Серијата започнува со дружбата на пет девојки - Спенсер, Хана, Ариа, Емили и Алисон. За време на една домашна забава, Алисон исчезнува и никој не може да ја пронајде. Една година подоцна, нејзиното тело е откриено, терајќи ги четирите преживеани девојки кои по нејзиното исчезнување изгубиле контакт, повторно да се соберат. Кратко пред да биде пронајдено телото на Алисон, четирите девојки добиваат порака од анонимна личност потпишана како “А“, кој/а ги знае и најдлабоките и најтемните тајни кои го поврзуваат исчезнувањето на Алисон. Тие продолжуваат да добиваат пораки дури и по нејзиниот погреб...