The Killing

Хоуп*

Proton
4 април 2013
2,410
4,218
753
И конечно после толку непреспиени ноќи го дознав убиецот :zelen
Крајот на истрагата за убиството на Рози воопшто не ме разочара, напротив беше и над очекувањата, а очекувањата за серијава богами ми беа огромни.
Неочекуван, многу непредвидлив и доста емотивен крај, друго немам што да кажам, ретко сум гледала серии до крај, не ми задржале внимание или сум нашла подобри, а тоа што за недела дена изгледав триесетина епизоди ваљда нешто кажува за серијава.
Сега откако ги изгледав двете сезони можам да и дадам чиста 10ка!

Пошто бевме во заблуда на почеток за сезоните и колку сезони се обработува првото убиство:
Приказната за убиството за кое зборувам јас во воведот се завршува со крајот на втората сезона.
Трета сезона, нова приказна, поврзана со случајот што го истражувала Линден пред случајот со Рози, која ваљда исто така ќе има две сезони.

Во спојлерот е кратка содржина од трета сезона, не открива ништо битно освен воведот, но ете нека е во спојлер знам има и некој друг ко мене што не сака да чита ни воведи :D
Млада мајка била брутално убиена пред очите на својот син, а тој живеел денови до нејзиниот леш. Убиецот бил неговиот татко, случајот бил решен, а тој испратен на погубување. Во третата сезона се појавуваат убиства направени по идентичен начин како кај младата мајка, па почнува и новата истрага која доведува до сомнеж дека на столчето за погубување ќе застане погрешна личност?!
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: warr

Ghtalpo

Староседелец
27 февруари 2012
2,656
3,335
1,153

Претераа со истрагата,секој во серијата го направија осомничен.Ми остана уште последната епизода од втората сезона ама мислам дека со две три епизоди помалку ќе беше потаман.
 
Хоуп*

Proton
4 април 2013
2,410
4,218
753
Претераа со истрагата,секој во серијата го направија осомничен.Ми остана уште последната епизода од втората сезона ама мислам дека со две три епизоди помалку ќе беше потаман.
Да ти дадам контакт адреса од режисерот да се пожалиш? :D

Не знам што да ти кажам изгледај ја до крај без цело време да и бараш грешки и пропусти. Може тоа сега што ти изгледа како беспотребно е и те како потребно за да се стигне до крајната замисла. А може на крај е па и прашање на вкус. Мене ми се допаѓа се во серијава. Секој лик, секоја епизода, секој осомничен.
Еве третава сезона ти е помалце неизвесна и повеќе предвидлива ако ти е за тоа, ама сепак почекај.
Едит: може добивале многу вакви критики за тоа дека многу е развлечена истрагата, па затоа следното убиство го решиле во една сезона :D
 
MissChievous

Ingenious
17 февруари 2012
5,085
7,018
1,683
Huntington Beach, California
silence-all-i-want-to-say.tumblr.com
Ја изгледав првата сезона во последниве 2-3 дена, што значи дефинитивно ми се допаѓа серијава. Има некои ситници што ми се така малце досадни, ама ништо сташно. Најверојатно уште вечерва ќе и се фрлам и на втората сезона, само што ја спуштив. Едно прашање само: ќе сменат некад облека главниве двајца? :giggle
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Хоуп*

Хоуп*

Proton
4 април 2013
2,410
4,218
753
Ја изгледав првата сезона во последниве 2-3 дена, што значи дефинитивно ми се допаѓа серијава. Има некои ситници што ми се така малце досадни, ама ништо сташно. Најверојатно уште вечерва ќе и се фрлам и на втората сезона, само што ја спуштив. Едно прашање само: ќе сменат некад облека главниве двајца? :giggle
А не, тоа дуксерот на Holder е заштитен знак на серијата :D
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: MissChievous

MissChievous

Ingenious
17 февруари 2012
5,085
7,018
1,683
Huntington Beach, California
silence-all-i-want-to-say.tumblr.com
Доста добар крај имаше 2 сезона, особено последните 15-ина минути лично ми беа неочекувани. Мило ми е што посветени се цели 2 сезони на еден случај, дури помислив дека можеле да стават и крај на серијата. It was that good. Денес почнав 3 сезона & I gotta say: Holder cleans up well. :zelen
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Хоуп*

MissChievous

Ingenious
17 февруари 2012
5,085
7,018
1,683
Huntington Beach, California
silence-all-i-want-to-say.tumblr.com
Значи, П:cenzuraИ! Како можеле да ја укинат серијава? Ретко гледам криминални серии, ама оваа е ВРВ. Третата сезона ми беше најдобра. Интерсна добро заплеткана приказна, неразвлечена во 2 сезони како претходната, одлични ликови секој со свој посебен карактер, на моменти ме погодуваше. Ми се допадна ептен ликот на Булет. Исто така, интересно беше прикажан еден лик 2 недели пред неговото егзекутирање во затвор, што размислува, како се менува, итн. Леле ептен ми е криво што ја укинале...
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Хоуп*

Хоуп*

Proton
4 април 2013
2,410
4,218
753
Значи, П:cenzuraИ! Како можеле да ја укинат серијава? Ретко гледам криминални серии, ама оваа е ВРВ. Третата сезона ми беше најдобра. Интерсна добро заплеткана приказна, неразвлечена во 2 сезони како претходната, одлични ликови секој со свој посебен карактер, на моменти ме погодуваше. Ми се допадна ептен ликот на Булет. Исто така, интересно беше прикажан еден лик 2 недели пред неговото егзекутирање во затвор, што размислува, како се менува, итн. Леле ептен ми е криво што ја укинале...
Јас читав дека така направиле и после втората сезона, ја укинале па после ненадејно најавиле премиера на трета сезона и сега фановите очекувале истото да се деси и сега со четвртата.
Не можам да најдам точно кај читав...
Демек ставале и на инстаграм слики како се снима, па дај боже ќе видиме. И на почеток најавиле дека ќе има само 4 сезони, значи оваа ако ја има ќе биде последна дефинитивно. А сепак мислам дека ќе ја има.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: MissChievous

Парадокс

Нов член
1 април 2014
5
9
3
Јас како што разбрав Нетфликс ги откупиле правата за нова сезона па сега ќе видиме.
Инаку перфекција од серија. Во рок од 7 дена ги изгледав сите 3 сезони.
Првата и последната сезона ми оставиа најдобар впечаток.
Ми се допадна што е поразлична од сите криминалистички-полициски серии. Исто многу ми се допадна фактот што во првите две сезони семејството на жртвата е инволвирано во приказната. Да го доживееме целиот процес и од нивна страна, што мислам дека најмногу ме навлече на серијава, бидејки ретко кога во ваков тип на серии го гледаме дејствието од нивна страна.
Глумецот што го глуми татко и на Рози, мајке ми се утепав од плачење заедно со него.
Сите ликови доста реални, приземјени, не совршени, лесно да се соживееш со нив. Ми се допаѓа и тоа што е малце по споричка, а не да се решава еден случај во епизода-две.

Го има ли гледано некој оргиналот? Велат дека е дури подобар од Американскава верзија.

п.с. И заборавив да спомнам дека Линдон и Холден ми се најдобар детективски пар после Раст и Кол од Тру Детектив.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Хоуп*

Хоуп*

Proton
4 април 2013
2,410
4,218
753
Која епизода умре Булет? Колку епизоди пред крајот?