The Оriginals

Selma

Ingenious
15 февруари 2012
4,366
7,054
1,183
The originals е серија која ќе почне да се емитува од октомври годинава на CW tv, всушност серијава е spin-off од The Vampire Diaries. 20та епизода од The Vampire Diaries беше како пробна епизода за серијава.

The originals ќе биде серија за првите вампири, кои сега имаат закана од Марсел. Главни ликови ќе бидат Клаус, Елајца, Ребека, Хејли, Софи, Марсел...

The-Originals-promo-poster-the-originals-33795203-1280-1769.jpg

vampire-diaries-originals-poster__oPt.jpg

Што очекувате од серијава?
Ќе има ли успех како The Vampire diaries?
 
Ана-Каренина

Староседелец
25 февруари 2012
998
1,749
1,093
Со оглед на тоа што е доста опаднат квалитетот на TVD, сметам дека оваа серија ќе има успех. Очекувам акција а не некој глупав љубовен тријаголник и патетично девојче околку кое се врти цел свет.:rolleyes:
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Selma

Аркантос

Romanticist
23 август 2012
2,352
3,849
1,153

Пази малку кого вреѓаш ти :cenzura

Е, што сте се запнале сите Елена, Елена, Елена, не е крива Елена за тоа што стана досадна серијава.
Криви се овие што повторуваат едни исти работи. Во прва и втора сезона беа интересни затоа што имаа нови идеи непредвидливи работи, а сега третава и четвртава сезона се’ буквално се’ се повторуваше.
- Кога ја уби ја Џена, направија да останиме :eek: затоа што не очекувавме така брзо да се решат од неа. Со Аларик малку се предвидуваше, ама сепак беше пак силна емоција, али ова со Џереми. Дај не ме заебавајте... Или сега со Мет. Ебаму мајката овие прстени ги искористија како „скриено“ оружје и првиот пат кога Дејмон го уби Џереми, и кога тој таткото/чичко на Елена беше фрлен од балкон, и сега. Досадни станаа тие детали, а не стана досадна Елена.
Посебно не стана досадна за тие што се палиме на неа :svirka
А бога ми и Каролајн и Ребека не се досадни (wasntme)

Е сега за оваа новава серија. Искрено, ај лајк ит. Само да не ја затупат како со Вампирскиве дневници оти маф им е работата.
 
Ана-Каренина

Староседелец
25 февруари 2012
998
1,749
1,093
Како што кажав доста е опаднат квалитетот на серијат. Пред некој ден сакав да пишам дека го имаат уништено ликот на Дејмон, во првите две сезони беше бед бој со цинисам и сарказам во него, пополека во трета и четврта сезона го направија Стефан 2. А за Клаус немам зборови, па се знаеше самото име Клаус требаш да предизвикува страв и трепет кај други а не некоја глупава Бони ќе го затвора во четири ѕида а Керојалн мајтапи ќе си игра со него.(facepalm)
Мене Елена ми е досадна од трета сезона па навака, досаден е цел тој љубовен тријаголник. Не можам да го кажа, истото за Кетрин, според мене единствено нејзиниот лик не го имаат уништено.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Selma

steppenwolf

Староседелец
12 декември 2012
335
489
1,063
Скопје
ТВД е срање серија, ако судиме по квалитет на продукција, приказна, глума. Најобична тинејџ тралалајка. Но добра беше за тепање време, секој петок си го пуштав мозокот на пасење четириесетина минути. Сега и тоа се смени, го отупеа до максимум и последните три-четири епизоди не ги ни изгледав. Едноставно не се трпи веќе. Ја симнав само 4x20 колку да видам што е фората со новата серија и ја избришав после десетина минути.

Очекувам дека ќе ја прекинат по една сезона а се надевам дека петтата сезона на Вемпајр Дијареа ќе биде воедно и последна.
 
True_Blood

Upright
18 февруари 2012
1,133
2,389
1,133
Yellow submarine
Arkantos знаеш дека те обичам, ама научи се да прифатиш кога некој ќе каже критика за јадната, патетична, недефинирана, цмиздрачка, поборник за дождовните шуми Елена и ако веќе сакаш да го оспориш тоа, најди соодветен издржан аргумент, а не моментот дека се ложиш на неа, зашто е глупо и нема врска со нејзината патетика и очајност од улога.

Ќе се согласам со општата забелешка на сите погоре, дека серијава ( ТВД) ја направија права тралалајка.
Нема веќе возбуда, неизвесност, ликовите се претопуваат во крајности, па пак се враќаат на почеток...
Ако порано едвај чекав да дојде четврток, сега заборавам дека има нова епизода искочено.

А, новава серија се надевам, значи СЕ НАДЕВАМ, дека нема да биде тупаџиска, ќе има дешавки и најбитното Клаус ќе биде мадрфакер каков што и треба да биде!
 
Fiona

Староседелец
16 февруари 2012
17
17
603
Редовно ја следам TVD, иако и јас морам да се согласам дека четвртава сезона каша-попара ја направија.
Од друга страна, The Originals мислам дека има потенцијал. Нов град, нови ликови и многу поинтересни случувања.
Клаус отсекогаш го сакав како лик. Самата негова појава предизвикува страв и трепет, а да не збориме за акцентот.(wasntme)
Едино мислам дека ја зезнаа работата со бременава Хејли.
Навистина? Клаус татко? |-(
 
Аркантос

Romanticist
23 август 2012
2,352
3,849
1,153
Arkantos знаеш дека те обичам, ама научи се да прифатиш кога некој ќе каже критика за јадната, патетична, недефинирана, цмиздрачка, поборник за дождовните шуми Елена и ако веќе сакаш да го оспориш тоа, најди соодветен издржан аргумент, а не моментот дека се ложиш на неа, зашто е глупо и нема врска со нејзината патетика и очајност од улога.
Абе проблемот е што нема ни П од патетичност. Патетични се Бони, Стефан, Дејмон и сите што се како пијан за стап залепени за неа. Таа ги моли да престанат да се залагаат тие пак едно па исто.
Сега што убаво си беше без емоции, сите скокнаа да ја направат пак „старата“. И така е од сам почеток.
Од тоа пусто залагање на другите за нејзино добро, ги изгуби сите најмили, и секако дека е тажна и секаква каква што е.
Стварно, мене Елена ми нема П од патетичност. Наспроти Стефан и Дејмон...

Втора работа.
Глумицата добро ми ги одглумува сцените и ми се допаѓа.
Пример, сцената кога ја палеше куќата, навистина ме воодушеви.

И сега ако е глупаво пак ќе кажав... плус убава е и не можам да ја гледам како патетична :)
 
Ептен забегавме оф топик.
Болдираното: Што има врска живти младост убавината со патетиката???

И дај човече до пред да биде лоша ор самтинг, цмиздреше во секоја епизода по три пати, 15 мин од епизодата и беа посветени на нејзината цмиздрачка сесија, објаснувањето како она живот дава за Македонија, како не може да се носи со фактот дека има гладни во Етиопија нАли и тако даље...

И сега искрено мислам дека се совршен пар со Стефан, значи сродни души онака до јаја.
Дејмон е ту мач за неа.