R.I.P. Lemmy Kilmister

existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
Денес почина една од легендите на рок музиката. Роден како Иан Фрејзер Килмистер, 24-ти декември 1945 во Англија.
Својата музичка кариера ја започнал во раните шеести, свирел во некои мали локални бендови и нешто подоцна се приклучил во The Rockin' Vickers првиот британски бенд што дошол во тогашна Југославија.

Откако ги напуштил и направил мала пауза, се придружува на Hawkwind, но после некоја година го бркаат од бендот затоа што бил уапсен поради дрога. Го пуштиле поради тоа што немало за што да го држат (според тогашните закони на Канада) ама не се вратил во бендот. Со Леми е снимен и најголемиот хит на Hawkwind - Silver Machine (кој сака спејс-рок, нема да зажали да го слушне бендот).

Нешто подоцна се придружува на еден бенд наречени Bastard, ама откако менаџерот им кажал дека со такво име нема да догураат многу, Леми го менува името во она што сите го знаеме како Motörhead со кој што ја доживува својата слава и со кој останува до својот последен здив. Со Моторхед направи бројни хитови, албуми и концерти и стана икона. Неговото пеење не можеш да го погрешиш, со својот вокал кој едноставно се вклопува во музиката шири енергија која не може да те остави рамнодушен.

Почивај во мир.


 
Последна промена:
  • Ми се допаѓа
Реакции: Outrider and Saladin

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Ми текнува на ликов, која хаце појава (party)
Како особа која слуша песни а не бендови :rofl имам некои 7-8 песни од моторхед по мп-3 плејлистите што според мои стандарди ги прави сосема ок бенд.
Ит д рич омилена песна во секој случај, ја имам убиено од слушање порано, а не им беше лош каверот на Боже спаси краљицу од културно уметничкото друштво Сексуални пиштољи
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: existence

Solstice

Nujabes
28 август 2012
1,406
1,537
1,133
31
За човек како него, што живеел баш како што сакал, ова е одличен начин за заминување. Као, умре на 70 години, и тоа не од неговиот нездрав живот, туку од факинг рак! Легенда!
 

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Остануваат Иги Поп и Кит Ричардс пошто мрачниот косач не се осмелувал да ги земе на оној свет (party)
Би било фер од нивна страна да се стават на располагање на некој врвен медицински институт, да се проучи феноменот на останување жив после сите срања, неколку цистерни етанол и неколку метрички тони тешки дроги...