1. Еј...супер што го посетуваш Црнобело форумот. Слободно регистрирај се и приклучи ни се во дискусиите!

Premier League 2017/18 (FA Cup, Carabao cup, Championship)

Дискусија во форумот 'Спорт' започната од existence, 13 септември 2017.

?

Кој ќе освои титула?

  1. Манчестер Јунајтед

    12.5%
  2. Челси

    12.5%
  3. Ливерпул

    37.5%
  4. Манчестер Сити

    12.5%
  5. Арсенал

    25.0%
  6. Тотенхем

    0 глас(а)
    0.0%
  7. Некој друг, ќе наведам во одговор

    0 глас(а)
    0.0%
  1. Outrider

    Outrider A Witty Cat
    Член на администрација

    Зачленет на:
    23 мај 2013
    Мислења:
    4,703
    Допаѓања:
    5,239
    Добра финта е ова со Венгер аут trope на најрандом места :zelen
    Аман со тој Роџерс ццц, каков баксуз, после онаа бламажа со Зенит пред некој ден не знам дали е погоден за клуб како Арсенал, ама изгледа тоа е судбина, трите клуба кои најмногу ги ценам сите да бидат водени од ликот, нестварно нешто :eek:
    Артета може ќе излезе како арсеналовскиот Мојс (кој беше желба на Фергусон) :kafe Ама ок, нека поднаучи занает во Сити, којзнае...

    Како си редат порази ццц, после поразот од Брајтон останува уште од Милан да испаднат и официјално да се заокружи најлошата сезона откако го пратиме Арсенал :pusi

    Џака мора да е вонбрачен син на Венгер, нели имаше некои афери со љубавници, нема друго објаснување, не го седна на клупа ниту еднаш две сезони скоро, на сите фронтови го игра секоја минута, Вилшер требаше да се докажува со играње во ЛЕ и ЛК овој си има загарантирано место па макар и да сруши рекорди во грешки.

    Сендерос и Џуру фалат во оваа екипа:frantic а Чех последно време е послаб од Маноне и Алмунија :unsure
    Диаби да влезе со штаки на терен ќе биде покорисен од пола екипа.
     
  2. existence

    existence Boolean
    Член на администрација Админ

    Зачленет на:
    3 март 2012
    Мислења:
    7,391
    Допаѓања:
    9,098
    Џака и Ивоби, тоа се тие средњаци :cool:
    Сезонава, било не поновило се.
    Нешто се збори за нов голман од бундес да се донесе и да се спакуваат Чех и Оспина.
    Не е лесно да играш против два тима истовремено, и Брајтон и Хоув Албион.
     
    На Outrider му/ѝ се допаѓа ова.
  3. existence

    existence Boolean
    Член на администрација Админ

    Зачленет на:
    3 март 2012
    Мислења:
    7,391
    Допаѓања:
    9,098
    Сублиминални пораки на ЗОИ во ПјонгЧанг
    27858568_1725547867506952_2024577509097319756_n.jpg
     
    На Outrider му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Outrider

    Outrider A Witty Cat
    Член на администрација

    Зачленет на:
    23 мај 2013
    Мислења:
    4,703
    Допаѓања:
    5,239
    А тек против Рашден енд Дајмондс :frantic
    Денес чудно, седнувам и си викам сега ќе продолжат со мизериите и следи 6-ти пораз по ред, кога тоа Др.Џекил верзијата во прво полувреме, скизото проработе пак, совршено одиграно, фрчат акции, Ремзи, Велбек, Михтаријан везат, 0-2 и можеше да биде 0-5, една пречка, 3 пати спаси тој младиот голман што им е...второто одработување на задачата, две повреди задна ложа нажалост и досаднички 45 минути, штета што не продолжија со исто темпо ќе беше сигурно најтежок пораз на Милан на нивни терен во еуро-купови, ептен лагана победа некако, тотално надмоќни...но така беше и со тие швеѓаните во гости за да во Лондон биде бламажа и за малку прокоцкаа предност од прв меч, така да можна е верзијата на Мр.Хајд во реванш, ајде ваљда извлекле поука :confused:
    Оспина имаше два сериозни кикса, среќа не беа казнети.
     
