1. Еј...супер што го посетуваш Црнобело форумот. Слободно регистрирај се и приклучи ни се во дискусиите!

True detective

Дискусија во форумот 'Серии и емисии' започната од MissChievous, 2 февруари 2014.

  1. MissChievous

    MissChievous Ingenious

    Зачленет на:
    17 февруари 2012
    Мислења:
    5,084
    Допаѓања:
    7,013
    True Detective

    True Detective.jpg

    Man is the cruelest animal. Двајца детективи стануваат партнери 2 недели пред првото убиство на серискиот убиец од Луизијана, кого ќе го бараат во наредните 17 години. ОДЛИЧНА криминалистична драматична серија со уште поодличните Matthew McConaughey и Woody Harrelson. Ууууууу премногу ми се допаѓа оваа серија!



    П.С. Хоуп* Знам дека сакаш вакви тематики, ЕПТЕН ти ја препорачувам серијава да ја ѕирнеш, сега за сега има 3 епизоди само.
     
    На Marijaaa, Saladin, Electra и уште 2 други им се допаѓа ова.
  2. Хоуп*

    Хоуп* Proton
    Член на администрација

    Зачленет на:
    4 април 2013
    Мислења:
    2,414
    Допаѓања:
    4,232
    Читав за серијава пред да излезат епизодиве, и таман ги спуштив ми цркна комјутерот. Да се средам со нов одма почнувам со гледање. Очекувам многу од серијава, па ќе видиме.
     
    На steppenwolf и MissChievous им се допаѓа ова.
  3. steppenwolf

    steppenwolf Староседелец

    Зачленет на:
    12 декември 2012
    Мислења:
    335
    Допаѓања:
    489
    За True Detective ја посетив темава, но гледам пред мене пишале. Како и да е, најтопло им ја препорачувам на сите фанови на криминалистички серии. До сега се излезени само 3 епизоди, но веќе има потенцијал да стане една од моите омилени серии. Ќе видиме како ќе се одвива дејството понатаму, сега за сега е фантастична во секој поглед.

     
    На Хоуп* му/ѝ се допаѓа ова.
  4. MissChievous

    MissChievous Ingenious

    Зачленет на:
    17 февруари 2012
    Мислења:
    5,084
    Допаѓања:
    7,013
    Што се се исподеси на последнава епизода од True Detective... едно време се изгубив во дејствието дур да сфатам за кој што прават муабет, ама акцијата на крајот беше прејјака. Глумата на Метју е неверојатна, гарант зима оскар годинава.
     
  5. Aristokrat

    Aristokrat Староседелец

    Зачленет на:
    27 февруари 2012
    Мислења:
    2,655
    Допаѓања:
    3,335
    Јас ја завршив четврта.Нели мислиш дека малку зезнаа со моторџииве?Некако ми е нафрлено и некако неприродно?
     
  6. Feline

    Feline Истакнат Член

    Зачленет на:
    18 февруари 2014
    Мислења:
    15
    Допаѓања:
    12
    Cary Jojo fucking Fukunaga!

    [​IMG]

    Метју и Вуди совршени. Ќе ја сјебат наредната сезона со нови глумци.
    Мишел Монаган позната ми е од Gone Baby Gone со Кејси Афлек. И во тој филм ми имаше ваква некоја слична улога.
    Сега за сега, најдобра четврта епизода, посебно последниот пет минутен кадар.

    Што прогнозирате? Кој е убиецот?
     
    #6 Feline, 24 февруари 2014
    Последна промена: 24 февруари 2014
  7. Aristokrat

    Aristokrat Староседелец

    Зачленет на:
    27 февруари 2012
    Мислења:
    2,655
    Допаѓања:
    3,335
    Зашто да ја сјебат?
    Можда ќе бидат пак некои добри,HBO се топ за серии (сопранови ми се омилени)
    Јас не знам дали можеме да прогнозираме за убиецот бидејќи не знам дали е веќе познат и го имало до сеа или ќе избацат сасвим некој што до сега не играл во серијата.
     
  8. Хоуп*

    Хоуп* Proton
    Член на администрација

    Зачленет на:
    4 април 2013
    Мислења:
    2,414
    Допаѓања:
    4,232
    Гледам повеќе обожаватели има на серијава, па ви ги собрав мислењата од темите и ги сместив во една. Продолжете тука да си коментирате за серијата, се надевам и јас за брзо ќе ви се придружам :)
     
    На Aristokrat му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Feline

    Feline Истакнат Член

    Зачленет на:
    18 февруари 2014
    Мислења:
    15
    Допаѓања:
    12
    Овие двајца ми имаат посебна хемија и не знам која замена би им била достојна. Еве сега читам на интернет некои можни интересни комбинации:
    Tom Hanks and Paul Dano
    Casey Affleck and Joaquin Phoenix
    Giancarlo Esposito and Christian Bale

    Sam Rockwell and Michael Fassbender

    Ова дефинитивно не може да се прогнозира. Останува да чекаме втора сезона.
    Инаку убиецот 99.91% се има појавено до сеа зашто остануваат уште две епизоди до крај. :franticКрајот ќе биде скроз тапа ако си во право. :nah
     
    #9 Feline, 24 февруари 2014
    Последна промена: 24 февруари 2014
  10. Ice_Man

    Ice_Man Староседелец

    Зачленет на:
    16 февруари 2012
    Мислења:
    440
    Допаѓања:
    236
    завршена ли е прва сезона ?
    инаку у втора ке има женски детектив
     

Сподели: