,,Zero waste'' животен стил

malo

Староседелец
Најфотограф
13 септември 2012
1,280
2,068
1,133
Само за момент помислете на тоа колку ѓубре правиме секојдневно, потоа помислете на тоа какви последици трпи природата поради тоа. Можеби никогаш не ви паднало на памет дека отпадот кој го фрлате секојдневно во контејнер може да биде причина за загадување на водата, почвата, воздухот... причина за појава на зарази и за изумирање на животински видови и за други еколошки катастрофи, но за момент присетете се колку ѓубре излегува само од вашиот дом и тоа помножете го со остатокот од популацијата, а потоа помислете и на фабриките кои ги произведуваат нештата кои ги купувате.
Во светот постојат луѓе кои што практикуваат ,,zero waste'' животен стил, односно живеат без да прават ѓубре. На почеток идеата може се чини дека е невозможна што и е точно, но со овој начин на живот се прави толку малку отпад, што е навистина неверојатно. Можеби првиот чекор за да се започне да се живее на овој начин би било тоа што ке обрнуваме внимание на тоа што купуваме, да се избегнува пластиката и другите материјали кои што потешко се разградуваат, за да се дојде до ниво кога вашиот отпад за неколку години ке го собере во само една тегла.

Јас одамна се трудам да го применувам овој начин на живот, но досега не успеав целосно да се организирам, сеуште правам пропусти кои свесно си ги дозволувам, но во некое идно време, верувам дека ке успеам.
Овој начин на живот задолжително бара да се исфрли употребата на пластиката во секојдневниот живот, што значи - нема пластични кеси, нема храна пакувана во пластика, нема производи пакувани во пластика како што се вода, сокови, масла, козметика, средства за чистење, средства за лична хигиена, облека и сл. Колку и да звучи невозможно и тешко, сепак постојат начини за да се заменат сите овие производи со производи кои нема да содржат пластика. На пример - храната ја купувате од пазар и со себе носите свои торби, купувате од продавници во кои производите не се пакувани туку се на мерење и повторно со себе си носите торби или тегли за пакување, во зависност од производот. Средствата за чистење и за лична хигиена, како и козметиката можете сами да си ги правите или да ги купувате од посебни продавници кои се еколошки настроени, или да купувате производи кои се пакувани во стаклени амбалажи.
Потоа - рециклирање на старата облека, хартија, компостирање на остатоците од храната итн.

Во секој случај овој начин на живот бара многу откажувања, но добивките се навистина вредни, како личните, така и на глобално ниво.
Во секој случај идеата многу ме привлекува и често фантазирам за тоа колку убав би бил светот ако сите така живееме :)
Што мислите вие?
 
corki

Староседелец
21 декември 2013
542
449
1,073
Светот би бил идеален,доколку се постигне тоа ниво,но сепак мислам дека не е можно:).
Имено генерациите којшто се на поинаков начин одгаени,никој,или барем мал процент,би можеле доброволно да створат навика за таквиот начин на живеење.
Знаејки се самите себе,околината и општеството во кое живееме,мислам дека тешко би успеало кај нас.
Стварање на добронамерната навика,би се резултирара на начинот со кој ќе бидат обврзани градинките,основните и средни училишта,и факултетите да постои посебен предмет за чиста и здрава околина,силните и спроведливи закони во државата,па тек тогаш можеме да сметаме дека мал процент би можело да има некој позитивен исход.
Од чиста воља,не би рекол дека некој ќе се научи,на тој убав начин да живее!Многу труд треба да се вложи во тој проект,или кампања би рекол.
Идејата за таквиот начин на живеење е бриљјантна,но.....:)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: malo

Altaïr

Shinigami
23 јули 2012
5,855
2,674
1,683
Han Wavel
Јас мислам дека ние не сме никаков фактор кој влијае на глобално ниво. Така да и секој човек кај нас да го прави ова нема да се осети. :)
Интересно но неостварливо. Не може без ѓубре, ако не е пластика тогаш ќе биде нешто друго.
 
malo

Староседелец
Најфотограф
13 септември 2012
1,280
2,068
1,133
Јас мислам дека ние не сме никаков фактор кој влијае на глобално ниво. Така да и секој човек кај нас да го прави ова нема да се осети. :)
Интересно но неостварливо. Не може без ѓубре, ако не е пластика тогаш ќе биде нешто друго.
Ние сме единствениот фактор кој може да влијае, верувај дека и еден човек може да направи голема промена. Ако се осеќаат последиците од ѓубрето што го фрламе, ке се осетат последиците и обратно.
Моментално живеам во село кое брои околу 300 жители (најверојатно помалку) и тука верувај еколошката свест е на најниско можно ниво. Во селото нема контејнери, никој не ги чисти улиците и а отпадоците се фрлаат во реките. Пред мојата куќа тече поток кој некогаш било река од чиј извор селаните полнеле вода од како било населено местото. Денес тој поток има повеке ѓубре одколку вода и изворот е загаден, не само што не е безбедна водата за пиење, туку не е безбедно и да се поминува покрај неа. Тоа не е еднинствен пример на загаден извор во околинава, моментално само планинските извори се сигурни и еден кој што е на крајот од селото, но и тој ке се загади со оглед на тоа дека во близина се прави уште една депонија. Значи помалку од 300 жители за неколку години загадиле повеке извори на чиста пивка вода. Водата од тој извор била чиста за пиење пред околу 15 години, а денес е смртно опасна. Ако за 15 години 300 луѓе успеале да направат ваква еколошка катастрофа, тогаш за истиот тој период, таа бројка на луѓе може и да го направи обратното.

Секако дека не може без ѓубре, ама може да се сведе на минимум и доколку се укине употребата на пластиката (онаа пластика која што е за една употреба и не може да се рециклира) тогаш како отпад останува само остатоците од храна кои можат да се компостираат, хартија текстилен отпад и сл. кое што може да се рециклира.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Saladin

malo

Староседелец
Најфотограф
13 септември 2012
1,280
2,068
1,133
Светот би бил идеален,доколку се постигне тоа ниво,но сепак мислам дека не е можно:).
Имено генерациите којшто се на поинаков начин одгаени,никој,или барем мал процент,би можеле доброволно да створат навика за таквиот начин на живеење.
Знаејки се самите себе,околината и општеството во кое живееме,мислам дека тешко би успеало кај нас.
Стварање на добронамерната навика,би се резултирара на начинот со кој ќе бидат обврзани градинките,основните и средни училишта,и факултетите да постои посебен предмет за чиста и здрава околина,силните и спроведливи закони во државата,па тек тогаш можеме да сметаме дека мал процент би можело да има некој позитивен исход.
Од чиста воља,не би рекол дека некој ќе се научи,на тој убав начин да живее!Многу труд треба да се вложи во тој проект,или кампања би рекол.
Идејата за таквиот начин на живеење е бриљјантна,но.....:)
Не треба да сме песимисти, треба да делуваме. Ако секогаш чекаме некој друг да почне и со магично стапче да го реши проблемот, тогаш ништо не правиме. Секој треба да почне сам од себе и да биде пример за другите. Како што јас се инспирирав од девојката од видето во првиот пост, така можеби и јас еден ден ке бидам инспирација за некого и овој пример ке се шири, сепак е во наш интерес и за наше добро и за доброто на идните генерации.
Треба да ја подигаме свеста на останатите со свој пример и со локално делување, а не да чекаме да се донесат закони или да се воведат кампањи. Нашиот живот треба да е во наши раце и не е фер нашите обврски кон природата да ги префрламе на политичари, влади, институции... Со самиот факт дек си човек и дека си дел од природата дека тука егзистираш и делуваш, имаш обврска да се грижиш за неа, како што се грижиш да ти е дома чисто, така треба да се грижиш да е чисто и надвор од ѕидовите на твоето живеалиште бидејки твојот дом е и она надвор од тие ѕидови, ти не дишеш посебен воздух и не можеш да поседуваш вода, почвата која те храни е истата поча која што го впива отпадот кој ти го исфрлаш од твојата куќа... Во природата сите сме поврзани и сите сме еднакви и сите имаме исти права и обврски. Подигањето на свеста на оваа тема како и делувањето ни е обврска на сите нам, а не само на институциите.
 
Ти си во право,но оваа тема НЕмноу луѓе ја читаат,пред се да го прифата,па да го применат тој начин на живеење!
Не сум песимист,туку сум сигурен дека нема да успее тоа кај нас.
Еве јас и уште неколку од форумот што ја читаме темава,ќе пробаме да го примениме овој начин на живеење,но што би се сменило со едно мало незабележително тело на промена?!Ништо!
Затоа кажав дека прво и основно е да се почне од почеток(од градинака)па се до крајот на нашите животи.Тогаш кога ќе се едуцира секое ново поколение,ќе им се буба секојдневно во училиштата и ќе им се вреже во мозокот дека чистата средина е најважна,тогаш може да разговараме на таа тема.Затоа ги спомнав институциите,дури и законската обврска!
Убаво е од некаде да се почне,како,еве твојот"апел"до сите нас,но знаеш како е кај нас,ако немаме интерес,лесно ќе се свртиме назад и нема да сакаме да го согледаме тоа што секојдневно ни создава проблеми со нашето здравје!
Потполно те разбирам која е твојата поента,и радо ја прифаќам,но веќе кажав,едно цвеќе не прави пролет.
За да се смени сето тоа на подобро,потрени се децении,туку така неможе да се смени лошата навика кај нас.Самосвеста многу често не заборава да ни се појави,уствари воопшто ја нема!:)
 