    На existence му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Outrider

    Outrider A Witty Cat
    Член на администрација

    Зачленет на:
    23 мај 2013
    Мислења:
    4,703
    Допаѓања:
    5,239
    Чех одбрани пенал, и тоа чудо се случи :kafe
    Михтаријан засега се покажува сосема добро, над очекувањата, и покрај тоа што се чуваа за ЛЕ доволно беа ок за да го прегазат Вотфорд и да му избегаат на Барнли и Лестер во битката за 6.место :p

    Ливерпул повторно оштетен, два пенали и еден црвен картон не беа досудени, грозоморната игра на Мурињо веројатно ќе му обезбеди второ место.
    Во моментов најодвратен клуб во Англија е М.Ј. Се отекоа во виткање и лежење за да задржат време :facepalm2
     
    На existence му/ѝ се допаѓа ова.
  6. existence

    existence Boolean
    Член на администрација Админ

    Зачленет на:
    3 март 2012
    Мислења:
    7,391
    Допаѓања:
    9,098
    И тоа баш против Трој Дини кој после претходната утакмица кога Арсенал изгуби од нив со пенал во последна минута излезе на тв и кажуваше дека Арсенал немаат кохонес за да играат против Вотфорд. Колку само му пееја на Трој, hey Troy what's the score, hey Troy. Ама ова е сега сосем друг Арсенал, растеретен од притисок, речиси недостижно четврто место и останативе утакмици ќе бидат за разигрување и бустање самодоверба која што и те како ја изгубија после овие катастрофални 6 месеци. На истата утакмица поставени и неколку јубилеи, 1000-ти гол (тој на Мустафи), Озил постави рекорд за најбрзо до 50 асистенции, Микитаријан прв гол во дресот на Арсенал, Чех прв пенал одбранет во Арсенал и секако јубилеен 200-ти клин шит што го чекаше од декември. И враќајќи се два месеци наназад овој зимски трансфер период не излезе така лошо за Венгер и за Арсенал. Се отарасија од Санчез кој што продолжува да тоне во Јунајтед, а дојдоа Мики и Обамејанг кои покажуваат дека уште ги држи енергијата од Дортмунд кога играа заедно.
    Тоа со Милан беше скроз неочекувано, не верувам да имаше некој фан оптимист после дебаклот од Сити х2, Брајтон, Остершунд. Па после тоа и ги средија Вотфорд и Трој Дини и тоа две утакмици без примен гол за оваа одбрана е ко да дошол Сол Кембел да ги затепал и да им каже како се игра одбрана :rofl

    Во меѓувреме Тотнам не издржаа против Јувентус и тоа е искуството што го носи со себе таква екипа наспроти младинците на Почетино. Убава лекција им одржаа среде Вембли, Алегри го прочита ко буквар овој Почетино. Синоќа и Јунајтед не ги догледав ама Бен Једер ги средил за 5 минути. Мурињо е тежок дебил што на двомеч е задоволен со 0-0 во гости и потоа планира дома да затвара игра и да чека контри. Монтела кој што од Милан беше шитнат како кеса за ѓубре, со Севиља го утепа Мурињо на Олд Трафорд. Ако и годинава не го мавнат тој канцер од Англија ондак стварно и не заслужуваат да имаат подобар фудбал. Вечерва Челси со Барселона и утре Арсенал со Милан, две интересни утакмици кои ќе имаат големо влијание врз рејтингот на англискиот фудбал во Европските натпреварувања.

    Патем вчера после поразот, Мурињо давал нешто интервју и зборел дека веќе два пати бил на ова место.
     
    На Outrider му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Outrider

    Outrider A Witty Cat
    Член на администрација

    Зачленет на:
    23 мај 2013
    Мислења:
    4,703
    Допаѓања:
    5,239
    Повторно како со швеѓаните во прво полувреме, среќа имаа со непостоечкиот пенал и со бизарниот гол на Џака :unsure сега зависи од жребот, Борусија и Лион испаднале...
    Мурињо каков имбецил, бранел 0-0 :patos тажен беше денот кога го довлечкаа пак во ПЛ, од Челзи го истерале играчите го бојкотирале како последна пачавра кога беа таму околу зона за испаѓање, да видиме дали и во М.Ј. ќе се деси нешто слично...
     
  8. Struggler

    Struggler Староседелец

    Зачленет на:
    19 јануари 2013
    Мислења:
    1,751
    Допаѓања:
    1,001
    Mourinho out, droma vekje mesec dena unazad.
     
  9. Outrider

    Outrider A Witty Cat
    Член на администрација

    Зачленет на:
    23 мај 2013
    Мислења:
    4,703
    Допаѓања:
    5,239
    Пауза за репрезентативни пријателски, meh...уствари не е meh него дебилана :mad:
     
  10. existence

    existence Boolean
    Член на администрација Админ

    Зачленет на:
    3 март 2012
    Мислења:
    7,391
    Допаѓања:
    9,098
    Алелуја заврши тоа досадната пауза.
    Ливерпул пресврт против Кристал, Салах поставува рекорди. Ма да требаше Мане да си добие црвен картон за тоа што си ја собра топката и тоа во ситуација кога можеа да шутираат од шеснаесетник. Убава игра пружаа Палас, се надевам нема да излезат. ВБА се сигурни за ЧемпионШип другиве висат некако. Сезонава повеќе борба има за опстанок отколку за титула :zelen
     
    На Outrider му/ѝ се допаѓа ова.

Сподели: