Youngtimers - модерни класици

МалиСашко

Истакнат Член
12 јануари 2014
466
347
173
30
домче
Прво, да разјасниме што е тоа! Тоа се всушност неофицијална група коли во поодминати години кои сеуште не ги исполнуваат критериумите за да влезат во олдтајмери . Воглавно, постари од 15-20 години, па до 30 години старост додека официјално да влезат во категоријата од погоре.
Можеби сеуште му е рано за да будат бурни спомени, ама во тоа е во најава, така да не се на одмет да ги овековечиме...

Ford Sierra
... Мислам дека колава има лик за вистинска класика. Излезе во многу различни варијанти, имаше широка понуда на мотори, носеше заден погон. Порано додека ги фаќаше закон за увоз ги имаше поприлично многу, но наеднаш се истребија пред се поради неповолни можности за одржување, висока потрошувачка и напаст на корозија. Најмногу се бараа како 1.6 бензинец. Ретко која нудеше фул опрема и најчесто беа со некои налудничаво грди раткапни. Колава е измислена за дрифтови, а и неупадливо се вклопува во секоја свера на животот на газдата... Постои и Косворд варијанта , но кајнас не се наоѓа...
ford-sierra-16-gl-view-download-wallpaper-640x409-comments_b496f.jpg


Vw Golf II - Колава кај нас официјално доаѓаше од Босна и имаше одредени недостатоци, но примероците кои се довезени од Германија се стварно за респект. Најсакани - пак 1.6 бензинец, GTI и 1.6d.
1.6 Дизелот е приказна за себе - потрошња 6 в град, 4 на отворено... не е премногу силен но е агресивен за дизел од тоа време. Елегантен е и истраен. Големата километража не е никаков проблем, несоодветно гориво и слично. Овие коли страдаа само од мозоците на сопствениците (јасно ви е , нели...:eek) За GTI сеуште се сонува. Носеше во себе некој принцип на иновација за тогашното време. Вистински катапулт направен по идејата на претходникот... Одржавањето е ефтино и едноставно. Штедачи се во секоја смисла. Деловите се толку ефтини и достапни што не може да биде на друга, тајната е во тоа што истите делови одговараат на сите голфови купуваш за кец, местиш на двојка...
640px-Wzwz_VW_Golf_II_16V_1.jpg


Opel Vectra A - Ако ве изневерила жената, кучето, другарот... купете си Вектра... Неа можете безрезервно да и верувате.
Моделов тера од `88-`95... Квалитетна изработка, одлична цврстина и лежење на пат, квалитет на делови беспрекорен, добри нивоа на опрема... ма кола за секого. Практична и издржлива за било која намена, дали за семејно возење, дали за работење или за бркотници...
Чудно, но направена е така да може да вози долго со прескокнување на сервисни интервали. Знам за вектри кои поминале и 100 000 без ниедно делче да се смени на нив (вкупно со по 400-500 000 километри до тогаш).. Скромни во потребите и благодарни коли. Со секој минимален влог, 100 пати више ќе ти вратат. Најбаран е со 1.7TD ISUZU, јапонски мотор кој стигнува до 600 000 километри без ниеден проблем. Имаат некаква смешна потрошувачка од нецели 6 литри низ град. Следен добар мотор е 2.0i бензинец. 115 Коњи нуди, вистински катапулт, со потрошувачка од само 10 литри низ град без штедење на туражата. Внимавајте само на задните венчиња, страдаат многу од корозија...
big1094.jpg


Mercedes 124 - Има посебна прича. Во врска со колава, мерцедес направи огромна грешка - произведе резервни делови. Тоа е вистинита прича, со самото почнување на производството произведуваа и резервни делови. Најголемиот дел од нив сеуште не се продадени, иако колава веќе згазила 25 години. Незнам дали ги правеле со волшебно стапче, но секој детал е направен да трае со векови. Прекрасни се, удобни, огромни и сеуште скапички.
Потрошувачката е висока и кај дизелите 7-8 на отворено, в град до кај 10... Ама како да не и опростиш кога никад не се расипала?
Топла препорака на првите серии и средните на овај модел. Со оваа кола нема промаршај, секогаш ќе бидете ИН!
Mercedes%20Benz%20W124%20%282%29.jpg


Bmw 320i - сите оние кои не можеа да си допуштат BMW M3, наидоа на разумен компромис... Се нудеше модел сличен на уникатот, со 2000 кубици мотор, доволно силен да ја испраши секоја нормална кола. Потрошњата лета у вис.... лета исто како адреналинот во вас. Сурово непреработено уживање со погон на задните тркала. Понекои имаат ABS кочници, централана брава, серво или слична ситна опрема. По кажувањата на страстните љубители на оваа марка, ниеден модел после овај не го повтори успехот. Тоа е тоа, ако навистина сакате ефтин „НЛО“ - тоа е тоа што го барате...
1982_bmw_3_series-pic-56193.jpeg




Кои се вашите хитови од `80 и `90? Сигурен сум дека имате омилени...
 

МалиСашко

Истакнат Член
12 јануари 2014
466
347
173
30
домче
Mercedes Benz S300D...
Човече колава боли, сериозен сум за ова. Вчера имав прилика да се дружам со една ваква, дипломатска изведба - 3000 кубици, автоматик менувач, блендирани стакла...
Толку моќна машина одамна немам осетено. За годините кои ги има, колава се држи поприлично добро..
Страдаат од немање делови и скапо одржување. Сепак, кој не знае, тој е истиот мотор кој го носи комбето Спринтер...
Прекрасна вожња, прекрасна безвременска изработка, прекрасна линија....:*
mercedes-benz-s300-turbodiesel-w140-1996-1998.jpg