Prashina

Староседелец
28 јуни 2013
1,366
3,059
1,133
Sekoja promena pocnuva od poedinecot.Ako nie se menuvame togas i nasite deca ke pocnat da go prifatat toj nacin kako normalen i taka ke se odnesuvaat. Sekojdnevno se trudam da go sortiram domashnoto gjubre.Plasticnite shishinja gi stavam bo posebna kesa do kontejnerot i koga pominuvaat lugjeto koi sobiraat plastika gi zemaat. Starata obleka ja stavam posebno i vo nedela ja ostavam koga mozam licno da ja dadam na nekomu koj ke mu ttreba. A produktite sto mi se pri kraj na rok ili ne mi se dopagjaat porano gi nosev bo crkovna kujna.Sega podobro planiram i ne ostanuva. Vidov na fb grupa koja gotvi za bezdomnici sekoj petok no ne sum otishla seuste.Zborot mi e deka bilo kakov i najmal nacin za da se namali gjubreto e podobar od nesvesno sozdavanje na se pogolemo gjubre.A ostatocite od hrana za tie sto ziveat vo kuka mozat da bidat dobro gjubribo za gradinata.Malku svesnost, trud i zelba e potrebno.
 
Последна промена:
  • Ми се допаѓа
Реакции: malo

malo

Староседелец
Најфотограф
13 септември 2012
1,280
2,068
1,133
Ти си во право,но оваа тема НЕмноу луѓе ја читаат,пред се да го прифата,па да го применат тој начин на живеење!
Не сум песимист,туку сум сигурен дека нема да успее тоа кај нас.
Еве јас и уште неколку од форумот што ја читаме темава,ќе пробаме да го примениме овој начин на живеење,но што би се сменило со едно мало незабележително тело на промена?!Ништо!
Затоа кажав дека прво и основно е да се почне од почеток(од градинака)па се до крајот на нашите животи.Тогаш кога ќе се едуцира секое ново поколение,ќе им се буба секојдневно во училиштата и ќе им се вреже во мозокот дека чистата средина е најважна,тогаш може да разговараме на таа тема.Затоа ги спомнав институциите,дури и законската обврска!
Убаво е од некаде да се почне,како,еве твојот"апел"до сите нас,но знаеш како е кај нас,ако немаме интерес,лесно ќе се свртиме назад и нема да сакаме да го согледаме тоа што секојдневно ни создава проблеми со нашето здравје!
Потполно те разбирам која е твојата поента,и радо ја прифаќам,но веќе кажав,едно цвеќе не прави пролет.
За да се смени сето тоа на подобро,потрени се децении,туку така неможе да се смени лошата навика кај нас.Самосвеста многу често не заборава да ни се појави,уствари воопшто ја нема!:)
Во секој случај подобро после неколку децении одколку никогаш, дури добро е и ако останеме на некое ниво како денес, бидејки ако продолжиме вака не ни се пишува добро. Ете за почеток почни од себе, па пренесувај го ова на семејството, на пријателите. Сигурно некој од нив ке се заинтересира, па тој ке пренесе. Па кога ке не има повеке ке апелираме до институциите, до министерствата... поентата ми е дека џабе се и законите ако никој не ги почитува, џабе е и образованието ако никој тоа не го применува дома, а ова може да се применува секако и без закони и без некое посебно знаење.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Prashina and corki

Ааа најпрво ќе треба јас да го применувам начинот,извесен период,па да се расфрлам со апелот до моите блиски,па да ја прошириме мрежата:).
Треба да го видат благодетот на чистата средина,за да ги заинтересира и нив.
Страв ми е некој да не не направат нетокму,бог да чува и тоа може да се случи:D.
(Се извинувам на мојата мала несериозност)

За да се применува начинот,потребен е цврст режим,како оние во северна кореја,кога ќе им се заканува бесење,линчување или кастрација за непочитување на законот,тогаш ќе се прашаме дали ќе успееме со остварувањето или не:).
 
malo

Староседелец
Најфотограф
13 септември 2012
1,280
2,068
1,133
Кога прв пат ке се сретнете со оваа идеа, можеби ке ви изгледа бескрајно тешко, но кога ке почнете ке видите дека не е невозможно.
Ние дома од прилика вака сме огранизирани:
- избегнуваме купуваме пијалоци во пластични шишиња, но се случува понекогаш за време на родендени или кога ке дојдат гости, па тие шишиња потоа продолжуваме да ги користиме за да полниме изворска вода, а кога ке замирисаат непријатно од нив правам саксии во кои садам зеленчук за зимските денови.
- отпадоците од растителната храна се компостираат. Остатоците од готвената храна завршува кај кучињата и мачињата, битно ништо не се фрла :)
- Старата облека ја подаруваме или ако е уништена од нејзе правиме крпи, перници, торби и тн.
- Хартијата ја собираме и ја чуваме за горење кога е грејна сезона.
- дел од средствата за чистење и козметика сама си ги правам
Она што останува да се поправи е
- целосно да се исфрлат сите средства за чистење и детергенти кои доаѓаат во амбалажа која не се рециклира
- Сеуште користиме пластичи кеси во некоја мера, најчесто ако заборавиме да понесеме своја торба или ао купуваме производи кои се запакувани во пластика. Децата најмногу купуваат такви производи - смоки, чоколади, кроасани... не ги купуваат често но сепак ги купуваат
Она за кое моментално немам решение е одпадот од купатило, тоалетната хартија, влошки итн.