1. Еј...супер што го посетуваш Црнобело форумот. Слободно регистрирај се и приклучи ни се во дискусиите!

Serie A & Coppa Italia, 2015/16

Дискусија во форумот 'Спорт' започната од Io Sono, 31 јули 2015.

  1. Хоуп*

    Хоуп* Proton
    Член на администрација

    Зачленет на:
    4 април 2013
    Мислења:
    2,414
    Допаѓања:
    4,232
    Милан - Фиорентина 2:0
    Милан -Карпи 2:1
    Рома-Милан 1:1
    Милан-Болоља 0:1
    Фросина и Милан 2:4

    Не знам од каде си ги собирал податоците, ама еве ги последните 5 кола и јас ако ме служи добро видот и сеќавањето, само една имаше со еден гол.
    Тебе секоја статистика ти е од ракав извадена, после ок згрешив, а и не се секирам многу за ова што го пишуваш пошто до вчера друго правеше муабет, утре пак ќе се премислиш.
    И друго, и 0:0 да играат секое коло десет сезони и ти секој ден да доаѓаш и да ми кажуваш дека е така, џабе.... Јас ти сум од оние фанови што и да ти ги објаснувам не можеш да ги разбереш :)
     
    На Io Sono му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Хоуп*

    Хоуп* Proton
    Член на администрација

    Зачленет на:
    4 април 2013
    Мислења:
    2,414
    Допаѓања:
    4,232
    Ќе ми кажеш кои се тие натпревари, кога биле и против кого ги изиграле?
    Или, да погодам не си ја гледал утакмицата до крај, тие 10 минути како си гледал било 0:0, 0:1 или 1:0 така?
     
  3. Altaïr

    Altaïr Shinigami

    Зачленет на:
    23 јули 2012
    Мислења:
    5,752
    Допаѓања:
    2,574
    Не ги гледам да, ако видам дека се влечат по терен тогаш не ги гледам. Не била само една утакмица на која Милан дал само еден гол, и тоа којзнае како го дале. Значи според мене Милан не е атрактивен тим, не игра убав фудбал, се вади на среќа и мртви противници. Добро некогаш признавам играле добро, ама не секогаш.
    Со Карпи се влечеа како црева, со Верона немаа среќа нели?
    Со Аталанта одиграа неверојатни 0:0, од Наполи примија 4 дома, изгубија дома од фаворитите Болоња со 0:1.
     
  4. Хоуп*

    Хоуп* Proton
    Член на администрација

    Зачленет на:
    4 април 2013
    Мислења:
    2,414
    Допаѓања:
    4,232
    Стварно немам живци да се расправам со тебе.
    Едно затоа што до вчера друго пишуваше, сега трето кажуваш, мислам дека една победа на Ливерпул те дигна во небо и сега од таму сите други клубови ти изгледаат мало и мизерно, а второ и најважно и сто пати ти имам кажано дека што сакаш можеш да мислиш за Милан, јас никогаш нема да го гледам со такви очи и последно и најбитно за да го запаметиш:има два вида на навивачи. Оние што сакаат тим само додека победува, кога игра ЛШ, кога ги толчи фаворитите, кога игра совршено, кога има совршен состав и тн, а кога губи го плукаат и вреѓаат и фанови што секако го сакаат и навиваат, без разлика на очајните неколку сезони, очајниот состав и игра. Затоа не се разбираме, зошто ти си едно мало патниче со мало куферче полно со нервоза и си патуваш од тим на тим и сега немам време морам да одам, ќе ти кажам утре нешто.
     
  5. Хоуп*

    Хоуп* Proton
    Член на администрација

    Зачленет на:
    4 април 2013
    Мислења:
    2,414
    Допаѓања:
    4,232
    Ах Милaн Милaн кoлку си дoсaден, сите утaкмици 0:0, 0:1, 1:0... Шaнсa никaквa, гoл пa ич, дoсaднo е дa ве гледaм, зaспaв нa резултaтoв, aх кaкo не си нaвивaм зa Луверпул ќе си гледaв гoлчињa сегa местo дa спијaм...
     
