1. Еј...супер што го посетуваш Црнобело форумот. Слободно регистрирај се и приклучи ни се во дискусиите!

Youtubers

Дискусија во форумот 'Кариера' започната од Давор, 15 август 2016.

  1. Давор

    Давор Староседелец

    Зачленет на:
    10 ноември 2012
    Мислења:
    1,300
    Допаѓања:
    2,081
    Не знам каде требаше да ја сместам темава искрено, се двоумев (за оние кои не знаете, да ова се смета веќе и официјално за професија) па одлучив да биде тука. Ако модераторите нешто им смета нека преместат.
    Значи темава е општо за сите youtubers (не ми текнува како би дошло на македонски - јутјубовци?) дали следите некои од нив, кои се тие, што мислите општо за една ваква професија. Баш пред некој ден гледав видео како една девојка објаснува дека сите ја прашуваат со што се занимава бидејќи многумина мислат дека ставањето видеа на јутјуб е само хоби а не вистинска професија. Да бидам комплетно искрен и мене баш не ми е јасно како сето тоа функционира ама знам само дека има доста интересни и поучни видеа.
    Мислам дека е доста забавна професија и треба да имаш талент и харизма за да можеш да опстоиш.
    Не сум запознат со некои македонски channels, ама следам некои српски онака ради реда и не звучи тоа баш така 'кул' како кога тоа го прават Американците. А можно да е и до мене.
    Во продолжение моите 5 омилени ликови кои редовно ги посетувам и просто ги обожавам.

    1) Lele Pons. Треба ли да кажам нешто? Напросто ја обожавам типката. Преубава, презабавна и има некоја неопислива харизма.


    2) Никаде без Overly Attached Girlfriend! Кој не би посакал ваква девојка? (inlove)


    3) IISuperwomanII Секој што следи јутјуб не може а да не слушнал за родителите на Лили!


    4) Miranda Sings. Забавна е ама понекогаш искрено ми е гадно од толку многу иждригања и остало. Не се препорачува да се гледа додека јадите.


    5) Adrian Gee. Не е ништо посебно али некако ме влечи да гледам. Можеби поради храброста, можеби поради згодните женски, којзнае.
     
    На Selene му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Altaïr

    Altaïr Shinigami

    Зачленет на:
    23 јули 2012
    Мислења:
    5,752
    Допаѓања:
    2,574
    Ах, јас како човек кој порано скоро и да не излегуваше од дома, пораснав со се што има на интернетов, од форуми па до овие ѕвезди на youtube.
    Најинтересни ми беа оние pranksters и сите нивни заебанции, реакциите на луѓето ми беа ненормално смешни, многу пати буквално сум се газел од смеење. После тоа пронајдов и други канали, малку посериозни ама пак смешни на друг начин. Нив сеуште ги следам, овие другите што ги кажав веќе не ми се смешни, можеби затоа што веќе нема оригинални заебанции, секој краде од секого. Порано кога гледав беа оригинални и баш смешни, сега е веќе малку поглупо. Добро сега, има и некои лудаци кои не вредат ич, ама има некои кои се стварно интересни.
    Интересна работа е тоа, дури и има добри пари таму, секако ако си доволно популарен ама со тек на време можеби ќе станеш, секој почнал од нула.
    Немам некои омилени, така да не можам да издвојам.
     
    На Давор му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Давор

    Давор Староседелец

    Зачленет на:
    10 ноември 2012
    Мислења:
    1,300
    Допаѓања:
    2,081
    Во право си за тоа дека секој краде од секого. Се почесто гледам од оној тип на видеа: какви парови постојат, 10 работи кои ги прават родителите, вистина или предизвик веќе секој втор јутубер има бар едно видео со тоа, мислам океј јас сум првиот шо е за вистина или предизвик, ама не со луѓе шо не ги познаваш и ефтини прашања. Многу ме нервираше последната мода шо беше Roast Yourself Challenge мислам поглупо нешто фајде!
    Затоа се задржувам на овие оригинални јутуб ѕвезди шо се стварно уникатни и не прават видеа само заради досада ами пошто стварно имат нешто интересно да кажат.
    Ги заборавив да ги напоменам горе Барт Бејкер (ги обожавам пародиите шо ги прави баш ми се интересни) и Џош Лејва (понекогаш малку не му го разбирам хуморот, ама ми се свиѓа во глобала тоа што го прави).

    Ииии да не заборавам ако не ви е тешко пишете имиња наместо видеа, ова со гугл хроумот уште не се управи па сеуште не можам да ги гледам видеата кои ги постирате :zelen
     
  4. MissChievous

    MissChievous Ingenious

    Зачленет на:
    17 февруари 2012
    Мислења:
    5,084
    Допаѓања:
    7,013
    Ја си ги пратам Good Mythical Morning. Ги обожавам Рет и Линк! Буквално ми го разубавуваат денот, едвај чекам наутро да пуштат епизода. Пуштаат епизоди од понеделник до петок и имаат одреден распоред на како се одвиваат работите. Забавни се, интересни теми на муабетење имаат, прават луди работи, мрднати експерименти. Најпознати се по епизодите "Will it...?" каде што комбинираат одредена храна со разни работи (на пример, "Will it pizza?" дегустираат пици со разни додатоци како на пример, песок). Интересни им се и Taste Tests епизодите каде што дегустираат нешто и се трудат да погодат што е.
    Покрај главниот GGM канал, имаат уште еден исто така важен канал кој се вика Good Mythical MORE, кој е продолжение на оригиналниот.

    Односно, после секоја епизода, следи продолжение на таа во MORE каналот, каде што прават разни други работи: продолжуваат да дискутираат на одредена тема, играат некоја игра, отвараат fanmail, им се приклучуваат членови од екипата да дегустираат нешто, итн. Значи, обавезно мора да се гледа и продолжението во MORE, некогаш тоа е поинтересно од главната епизода.

    Со тек на време, членовите на екипата кои ја прават емисијата станаа исто така познати и луѓето сакаа да ги гледаат почесто на GGM. Затоа, секоја сабота пуштаат Good Mythical CREW епизода каде што членовите на екипата ни покажуваат како ги осмислиле епизодите од таа недела.

    Се на се, одлични се! Едвај издржав летово кога направија пауза од 6 недели. :zelen
     
    #4 MissChievous, 16 август 2016
    Последна промена: 16 август 2016
    На Давор му/ѝ се допаѓа ова.
  5. existence

    existence Boolean
    Член на администрација Админ

    Зачленет на:
    3 март 2012
    Мислења:
    7,391
    Допаѓања:
    9,099
  6. Давор

    Давор Староседелец

    Зачленет на:
    10 ноември 2012
    Мислења:
    1,300
    Допаѓања:
    2,081
    Незнам зошто сите запнале, изгледав некое видео сосем просечен чанел ми е (think)
     
  7. existence

    existence Boolean
    Член на администрација Админ

    Зачленет на:
    3 март 2012
    Мислења:
    7,391
    Допаѓања:
    9,099
    It's a god tier :)
    Пјудипај + филтиФренк
     
  8. Давор

    Давор Староседелец

    Зачленет на:
    10 ноември 2012
    Мислења:
    1,300
    Допаѓања:
    2,081
    Браво! Ме изненади дечково. Има посебен канал MotoVlog Skopje, ми се допаѓа тоа што го гледам. Совесен македонец. Не знам колку е негова идејата и дали има некои странци со вакви канали, али небитно. Супер што му текнало да ги снима лудациве. Најкриво ми е за пешаците што минат на црвено. Ќе ги согазат и после ооо не сум јас крив, возачот е крив. Нормално дека кога гледаш зелено светло ќе подзабрзаш. Да сум некој надреден, би ставил казна за пешаците доколку минат на црвено и ги згазат пошто им предизвикуваат стресови на возачите. Лудаци! :mad::mad::mad:
     
  9. Altaïr

    Altaïr Shinigami

    Зачленет на:
    23 јули 2012
    Мислења:
    5,752
    Допаѓања:
    2,574
    Руси има едни што прават вака, само што тие не снимаат само, туку на несовесните возачи им лепат налепници на колите, Stop a Douchebag е каналот. Овој тргнал по нивни стапки, не е лошо, само ќе треба да се интервенира кај овие несовесниве.
     
    На Давор му/ѝ се допаѓа ова.
  10. The High Commander

    The High Commander Староседелец

    Зачленет на:
    2 мај 2012
    Мислења:
    206
    Допаѓања:
    131
    exurbia



    Terra...



    Го обожавам каналов. Одлична смисла за хумор има.
     

Сподели: