Tupac Shakur (2pac)

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,518
1,183
Big Sur
Немогуче. Има теми за Преслава, Миле Китич и Кеба, а нема за човеков. :eek
Тупак Шакур, роден ко Лизејн Периш Крукс на 16ти јуни 1971, е американски рапер и актер, кој, за жал, починал прерано (на свои 25 години), оставајќи зад себе материјал ко артисти со кариера од 20+ години.
Човек со премогу зрели размислувања за својата возраст и околината во која израснал. Темите во неговите песни се претежно со политичка содржина, многу метафори и детали за животот на улица... нормално, зборуваме за оној вистински „уличарски живот“, не за овие што се осетиле отфрлени од дома пошто не добиле доволно пари за во чаршија. Гето филозоф, ако може да се каже.
Кариерата ја почнува ко балетан :zelen , а потоа се придружува ко танчер и повремен рапер на рап групата Digital Underground. Најпознат е ко соло артист и член на групата Outlawz. Во скромната 9 годишна кариера (more like 5-6), Тупак зад себе има оставено околу 20ина албуми, од кои доста се издадени постхумано.
Нормално, тоа предизвикува контроверзии и теории кај фановите дека можеби и не умрел на 13ти септември (инаку застрелан недела порано), 1996та, туку, подучен од претходниот атентат (1994) каде преживеал 5 куршуми, ја лажирал својата смрт по примерот на еден од неговите идоли - Николо Макијавели, па сега живее некаде во Куба и уште издава албуми под други имиња (од Макијавели потекнува и прекарот под кој го „издава“ првиот постхуман албум - Макавели).
Некои од неговите попознати филмови се Juice, Gridlock'd, Above The Rim и Poetic Justice.
Постојат премногу теории околу пресметките за неговата смрт. Најпозната е The 7th day Theory, според која требаше „да се врати“ некаде во септември 2014, но ете, не бидна ништо од тоа. Народот сака да прави математики, исто ко и за Тоше што измислија 300 калкулации дури да дојдат до посакуваните бројки. Сепак, постојат по нетов неколку клипчиња што наводно го имаат фатено по неговата т.н. смрт, како и песни каде самиот зборува за атентатот и како преживеал, што е и повеќе од доволно да предизвика сомнеж и надеж кај фановите.
Да не млатам до 101 и назад, некои од поомилените песни:
Може добри 3-4 години како не слушам рап ко порано, но пред 2-3 дена налетав на supposedly најновиот тип (претходно беше Black Haze, што е сосема друг лик, и уште еден, не ми текнува име) преку кого издава песни - Kasinova Tha Don. За разлика од претходните, овој има толку ист глас и дикција, и толку ми недостасува гласот, што веќе не ми е гајле дали е тој или не... само сакав да слушанм нешто ново и да си поплачам. (nod)
Типов што е Касинова, е толку приглуп, што дури и јас, ко голем скептик, сметам дека не е можно да напише такви тексови, а да зборува ко второодделенец.
А, не ни звучи исто на интервјуа кога збори и сите наводни фристајлови му се плејбек. :^)
Зборува како треба да си свој и како не пробува да го имитира Пак, а рапува во негов стил (дури снимил и Hail Mary 2) и има некои од неговите тетоважи... сељак. Досега би требало да е зад решетки за преземање идентитет на мртов човек (фактички песните му се за годините на Пак после „смртта“)...
Небитно... доста се распишував. Оставам друг да додаде нешто ако има.

Лично, мојот најомилен артист на сите времиња, така да може сум и малце пристрасна. :zelen
 

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,518
1,183
Big Sur
Денес би наполнил 50... човече.