  6. Altaïr

    Altaïr Shinigami

    Зачленет на:
    23 јули 2012
    Мислења:
    5,752
    Допаѓања:
    2,574
    Па нели истренирани ти се живците, од кај сега дека немаш живци. :zelen

    Имаш право можеби, не сум за тука јас, онака почнав да гледам колку да се најдам во муабет и да се зборува нешто, ама изгледа не можам да се снајдам тука. Некои тимови ми се омилени, како Наполи заради тоа што Бенитез им беше тренер и сакам да ги гледам. Милан не сум го сакал, да го сакав ќе плачев во 2005, почнав да го гледам како што кажав, заради муабет. Имаш право пак, си патувам од еден до друг тим, ама за ниеден не навивам како за Ливерпул.
     
  7. Io Sono

    Io Sono Староседелец

    Зачленет на:
    27 јуни 2015
    Мислења:
    422
    Допаѓања:
    440
    Бод по бод...
     
  8. Io Sono

    Io Sono Староседелец

    Зачленет на:
    27 јуни 2015
    Мислења:
    422
    Допаѓања:
    440
    Туго, туго... :)
    Испадна на крај дека ја повеќе го поштуем Милан од овие такозвани Росонери. :)

    Искрено @Altaïr, мислам дека не си за тука (без навреда). Нити си фан на Серие А, нити си фан на Милан, а згора на се си единствен човек на кој Наполи му се омилени заради Бенитез, кој го исшутираа од таму експресно (како и од секој друг клуб во кој што стапнал последниве години). Најдобро е да си продолжиш да навиваш за Ливерпул, греота се одат сами.
     
    На Хоуп* му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Хоуп*

    Хоуп* Proton
    Член на администрација

    Зачленет на:
    4 април 2013
    Мислења:
    2,414
    Допаѓања:
    4,232
    Бод по бод шесто место.
    До после, после ќе биде стандард осмо.

    Ова со Алтаир е чудна работа, до вчера го сакав, сега не го сакам Милан, само да се најдам во муабет, сега го сакам Наполи. Извадил од 20 кола три утакмици со еден гол и решил дека му е досадна лигата. Ок, имаш уште најмалку три други атрактивни недосадни лиги што можеш да си ги гледаш. Не знам мене што ме малтретираш каков бил Милан. Исто како на мајка да и докажуваш дека детето и е глупаво.
    @Altaïr
    Е сега вака. Милан изгубил од Болоња 0:1 во гости. Ливерпул, дома изгубил од Њукасл 3:0, кој патем е 18ти на табелата. Ок, признавам дека поатрактивно е да изгубиш дома со три гола, него на гости со еден. :) Со Наполи, кои се во борба за прво место, Милан примил 4 гола. Ливерпул примил 4 гола од Норвич, кои се во борба за опстанок. Милан играл досадно, без голови. Од почеток на сезона до сега, Милан изиграл 10 утакмици без голови или само по еден гол. Ливерпул за истото време, такви ги изиграл 12. Слободно провери си.
    Кога сакаш да правиш споредби меѓу твојот и мојот клуб, и го вреѓаш мојот клуб а го величиш твојот, биди барем повеќе информиран, или барем побарај, истражи, прочитај нешто, имаш сега се достапно на нет. Друг пат да не се срамиш вака.
    До тогаш, се што ќе напишеш за лигата и за Милан е тресење глупости.
     
    На Io Sono му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Io Sono

    Io Sono Староседелец

    Зачленет на:
    27 јуни 2015
    Мислења:
    422
    Допаѓања:
    440
    А баш почна како романса, двајца луди млади се запознаваат на подфорум за фудбал, па за ист клуб навиваат, па следење утакмици, сеирење со интерашот... љубовна идила...

    И тогаш плот твист!!! Фраерот никогаш не бил за Милан, глумел манга само дека му се свиѓала цурата, и го скршил срцето разбираш...

    Е, тоа што ме плаши во овие boy meets girl холивудски приказни е што секогаш, ама секогаш, завршуваат со хепиенд... Следен плот твист секогаш изгледа вака:

    Фраерот уствари одувек бил за Милан ама имал commitment issues па решил да раскине... по некое време уште една несудена титула на Ливерпул оди по ѓаволите, тој ништо посебно не осеќа у врска со тоа, се сеќава на Росонерските денови и си вика: и тие и тие се лузери, ваму барем Хоуп ме лајкаше... па и праќа срцепарајуќа порака напишана врз стара слика од Кака, таа вика знаев, отсекогаш знаев дека не е толку глуп... се смируваат, се зимаат и си живеат среќно до крајот на животот. Интерашот им е кум на свадба и све то...

    Златен Глобус за копирано сценарио: Io Sono. :D
     
    На Хоуп* му/ѝ се допаѓа ова.

Сподели: