеднаш...
ЕЕеееее баш така...ама обично тогаш или ја стискаме прејако или ја оставаме да ни се лизга помегу прстите.А дури отпосле осознаваме во кои моменти требало да стискаме а кога да оставиме простор да се лизга песокта.
Оти не постои љубов во која песокта се држи цело време континуирано исто.Дури ни правата линија нацртана со ленир не е целосно права. :)
 
Vendetta

Староседелец
6 јули 2012
56
45
1,018
from infinity and beyond
ЕЕеееее баш така...ама обично тогаш или ја стискаме прејако или ја оставаме да ни се лизга помегу прстите.А дури отпосле осознаваме во кои моменти требало да стискаме а кога да оставиме простор да се лизга песокта.
Оти не постои љубов во која песокта се држи цело време континуирано исто.Дури ни правата линија нацртана со ленир не е целосно права. :)
Секогаш ќе постои онаа златна средина каде што и двајцата ќе дадат свој допринос за нивната љубов да биде нежна но истовремено и силна за да остане песокот во рацете :)
 
melpomena

Енигма
3 март 2012
8,210
17,754
1,673
На сигурно
Секогаш ќе постои онаа златна средина каде што и двајцата ќе дадат свој допринос за нивната љубов да биде нежна но истовремено и силна за да остане песокот во рацете :)
Но тоа не значи дека некогаш нема да ја стискаат или олабават...Се согласувам дека само со взаемно залагање таа љубов ке биде нежна односно таква во која двајцата ке уживаат.
Емоциите и потребите неможе да бидат и од двете страни исти,но доколку се силни и обострани со мал труд и усогласување поготово на почетокот,ке си ја фати правилната насока.Но турбуленции секогаш ке постојат.А само од нас зависи како ке реагираме на нештата,односно она што го напишав со примерот за песокта,кога да се олабави а кога да се стиска. :)

Колку повеке ја бараме љубовта,толку покасно ке дојде,толку повеке правиме да наидуваме на се што на нас само ке ни се чини дека е љубов.А не е.
Почекајте малку и љубовта сама ке си дојде.