Second-hand облека

LadyInPink

Истакнат Член
14 февруари 2012
1,236
1,749
113
Малку таму, малку овде...
Second hand или половна облека е веќе користена облека која е дадена на продажба.
Низ светов има специјални продавници за ваква облека. Таа се продава по ниска цена и треба да биде неоштетена.
Колку што знам има(ше) и низ Скопје вакви продавници.
Дали сте купиле нешто половно?
Дали поседувате вакви парчиња облека?
Ако не сте купиле, дали некогаш би купиле нешто?
И зошто?
Само поради ниската цена или...?
Сепак, тие се носени парчиња облека којзнае од кого.
Па, како би се чувствувале да носите парче кое пред вас го носел којзнае кој?
 

Jericho

Староседелец
19 февруари 2012
355
465
1,063
Имаше на битпазар (мислам дека уште работи таа продавницата со германска роба), има се и сешто ама цените не беа баш ко за нешто носено. Како и да е и да видам примамлива цена, пак шубе би ми било да носам нешто што знам дека го носел некој. Знам дека се пере и дека и да имал кожни болести тој што го носел ќе се исчисти тоа, не можам. Особено не обувки тоа у никој случај. Па и за панталони, фармерки, маици не би се осудил да облечам туѓи. Можеби би размислил за нешто од горе што се носи, нешто како капут/јакна.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Bum-Bum

foREVer

Староседелец
20 март 2012
2,227
3,505
743
Не би облекла... Не ми е гајле за цената, кога ќе купам нешто сакам да знам дека е ново, дека е мое и толку. Не да се мислам кој го носел пред мене.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Luckky

Lady*

Староседелец
1 април 2012
1,965
6,158
1,133
Глупости живи иди у продавница и купи си како човек :D
 

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,518
1,183
Big Sur
Да знаете само колку облекава што ја купуваме овде е нова, сите би трчале во секонд хенд.
Од блиски извори знам ова. Колку само локални бутици набавуваат облека од Турски и Кинески секонд хенд продавници и ги продаваат ко нови, тоа е чудо. Па колку само продавачките и газдите на бутиците ги носат алиштата пред да ги стават на продажба...мизерии начисто.
Немам купувано, немам ни влезено во таква продавница, ни пак имам намера по нашиве да се млатам, ама на интернет од странство ако начекам добри и уникатни понуди, уште и да изгледа ко ново, не гледам зошто не би.
Бре, јас ќерката на Рокфелер, па ќе се шинам и честа ќе си ја погазам ако купам. Ма ич.
Инаку имаме и ние онлајн секонд хенд сајт, ама нашиве го сфатиле тоа ко онлајн бутик па купуваат нешто за 20 денари, а го продаваат 120 на интернет. Комедија народ сме.
 

Mila Kunis

Истакнат Член
15 февруари 2012
2,290
3,528
443
Скопје
Мислам дека уште постои таа на бит пазар, Хамбург се викаше ако не грешам...искрено,само што ќе поминеш покрај продавницата кога е отворена вратата ќе почуствуваш непријатна миризба,а не па да влезеш или уште пострашно да купиш нешто:eek
Никогаш не сум купила ништо second hand а и немам намера во ни иднина да купам колку и да е ниска цената.
 

Bum-Bum

Истакнат Член
3 март 2012
1,126
1,845
423
Еден досаден град
И јас не би купила....Искрено шубе ми е :/

Јас имав една познаничка што си купуваше од тамо...Еднаш бевме на кафе и носеше преубави балетанки и маичка...Ја прашав од каде и се и ми кажа од Second hand балетанките и се 60 денари и маичката 80......Ама стварно беа убави....Во моментот посакав да си купам ама брзо се предомилив :eek :)
 

4FUN

Староседелец
3 март 2012
897
1,988
1,093
колку што знам јас, тоа се бутици за социални случаеви... кој немаат финансиски средства , па ова им е одлична понуда ... за 200-300 денари можат да се "подноват" ...
неколку дена пред нова година прв пат влегов таму ...за 3000 ден ми ги наполнија кесите до врв со облека, облеката беше наменета за деца од едно премногу сиромашно семејство !
лично јас не би купил за мене облека носена, но не дај боже да паднам на тој степен ...тогаш подобро би купил носена ефтина облека, одколку никаква ...
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: melpomena and foREVer

melpomena

Енигма
3 март 2012
8,210
17,754
1,673
На сигурно
Се согласувам со форфан
се дур не стигнам на тој степен единствено од втора рака што би купила е можеби нешто од техника мада засега немам ни тоа купено или евентуално автомобил...за облека попрво би купила нешто поефтино и поскромно отколку нешто да чекам да начекам уникатно а половно;)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: 4FUN