1. Еј...супер што го посетуваш Црнобело форумот. Слободно регистрирај се и приклучи ни се во дискусиите!

Work and Travel in America

Дискусија во форумот 'Патување' започната од Kisserboy, 31 мај 2012.

  1. Kisserboy

    Kisserboy Староседелец

    Зачленет на:
    6 март 2012
    Мислења:
    2,446
    Допаѓања:
    3,794
    за песната нема збор ;) :D
     
  2. Natenceto

    Natenceto Истакнат Член

    Зачленет на:
    6 март 2012
    Мислења:
    1,029
    Допаѓања:
    1,193
    Екстра бе, другарка ми вика работела како домаќинка било многу тешко а и тешко бакшиш добивале. И давале да работи од сабаље до вечер, а некои денови така и поминувале немало работа и не ја викале. Си седеле така, а кај заврне дожд во Чикаго нема шанси да искочиш надвор.
     
    На Martin_MKD му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Kisserboy

    Kisserboy Староседелец

    Зачленет на:
    6 март 2012
    Мислења:
    2,446
    Допаѓања:
    3,794
    Уште една интересна информација
    ВО АМЕРИКА НЕСМЕЈ ДА СЕ ПИЕ АЛКОХОЛ ЗА ЛИЦА ПОД 21 ГОДИНА
     
    На Trouble му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Trouble

    Trouble Староседелец

    Зачленет на:
    6 март 2012
    Мислења:
    1,516
    Допаѓања:
    2,621
    домаќинка?! Мислиш house keeping? хахахахах ме изнасмеа девојче :rofl тоа е да чисти во хотел, да средува соби итн итн, на филмоине шо викаат Room Service ;)
     
  5. MissChievous

    MissChievous Ingenious

    Зачленет на:
    17 февруари 2012
    Мислења:
    5,084
    Допаѓања:
    7,013
    Јас бев минатото лето и топ си поминав! Имав супер работи, еден период работев и 3, станувајки во 4:45 сабајле па легнување на полноќ. Ако сакаш да заработиш, има работа, треба да вложиш труд. Јас на местото каде што бев храната беше екстремно скапа, дупло, а за некои производи и тродупло од обичен град како Њу Јорк (на пример). Иако заработив 3 пати од тоа што го вложив, добри 1500$ потрошив на храна. Се на се, одлично си поминав!
     
    На Martin_MKD му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Trouble

    Trouble Староседелец

    Зачленет на:
    6 март 2012
    Мислења:
    1,516
    Допаѓања:
    2,621
    Несмее да се пие??? Несмее да се купи, било во продавница било во бар, клуб или каде и да има алкохол, ама едноставно, ти купуваат другарите шо имаат над 21 и си пиете по дома т.е. во куќата кај што сте сместени, заклучени сте си и кој ќе ве види дека пиете? Иначе јас кај шо бев е туристичко место и имаше луѓе т.е. студенти од сегде низ европа и повеќето значи добри 70 посто немаа 21 а сите си праевме журки и си пиевме и никому ништо ;)
    инаку неможеш ни цигари да си купиш ако не си 21 ;)
     
    На Martin_MKD му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Kisserboy

    Kisserboy Староседелец

    Зачленет на:
    6 март 2012
    Мислења:
    2,446
    Допаѓања:
    3,794
    епа баш така..моја грешка ;)
     
  8. Natenceto

    Natenceto Истакнат Член

    Зачленет на:
    6 март 2012
    Мислења:
    1,029
    Допаѓања:
    1,193
    Па да бе, тоа, знам како се вика... тоа ти викам тоа и било многу тешко/
     
    На Martin_MKD му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Trouble

    Trouble Староседелец

    Зачленет на:
    6 март 2012
    Мислења:
    1,516
    Допаѓања:
    2,621
    Моите румејтс шо ми беа соба до соба, од Битола две девојчиња они работеа тоа, и тешко е не викам не ама па секогаш си имавме тоалетна, чергичиња за во купатило, влашни марамици, шампони, купки, балсами, и понекогаш и по некои благи или пиво шо ги заборавиле гостине по соби :sreken како и да е треба да знаеш да се снајдеш, кај и да си, што и да работиш, ако не си снаодлива личност у животот, и мед и млеко да ти тече од работана џабе ти е, муле ќе си останеш ;)
     
  10. MissChievous

    MissChievous Ingenious

    Зачленет на:
    17 февруари 2012
    Мислења:
    5,084
    Допаѓања:
    7,013
    Се е тешко ако те мрзи да работиш. Иначе, супер е housekeeper да си, според мене. Како прво, имаш бакшиши, понекогаш огромни, и над 100$. Како второ, речиси секој ден наоѓаш оставени работи по соби, кои се за тебе, како храна, кутии пива, облеки и сл. Како трето, можеш да се влечеш во една соба, буквално 10 минути да редиш еден кревет, ако сакаш, и така повеќе саати да си собереш.
     
    На Trouble и Martin_MKD им се допаѓа ова.

Сподели: