Prometheus

Marick14

Истакнат Член
17 февруари 2012
3,289
2,348
113
Софија
prometheus_616.jpg

Отидоа да го бараат нашиот почеток, но она што го открија може да биде нашиот крај. Вака гласи најавата на најновиот филм на извонредниот Ridley Scott, кој три декади по создавањето на Alien, одново има сличен адут да и понуди на филмската публика. "Prometheus" е научна фантастика со елементи на хорор и акција, напишана од Jon Spaihts и Damon Lindelof, и одлична актерска екипа задолжена за протагонистичките улоги.

175.jpg

Приказната е сместена во доцниот 21 век, и ги следи возбудливите доживувања на тим од научници кои со вселенскиот брод Прометеј ја истражуваат вонземската напредна цивилизација. Пронајдениот артефакт, кој им укажува дека Земјата и човекот имаат свои креатори, ги води на патување во потрага по потеклото на човештвото, по почетоците.

Возбудливото патување ги води до најтемните агли на универзумот. Она што тие не го очекуваат е сознанието за опасноста која се заканува да го уништи целото човештво. Во застрашувача битка, неверојатна војна на предизвици и издржливост, тие ќе се обидат да ја обезбедат иднината на човечката раса.

Noomi Rapace, Michael Fassbender, Guy Pearce, Idris Elba, Logan Marshall-Green и Charlize Theron, го сочинуваат тимот актери кои ќе не водат низ оваа вселенска епопеја. Снимањето започна во Март 2011 година, на локации во Канада, Англија, Исланд, Шпаниј и Шкотска, и беше реализирано исклучиво користејќи 3Д камери. Режисерот Скот најави дека потенцијалниот успех на ова филмско остварување ќе значи и повторно ангажирање на екипата за второ продолжение.

Официјалната премиера на Прометеус ќе се случи на 1 Јуни во Велика Британија, а една недела подоцна, на 8 јуни е закажана и премиерата на територијата на САД и Канада.

Еве го и трејлерот:

 

Marick14

Истакнат Член
17 февруари 2012
3,289
2,348
113
Софија
Би можел и во соседство да го гледам ако излезе премиерата пред нас. Едвај го чекам филмов.
 

Jackal

Староседелец
13 февруари 2012
2,045
2,641
1,143
30
Битола
Со нетрпение го чекам филмот и ако е лош то ке биди најголемото разочарување во живото....
 

Marick14

Истакнат Член
17 февруари 2012
3,289
2,348
113
Софија
Со нетрпение го чекам филмот и ако е лош то ке биди најголемото разочарување во живото....

Не ми се верува да е лош. Скот е еден од најдобрите режисери според мене, не ми се верува тој да направи грешка.
 

Marick14

Истакнат Член
17 февруари 2012
3,289
2,348
113
Софија
Кога излегува баба филмов :gladen

Па 1 Јуни излегува, како што пишав во првиот пост. Тогаш е официјалната премиера. А кај нас појма немам кога ќе биде. Јас ќе си фатам за Софија автобус. :D
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: ace_rot

The Tramp

Филмохолик
17 февруари 2012
3,368
4,941
1,173
Многу најавуван филм, дури и во едно списание е тема на месецот, се надевам нема да ме разочара. Очекувам интересна приказна и добра глума, па ќе видиме. Иначе браво за темата. (bravo)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: ace_rot

The Tramp

Филмохолик
17 февруари 2012
3,368
4,941
1,173
Па 1 Јуни излегува, како што пишав во првиот пост. Тогаш е официјалната премиера. А кај нас појма немам кога ќе биде. Јас ќе си фатам за Софија автобус. :D
Сега видов на 14 јуни е кај нас премиерата во кино Милениум, и тоа во 3D. :)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Marick14