1. Еј...супер што го посетуваш Црнобело форумот. Слободно регистрирај се и приклучи ни се во дискусиите!

True Blood

Дискусија во форумот 'Серии и емисии' започната од Rodeo Tvrdo, 6 јули 2013.

  1. Rodeo Tvrdo

    Rodeo Tvrdo Активен Член

    Зачленет на:
    20 мај 2012
    Мислења:
    104
    Допаѓања:
    68
    Вистинска крв (True Blood) е американска телевизиска серија создадена и продуцирана од Алан Бол. Вистинска крв е базирана на серијалот романи Јужните вампирски мистерии од Шарлин Харис, и се занимава со заедничкото живеење на вампирите и луѓето, во измислено мало гратче во Лузијана, наречено Бон Темпс. Централна личност во серијалот е Суки Стакхаус (Ана Пакин), келнерка со телепатски способности, која работи во бар, која се вљубува во вампирот Бил Комптон (Стивен Мојер).
    [​IMG]
    [​IMG]

    Ја гледа некој серијава?
    Јас сум до 4-та сезона, серијата е супер, многу крв, секс и што уште не. :)
     
  2. Lena

    Lena Poétesse

    Зачленет на:
    12 октомври 2012
    Мислења:
    4,151
    Допаѓања:
    7,677
    Јас мислев за нашава True_Blood си отворил тема:)
     
    На Arkantos, Bum-Bum, The Tramp и уште 5 други им се допаѓа ова.
  3. True_Blood

    True_Blood Upright

    Зачленет на:
    18 февруари 2012
    Мислења:
    1,132
    Допаѓања:
    2,396
    Пааа, Lena како се зголемува бројот на моите фанови, можеби треба да се земе во предвид идејата за посебно катче за почитувачите на моите лик и дело :D:D

    Инаку, баш насловната песМа на серијата е инспирација за ников мој, ја слушав додека се зачленував...
    Ја гледам серијата, сега е во тек шеста сезона, ама како и секоја друга серија што ја влечат толку, така и оваа почнаа да ја сјебуваат, пардон мај френч.
    А, ветуваше.
    Крв, секс, адреналин, секс, дешавки, секс.... Имаше интересна приказна, за разлика од другите филмови и серии за вампири оваа некако позрело ми делуваше. Ко што реков, почнаа да ја упропастуваат со тоа што сакаат да направат сто сезони очигледно.
     
    На Arkantos, Rodeo Tvrdo и Lena им се допаѓа ова.
  4. Rodeo Tvrdo

    Rodeo Tvrdo Активен Член

    Зачленет на:
    20 мај 2012
    Мислења:
    104
    Допаѓања:
    68
    Ја моментално ја глеам четвртата сезона, до сега е Ок, секако дека си има некои недостатоци, малку лоша глума, како и секоја серија, али у принцип е Ок серија, според мене многу подобра и поинтересна од Vampire Diaries. :)
     
  5. Solstice

    Solstice Nujabes

    Зачленет на:
    28 август 2012
    Мислења:
    1,413
    Допаѓања:
    1,536
    Брам Стокер се превртуе у гроб од глупиве серии со мачо набилдани слабокрвни створења со изоштрени песјаци.
    Ќе почнам да гледам филмови за вампири тогаш кога уствари ќе ги направат страшни,и Холивуд ќе сфати дека недостигот на актерски способности НЕ се компензира со добри стомачни,цицни стомачни,четвртаста вилица и поглед ко да си им го убил кучето.
     
    На parvati и maarrkooo им се допаѓа ова.
  6. Outrider

    Outrider A Witty Cat
    Член на администрација

    Зачленет на:
    23 мај 2013
    Мислења:
    4,725
    Допаѓања:
    5,266

    Weird. За мртовци многу напалени ова вампириве...
     
  7. Аркантос

    Аркантос Romanticist

    Зачленет на:
    23 август 2012
    Мислења:
    2,353
    Допаѓања:
    3,846
    Долго време бев скептик за оваа серија, и не ја гледав.
    Пред одредено време реков... ајде да видиме...(бар да најдам нешто за тепање време дур не ми почне другата сезона од TVD) и морам да признам дека грешев.
    Серијата е многу добра. Само што ме иритираат забите на Суки, и нејзиниот акцент кога зборува. Ако прекинам да ја гледам, ќе прекинам ради Суки.
     
    На Rodeo Tvrdo му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Podem

    Podem Староседелец

    Зачленет на:
    15 февруари 2012
    Мислења:
    360
    Допаѓања:
    355
    Серијава ја завршив пред некое време, маратонски гледам серии,и воглавно интересна приказна ама лошо реализирана.Имаше и доста добри актери,актеришта подобро кажано, али како ликови во серијата беа стварно идиоти.На пример ликот на СУКИ најбаналното досадното глупавото суштество што се појави во серијата и се околу неа беше врзано.Па на крај испадна дури и самовила :facepalm2
    Премногу стереотипи околу серијата,глупави заплети и уште поглупави расплети,таман мислиш фатила еден ред, и тера цела сезона на крај последна епизода ќе сјебе се и ајде наново. Али чисто за ладење мозок и гледање нешто колку да врти на тв,добра е. Рејтингот и е голем на IMBD просечен рејтинг за оваа околу 5,ама валјда крева ради продукцијата,добри филмски ефекти добри актери итн.
     

Сподели: